Епа гледам сум пишала на темава, ама морам да се надополнам зошто летово открив некои 100 % ЕФИКАСНИ методи со кои за ала-минута исчезнува депресијата...So, here we goooo:
1. Возење на трактор, ама во приколка одзади и со што поголемо друштво, толку поинтересно! Никако на рамни и мазни патишта а во град не доаѓа во предвид, значи обидете се да најдете некој простор за движење меѓу козјо патче и селски пат и возбудата е во правопропорционален однос со бројот на камењата на патот! Се препорачува присуство на личности од обата пола, за да се здобиете со податоци од тоа каква болка на гениталиите му предизвикува вожњата on the back seat of the tractor секому :nesvest: (нормално, тоа откако ќе заврши лудата вожња, бидејќи додека трае нема да можете да се соземете од смеење :wink

Методата е испробана;
2. Возење на балерината (се наоѓа по некоја во луна парковите, а ви ја препорачувам од се срце таа што е во Велес СЕГА :helou

Што да се каже? Мој совет - седнете од десна страна и не пуштајте луѓе со секаков глас до вас (ушните тапанчиња треба да ве служат уште многу години потоа :uvo

Методата беше од една клиентка опишана како
оргазмична;
3. Возење со старо фиќо кое кај што не е регистрирано и има преголем број на патници, па и возачот не знае да вози (жената де :baeh

Сепак обидете се да ја избегнете сезоната на правење на македонскиот кавијар, бидејќи тогаш нели не секоја гаража е слободна за паркирање. Море ниедна не е слободна, шо се лажеме не знам

Методата е испробана од страна на мои блиски доверливи личности, на чело со Ивана - Атаназија, па во случај да не ви ја излечи депресијата или пак да предизвика некои телесни повреди на вашиот физикус, рекламација - кај нив;
4. И за крај четвртата метода која во тмурните периоди би можела да ви украде по некоја насмевка на лицето е: ТДДДДДДМ...ТДДДДМ....!!!Молзењееее краваааааа! Методата не е испробана, ама ми звучи многу интересно :smeshko:
Затоа драги мои, ставете и крај на депресијата со користење на сите оние забавни активности кои ги нуди програмата на вашето место на живеење, а ако и тоа не успее...тогаш...Абе нема шанса да не успее! :salut: