„Подземна комедија“, текст на Христо Бојчев.
„Која е цената на животот? Или, уште подобро, која е неговата вредност? Дали може да биде измерена, дефинирана, пресметана? Дали самиот факт што сме живи значи и дека живееме? И на крајот на краиштата, дали е тоа воопшто важно? Сè додека се чувствуваме живи, ние тоа и сме.
„Подземна комедија“ е претстава за разликата помеѓу животот и живеењето, помеѓу цената на животот и неговата вистинска вредност која ја сфаќаме дури кога ќе се најдеме пред смртта ... или после неа. Тоа е претстава за егзистенцијалните дилеми на еден човек кој погледнува на својот живот од позиција на смртта. И сето тоа проткаено со специфичен „балкански“ хумор кој се граничи со апсурд, како и со еден бескраен оптимизам кој ја потврдува човечката вредност и сила и допира до суштината на неговото постоење“.
(Деан Дамјановски, режисер на претставата)