Вие сите сте мрднати :nesvest::wink:
Депресија е тежок збор, а сите други испади на пубертетско нерасположение, трескање од земја за да се добие внимание или пак негативни мисли и плачење се пролазни. Депресивните се на психијатрија, а кога сите вие потпишани на темава би го сфатил тоа како сериозна болест не верувам дека повторно би се декларирале така.
Значи, депресијата е состојба на намалено расположение, проследено со безволност и безиницијативност. Болниот се чувствува тажен, без волја за живот, апетит и го обземаат депресивни налудничави идеи како:
-инхилистички: кога негира постоење на одредени органи, индивидуалност и слично;
-идеи на грешност и самообвинување: се обвинува за сопствената или туѓата болест, за општествени катастрофи и сл.;
-хипохондриски: кога личноста се смета за болна од неизлечива болест, дека ќе умре;
-идеи на сиромаштво: кога смета дека се му е пропаднато и неможе да се прехрани;
-суицидални идеи: идеи за самоубиство
Се пронаоѓате???:nenene:
Останете ми живи, здрави и весели
Уживајте во младоста и сета убавина која ја носи. :helou: