Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
не знам зошто одат сега луѓево толку во театар кога актериве се многу лоши. и на хамлет кога бев имаше вулгарности, актерите си го газат човечкото достоинство (јадење земја), перверзии...овие одлики не се на театарот како поим. не знам колку се размислиле режисерите и актерите околу нивните претстави или да се потрудат малку да се вратат назад во времето и да го расчистат поимот што е театар?

Amaн бе, стварно до толку?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
не знам зошто одат сега луѓево толку во театар кога актериве се многу лоши. и на хамлет кога бев имаше вулгарности, актерите си го газат човечкото достоинство (јадење земја), перверзии...овие одлики не се на театарот како поим. не знам колку се размислиле режисерите и актерите околу нивните претстави или да се потрудат малку да се вратат назад во времето и да го расчистат поимот што е театар?
Чекај, затоа што имало вулгарности и актерите јадат земја значи дека актерите си го газат достоинството а режисерите треба да расчистат со поимот што е тоа театар? :pos: :pos: :pos: :pos2: :pos2: :pos2:

Малечок, легни пред да се повредиш, те молам. И, додека лежиш, плати на некој образован возрасен чичко да ти објасни некои работи за театрот како поим, а кога е веќе таму и да ти влепи пар заушки, за да н галамиш по форуми...
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
без коментар!

F

Frankie Yale

Гостин
Последна? Најверојатно Убавицата и Ѕверот. Кога имав 5-6 години. Воопшто не одам во театар а во последно време ни во кино.
200гб интернет...
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
само што се вратив од претставата „Хамлет“ и можам да кажам дека беше катастрофа!!! толку долни и непријатни сцени не очекував. почетокот беше најава за се останато. се појавуваат пиштол голи мажи, а потоа жената е претставена како нешто најгадното што постои. имаше малолетнички што седеа до нас и се „кикотеа“ со ококорени очи коа маживе беа соблечени, а после тоа нормално муабетење до крај. и моето прашање е: што сакаа глумците и режисерот да направат со оваа претстава? ако мислат да привлекуваат публика на таков начин, тогаш според мене нека се откажат од „актерството“ и нека отворат по некоја пиљара или нека преминат во порно индустријата во америка.

јас не знам тој што го глумеше хамлет и тие што се соблекоа, дали се запрашуваат со какви очи после тоа нашиве ќе ги гледаат??? сеа некој ќе каже дека вака се размислува пошо кај нас владее „малограѓанштина“ ама одете во другите земји и ќе погледнете пристојни и културно обработени претстави. а јас (и сите што бевме заедно) се почуствував одвратно, непријатно, ми побудија долни чуства што веќе во иднина се запрашувам дали ќе отидам во театар. ако сакаат да се соблекуваат така нашиве „актери“ (ги ставам во наводници пошо се имаше во претставата само не глума) нека идат у америка и нека снимаат порничи!!! доста го тупат. па згора на тоа и претставава имала не знам колку награди освоено!? дрн-дрн јариња и големите-јајца со тие награди ако се чуствувам одвратно!!!

Во Хамлет (патем, фала што ми го уништи почетокот со спојлерот, ти го читав постот пред да ја гледам претставата) голото тело симболизира чистота, невиност. И Дејан Лилиќ глуми феноменално во претставата.
Друго не ми се допадна кај Хамлет. Претставата трае од 8 до 11:30. При крајот на претставата почнува да се банализира, има непотребни дијалози и одолговечување на дејството.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
девојка ми ја гледала истата претстава и во лондон само не со нашиов театар (нормално) туку со тамошниот, англиски театар. во претставата немало такви перверзии. зарем нашиве направиле подобро дело отколку сами англичани од каде потекнува и шекспир!? :nesvest:

Се што е во една претстава е таму со причина. Ако има моменти каде што се гадиш од нешто, тоа е зошто таков ефект треба да се постигне. Еве за пример ќе го земам Хамлет. Едно е кога само ќе се каже дека мајка му се земала за чичко му, тоа на секој му изгледа премногу апстрактно зошто го доживува само на когнитивно ниво. Ама кога ќе се претстави сето тоа како на претставата ти се згадуваш од ситуацијата, од нив двајца, и можеби примети дека е направено повеќе да се згадиш од кралот од колку од кралицата. Сето тоа е намерно така направено.
Освен на почетокот на Хамлет, тоа беше така убаво претставено, што не изгледаше на порно воопшто, немаше никаква сексуална конотација, тоа сигурно е до тебе и твоите другари.
И искрено гајле ми е каква била претставата во Лондон ниту ти ниту ја ја имаме гледано. Ја ја имам гледано оваа кај нас, ми се бендиса и за неа зборувам.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
10 начини како да ја убиете жена ви и зошто.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
јас ти го пренесов само коментарот на некој што ги гледал и двете претстави. ако ти си убедена дека претставата била ТОП!, тогаш тоа си е твој вкус. мојот вкус е поинаков и на тие што бевме заедно да ја гледаме.

е мене искрено и не ми е гајле за разлика од тебе како ја направиле другите затоа што тоа се коментари на гледачите, а не оценки од стручни лица.

а токму за вкусови се дебатира. :smir:

Се што е во една претстава е таму со причина. Ако има моменти каде што се гадиш од нешто, тоа е зошто таков ефект треба да се постигне. Еве за пример ќе го земам Хамлет. Едно е кога само ќе се каже дека мајка му се земала за чичко му, тоа на секој му изгледа премногу апстрактно зошто го доживува само на когнитивно ниво. Ама кога ќе се претстави сето тоа како на претставата ти се згадуваш од ситуацијата, од нив двајца, и можеби примети дека е направено повеќе да се згадиш од кралот од колку од кралицата. Сето тоа е намерно така направено.
Освен на почетокот на Хамлет, тоа беше така убаво претставено, што не изгледаше на порно воопшто, немаше никаква сексуална конотација, тоа сигурно е до тебе и твоите другари.
И искрено гајле ми е каква била претставата во Лондон ниту ти ниту ја ја имаме гледано. Ја ја имам гледано оваа кај нас, ми се бендиса и за неа зборувам.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Со последната поставка на Хамлет се достигна ново дно во нашиот театар. Прво, на пиштоли во Хамлет не им е местото (тука мислам не само на пиштолите како оружје, туку и на другата работа)! Треба многу големо покритие (естетско, суштинско, професионално) за да оправдаш таква голотија на сцена, а во случајов тоа не беше постигнато. После, редица работи што го прават Хамлет Хамлет беа испуштени од претставата (точно, текстот е долг, и тоа со причина, читајте Елиот зошто, и по дефиниција треба да се крати, ама се знае што се крати а што не!), што покажува колку не го познаваат Шекспир.

А за Дејан Лилиќ дека добро глумел, не можам да се согласам. Не може дечкото да се носи со таква монументална улога, нема таков капацитет - сетете се на Мето Јовановски и на Ѓорѓи Јолевски како наши поранешни Хамлети кои поставија стандарди! И така, наместо Хамлет да не’ пречисти и интелектуално да не’ подигне, тој само не’ дозбуни, и ни ги сардиса сетилата на најгруб можен начини... невкусно, навистина невкусно!
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
На Слепи Птици.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Буре барут пред 5 години :uvo:
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Вагинални монолози,во саботата и можам да кажам - феноменална е ... Ме насмеа ,ме растажи,ме воодушеви, се пронајдов себеси во еден од монолозите,ме направи да се чувствувам погорда што сум девојка,а и глумиците иако беа аматерки ,глумеа скоро совршено. Извонредно прикажана целокупната женственост ,преку едноставни подеми и падови на вагината.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom