- Член од
- 25 август 2019
- Мислења
- 265
- Поени од реакции
- 501
Прашање: Дали уште се игра "Ах љубов моја" во Театар Комедија? Пред 5-6 години се играше, главна улога Нина Деан. Секое инфо е велк`м.
Не. Ја гледав пред година две мислам и од тогаш не ја даваат врќе. Најверојатно слаба заинтересираност.Прашање: Дали уште се игра "Ах љубов моја" во Театар Комедија? Пред 5-6 години се играше, главна улога Нина Деан. Секое инфо е велк`м.
Ја најавија ама не ја прикачија од МНТ поради наводни технички проблеми маме им ебем.П.С дали може да се гледа некаде онлајн Мајсторот и Маргарита? Знам како дел од карантинските мотивации многу претстави идеа на јутуб. Многу пати ја испуштив но сега и книгата ја прочитав и сакам да ја изгледам.
Сега ја отворив темата, Мајсторот и Маргарита ја има на јутуб во изведва на Битолскиот театар, одлична е!Тетовирани Души по Горан Стефановски
Си земав фиксот, бев премногу среќен што повторно бев под тоа театарско светло, во тоа познато столче и иако беше surreal атмосфера со седење со маски и протоколи, сам во два метра квадратни ненамерно се создаде интимна атмосфера присуствувајќи максимум 30тина луѓе што за нас беше фантастично, како цела претстава да е специјално за тебе но претпоставувам не толку за тимот без голем фидбек и аплаузи. Инаку се работи за студент кој патува за Америка со стипендија да истражува за социолошкиот импакт врз нашите иселеници таму, допирајќи прашања за националниот идентитет но и личниот, рушејќи ги сите свои идеали кога дознава за неговите корени. Прикажување дека паричката рѓосува и од двете страни исмевајќи се со сите стереотипи што ги имаме за иселениците но и тие за нас и колку се кршливи некои идеи и небитни некои борби. Фантастично одглумена, но за жал завршува на тажна нота и може да си идеш избедиран, што лично многу не ми е по кејф за чувство после претстава но не можам да го занемарам навистина моќниот монолог и крај и да завршам со пофални зборови и препорака.
4/5
П.С дали може да се гледа некаде онлајн Мајсторот и Маргарита? Знам како дел од карантинските мотивации многу претстави идеа на јутуб. Многу пати ја испуштив но сега и книгата ја прочитав и сакам да ја изгледам.