Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Последните 2 претстави што ги гледав се - Грев или Шприцер (Драмски) и Кандид (Југословенско Драмско Позориште - Белград).

Ќе почнам со Грев или Шприцер. Имајќи во предвид дека ја имам гледано старата верзија (и во живо и повеќе пати на ДВД) можам да повлечам некои праралели:

- Најпрво сценографски изведбите максимално се разликуваат - старата е со цела пропратна сценографија, посебна за секоја сцена - а новата е тотално минималистичка - има само една голема бела плоча и таа е и маса, и подуим, и се останато. Мене лично повеќе ми се допадна старата сценографија, бидејќи ефективно визуелно ја објаснува сцената, не би ли требал да тумачиш каде се наоѓааат (диско, дома, дом)
- Улогите - Крсто Шприцер дефинитивно повеќе му стои на покојниот Ненад Стојановски; Цвета подеднакво добро ја глумат и Силвија и Биљана; Беба дефинитивно подобро ја глуми Јана (Ана ќе ја гледам во следна можност) бидејќи е баш шмизлеста ; Џанго е супер и во двете изведби, но поновивов (Мартин) ми остави супер впечаток; Поштарот - Ванчо Петрушевски дефинитивно поубаво го претставуваше (како ноторна пијаница) иако и новиов си има свои моменти;
-Една работа која можам да ја приметам е дека новава верзија е доста поразводнета, со многу повеќе смешни моменти, што само по себе е ок, но (според мене) не е ок за претстава од калибарот на оваа. Сепак е мелодрама.
-Фин момент е на крајот кога на ѕид кој го доспуштаат на fast rewind ја проектираат старата верзија на претставата, убав детал.

Кандид - неможам да ја коментирам толку описно како претходната, башка што бев во 12 ред, но еве го моите мислења:
-Никола Ѓуричко е навистина феноменален во улогата на малдиот Кандид, има енергија која што ретко кој друг глумец кој што сум го гледал ја има (на пример и Ристановски е феноменален глумец но е некако посериозен, овој е по down to earth);
- Никола Симич кога излезе на сцена moonwalking со звонарки публиката падна во делириум - толку многу години а толкав елан;
- Останатите глмци одлично си ја извршија својата работа, никој особено не искокнуваше;
- Наташа Тапушковиќ беше под моите очекувања со оглед дека се има добро покажано во повеќе филмови;
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
"4.48 Психоза" (МНТ) - Потребно е пред да ја гледате претставата да се информирате околу писателката (Сара Кејн) и околу ова дело. Доста тежок и длабок текст, кој како што е напишан може да биде игран и од 1 и од 50 актери.

Сценската изведба е непосредна, полна со младешка енергија и многу интересна за гледање. Дефинитивно ја препорачувам!
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Бесови“ во МНТ во режија на Златко Славенски. Претставата е работена според романот „Бесови“/„Демони“ на Достоевски и драматурскиот текст од Албер Ками.
Најмногу ми се допадна глумата на Јолевски и Јовановски кои ги играа двата најголеми негативци и нихилисти- Николај Ставрогин и Верховенски.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Вчера бев на „Ромео и Џулиета“ и не успеав убаво да ја доживеам, ниту да слушнам дел од текстот од разгалени детишта од средно кои дошле мислејќи дека се на кафе, па уста не затвараа.

Да ти се одмили театар од недоквакани имбецили.

Инаку, интересно е поставена преку преклоп на модерно и старо време и глумците глумат одлично.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
29
Поени од реакции
11
Јас последно ја гледав Крвта не е вода во Драмски и тоа по 4-ти пат :D Не се работи за класична претстава со некое дејство, заплети-расплети и сл. ама е страшно смешна и интересна и најверојатно ќе ја гледам пак :) Сите глумци се закон значи :)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Прееска бев на премиерата на ""Housesitters" во Театра. Одлична комедија со талентирани глумци. Топло ја препорачувам на секого. Картата е 200 ден, а за контакт www.theatra.org
 
P

PewDiePie

Гостин
Дали некој ја има или знае каде може да ја најдам Диво Месо во театарска изведба,би му бил вечно благодарен.
П.С. Еве мало освежување.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
Светски ден на театарот било денес, т.е вчера..
Бев на „Бледица“. Семејна драма. Прилично тешка со некои горчливо-смешни моменти.
Глумата ме запрепасти. Утре сум резервиран такоџе за „Таа“, најмногу ради друштво. :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Хамлет во Драмски. Ремек-дело.
Идната недела планирам да одам на комедијата „За секого има по една“ од Венко Андоновски. (y)
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
пред некој саат „Лет во место“ во Битола.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Кутрите мали хрчки, пред скоро десет години.
Театарот и концертот се атавизми во уметноста кои ќе изумрат.
 
B

babsyy

Гостин
Скоро ја гледав ,,Сребрена свадба'', а последна која ми остави позитивен впечаток беше 4.48 Психоза, иако ретко гледам претстави со помалку актери. Оваа би ја гледала уште неколкупати макар и да го гледам на сцена само Никола Ацески, за мене позитивно изненадување од помладите актери на македонската театарска сцена. Патем, ќе оди некој на ,,Архелаос" задутре? :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom