Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да си кажам иако мислам ќе ме дигнете во воздух сеа :smir:

Не ми е јасно кај мислите дека згрешија синоќа? На почеток повеќе даваа Манчестер а откако тоа се реши нормално во Мадрид се префрлија па што очекувавте? Таму беше неизвесно.

За синокќа ми сметаше тоа што немаа осет за кога да се префрла и 2-3 пати на сред интересна акција овие префрлаат. Али тоа е до коментаторот.

Сепак според мене комбиниран пренос е супер можност. Само не е баш потребен кога има само два натпревара. Во групи ќе е во елемент ваквиот начин на пренос. Може на едната да оди дербито а на другата споредна утакмица + да одат кај ќе падне гол. Или на пример ваква комбинација во последно коло да направат кого ќе се решава по групи.

Она што многу ми смета е што врска немаат кога прават избор на натпревари - среќа во 1/8 финале нема што да бираат и што имаат ултра пристрасни коментатори. Ебате кога коментираш и избираш преноси не може навивачки... И фала Богу јас немам ваков проблем ама и јас разбрав дека 5+ нема низ цела Македонија што е секако тапа и колку што го разбрав Филе тоа е причината за комбиниран пренос кога има само два натпревари.

Со сите нивни мани (а ги имаат и од време на време и мене ми кинат нерви) сепак се измислени за МТВ и се првите кои комуницираат со фановите и прифаќаат сугестии и мислења. Со комбинираниот сигурно сакаа да им угодат на сите али ко по обичај таква опција не постои...

Среќа синоќа исходот беше таков така да тој систем испадна позитивен, но доколку милан и манчестер беа во тесна трка тогаш ќе беше голем проблем. Како неутрален гледач може да е ок но ако си навивач во тој случај тогаш нерви ќе се кинат. Вчера мене како неутрален гледач ми одговараше.

Сепак како што кажа исто и некои претходно комбиниран пренос е добар кога има натпревари по групи т.е. повеќе натпревари.
 
Дечки, дечки...полека, бреее се нервирате до 101 и назад...вањада имаме божје право да направиме и ние експеримент? колку што вие вака реагирате , помножено со 10 реагираат позитивно...ама тоа не е финтата.
Идејата ни беше да провериме нешто програмски, и да видиме како да се поставиме за наредната сезона
Ни јас не сум најсреќен со оваа опција, ама ќе корегираме
Без негативна енергија!
 
Ај сеа коа си тука да искористам прилика и пак да прашам...Најавувавте Champions League classic matches,ќе има нешто вакво до крајот на оваа сезона или ништо од тоа?
 
Океј е сето тоа, само во 1/8 финалните дуели не требаше да има простор за такво нешто. Ете имавте натпревари во Лига Европа и групна фаза од ЛШ, тогаш имаше погоден простор за експерименти...но ете помина и сами увидовте дека има негативен контекст кон гледачите.:smir:
 
На вестите сега кажаа дека завршницата на ЛШ на Канал 5 ќе се дава во HD ексклузивно за корисниците на МаксТВ кои можат да гледаат во ваква резолуција!
 
Ова вчера беше каша-попара КАТАСТРОФА
 
Ај сеа коа си тука да искористам прилика и пак да прашам...Најавувавте Champions League classic matches,ќе има нешто вакво до крајот на оваа сезона или ништо од тоа?

Епа ај коа сме веќе тука - покрај класици кои би оделе во празни периоди зашто не давате следниот ден снимка од двата натпревари на 5+ (или барем од едниот - оној кој сега веќе знаете бил поинтересен)? Онака на раат да може да си ги изгледаме следниот ден :toe:

Речи им на тие таму нека жртвуваат една репрзина епизода од Росалинда преку ден во корист на сите студенти и ученици овде што би ги гледале тие репризи :helou:
 
Барем да даваја на една од двете телевизии еден натпревар од 19.00ч.:tapp:
 
Глупост е што вчера го направија оној комбиниран пренос иако беше најавено пред утакмиците дека на Пет Плус ќе биде Реал а на Пет Манчестер Милан... мене не ми значеше тоа баш ама како секој навивач знам дека ако се натокмите да си гледате и ви даваат по 2 мин ... гадно е и иритирачки ... ветиле не за друго :toe:
 
Сега и во 1/4 финале нервози ќе јадеме, фала му на бога што во полуфинале се игра една утакмица во вторник, една утакмица во среда, инаку ќе го јадевме ние гледачите дебело.

И да прашам, дали ќе се пренесува ждрепката на 19ти?
 
И да не се пренесува ваљда ќе има на Еуроспорт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom