Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
„Каминот“, текст на Маргарет Минков.




Извадок од текстот:

ИРИС: Најужасното нешто на овој свет, е тоа дека сè наликува на нешто друго. За сè што се случило пред твоите очи можеш да кажеш: Ова ми личи на... било што! И најубавата случка ти помага да се сетиш на нешто. И најнавредливиот збор како веќе да си го чул.

(Хенри кимнува)

Хенри, ние не ја познаваме смртта, а замисли си, еден ден кога таа ќе ти се случи, можеби ќе си речеш: „Па ова сосема наликува на раѓање!“

(Хенри кимнува)


Театар на апсурдот. Брачен пар, во потрага по сопствениот идентитет и суштината на живеењето. Мешавина од алегории, метафори, метафизички дијалози и реплики. Суштински прашања. Секоја реченица, секој здив, секое чувство имаше тежина и бараше максимална фокусираност и концентрација. Смеа, солзи и катарза!

Една од најдобрите претстави што некогаш сум ги гледала.
Надокнадувам полека.. вчера ја гледав. :3

Ме разнесе, толку немам уживано одамна, совршена, интимна претстава. Не толку дијалозите и репликите колку што успееа актерите да ги доловат. Спуштам капа!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Надокнадувам полека.. вчера ја гледав. :3

Ме разнесе, толку немам уживано одамна, совршена, интимна претстава. Не толку дијалозите и репликите колку што успееа актерите да ги доловат. Спуштам капа!
Скратена е сега на саат ипол. Премиерно траеше над 2 часа. Ама чим впечатоците се исти :cuc:.
 
Член од
30 март 2008
Мислења
146
Поени од реакции
121
Не се клади на енглези.

Класична комедија. Обична приказна. Фина да си се посмееш малку :)
 

joy_vanity66

S kyu maho
Член од
6 април 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
По „Вечната куќа“, која беше извонредна, отидов да ја гледам „Свадбата на Фигаро, а сега на 28ми ќе одам на “Стјуардеси’
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
,,Чија си" пред месец дена и поише мислам. Одлична траги-комедија ....го опишува животот на младите во едно маало во ѓорче за време на југославија и смртта на тито...фактички и тогаш се создава и самата песна чија си
Важно си поминав преубаво ,многу опуштено ,таа атмосфера со еден збор незаборавно беше зашто одамна не сум бил а планирам и почесто да идам.. :)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.379
Поени од реакции
3.391
Изгубени Германци во Народен театар
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Подемот и падот на кабарето во МНТ.
Не беше нешто нај-нај. Првиот дел кој е временски сместен за време на падот на Бастилја ми беше ОК.вториот и третиот дел кои се релативно кратки имам чувство како да ги направиле колку да ги има.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
"Борење со мечка" од Австралиско-Македонски театар од Сиднеј :facepalm:

Која бљувотина од претстава, не може ни да се нарече претстава, се собрале иселенициве, наместиле 5 столици, саксија со цвеќе I SLIKA OD GOTSETA DELCHEV на сцена и прават детски муабет. Човече толку простотилук и малограѓанство немам ни видено на театар досега, ни прочитано во некоја книга. Глумата си е приказна сама за себе. Прва претстава на која сум заминал пред крајот, издржав само пола саат. Мене срам ме фати од глупостите што ги тресеа. Па уште и на постерите пишуваше дека е најгледана македонска претстава во Австралија :pos:, ама имајќи го во предвид фаланга менталитетот на нашинците, ништо чудно да се имаат отепано од смеење таму. Ако има некој од другите градови од Македонија што планира да ја гледа претставава, одма кинење на влезниците и трошење на времето на многу попродуктивни работи.

Морав да го пишам ова уште вечерва, за останатите претстави од фестивалот што ги гледав ќе напишам поопширно по завршувањето.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Хеда Габлер - Битолски Театар
Психолошка драма, но лесно сварлива и разбирлива, со одлична сценографија и осветлување. Иако имаше условно речено тешки дијалози, воопшто не ме измори. Ликот на Хеда одлично беше изглумен, Марјан Ѓорѓиевски исто така одлично изглуми, на мое изненадување. Ми се допадна и изборот на музика.

Вечната куќа - МНТ
За разлика од цела македонска јавност, јас не бев посебно воодушевен од претставата. Дали дека наменски е пишувана, дали дека имаше премногу патриотизам за мој вкус, не знам. Се чувствував како да сум појден само да видам што има да понуди сцената во МНТ,а попратно и да ми се набилдаат патриотските чувства. За глумата на Искра немам зборови, не можам да сфатам како може еден човек да глуми онака и 4 часа емоционално да се внесе 110% во улогата, ми дојде и мене да заплачам кога слезе од сцената и беше на 5 метри од мене.

Хамлет во пикантен сос - Театар Комедија
Просечна накај добра комедија, ништо wow, но сепак доволно интересна за да те заинтересира и да не ги осетиш двата часа. Хамлет ми се допадна најмногу, се чувствував како да го гледам Ричмонд од The IT Crowd, најверојатно Атанас има и од него црпено инспирација, а и неверојатно слични ми се со Ноел Филдинг.

Не се клади на Енглези
Одлична комедија, со исто така одлична актерска екипа. Кад порастем бичу кенгур пута три. Саат и пол без ниедна промена на сцената, тројца луѓе те држат во непрестајна состојба на смеа, емпатија и соживување со секој од ликовите. Иако во неофицијална програма, според мене една од најдобрите претстави на фестивалот.

Каминот - Струмички театар
Прекрасна и доста длабока. Лично ќе треба да го прочитам текстот минимум два пати за да можам целосно да ја разберам. Многу пати застанував со следењето на претставата за да можам добро да преработам делче од текстот. Се играше на мала сцена што допринесе за поголемо зближување со публиката. Глумците беа навистина одлични, перфектно си ја сработија задачата.

1984 - Струмички театар
Прва претстава што ја имам гледано, а е работена според роман, а не драмски текст. Доста храбар и ризичен потег, а колку успешен, сеуште не можам да пресудам. На моменти се разочарував, на моменти бев воодушевен. Книгата има премногу нарација и поради тоа многу големи делови од книгата беа скокани и немаше доволно поврзаност меѓу сцените што предизвика 75% од публиката , што воедно претпоставувам и ја немаше прочитано книгата, да си замине порано. Навистина се разочарав од тоа и ми беше криво поради тоа што актерите одлично изглумија, а само поради самата природа на претставата не добија доволно признание. Јас ја имам прочитано книгата 2 пати и воопшто не ми беше тешко да следам, дури и понекогаш ја знаев точната реплика што следува, но за некој што воопшто не е запознат со светот на Орвел можам да претпоставам колку била конфузна претставата. Особено ми се допадна изведбата на О'Брајан. Сценографијата беше навистина добра, а исто така и костумите. @turvior го забележав дека присуствуваше, па ако не го мрзи нека напише и тој свое мислење :).

Многу ми е криво што не бев во можност да ја гледам Крал Лир од велешкиот театар, а Швејк ја имам гледано претходно и очекувам да ја добие главната награда за претстава, а Искра Ветерова ќе ја земе наградата за женска улога 10000%.
 
Член од
29 април 2014
Мислења
21
Поени од реакции
44

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.379
Поени од реакции
3.391
Изгубени Германци во Народен театар :)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.127
The Taming of the Shrew од Шекспир. Во Брно, на манифестацијата летно прославување на Шекспир. Се одигра во замокот Шпилберк, под отворено небо со убава сцена. Прекрасно беше чувството. Малку ми беше тешко да разбирам, зашто на чешки, но имаше нешто посебно во доживувањето. Целосно полно беше, а сите молчат и ја пратат драмата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: OIU

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Многу врева за ништо (Театар комедија) - Шекспир, Битола Шекспир фестивал.
 

OIU

Член од
21 декември 2012
Мислења
124
Поени од реакции
261
Без Лир од Руски театар на Шекспир фестивал Битола, како и Сината птица во МНТ:)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
Oтело.

Имаше shock value, т.е добро акцентиран. Ми се допадна претставата. Мада не им го разбирав битолскиот на дечките на почеток.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom