- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.379
- Поени од реакции
- 8.983
Слушнав дека МНТ правеле проблеми за студенти за бесплатните влезници, има вистина во ова или? Знам дека Театар комедија не прават никакви проблеми за влезници...
Колеги ми кажаа дека им терале инат за некоја претстава. Јас не знам, со индекс никогаш не сум вадел карти.Пре би театар Комедија праел проблеми пред МНТ. Што проблеми праеле од МНТ баш ме занима?
П.с. Да не бидам оф, последно ја погледнав Ах, љубов моја во режија на Коле Ангеловски. Интересно претставиче, не е на нивото на Стјуардеси, ама добра е. Александар Микиќ одлично одигра.
Анастас или Атанас ми иде на живци. Премногу се обидува да биде Сашко Коцев.![]()
како им терале инат бе, друже?Колеги ми кажаа дека им терале инат за некоја претстава. Јас не знам, со индекс никогаш не сум вадел карти.
Ќе дадат ли влезници со индекс за четврток (19.11) за „Мајсторот и Маргарита“?
Да, посебно ако си чест посетител на кладилнициДобра претстава е Не се клади на енглези?
Ждрело обавезно, вреди за сите пари и повеќеПоследно гледана Хамлет во пикантен сос на т. Комедија. Сквернавење на Шекспир и неговата светиња Хамлет. Полоша претстава у живот немам гледано. Да не сте се лажеле да си арчите парите на оваа глупост.
Туку ме занима ако може некој да ми предложи која од претставите што играат во Драмски е добра?
Ждрело, Живот во тесни чевли, Безљубни, Чолак, Љубовници, Капетанот Пиплфокс, Еригон, Човекот кој го изеде светот.
Вака по насловот ниедна не ми е привлечна, а нејќам да си дадам пари за лоша претстава.![]()
Зошто треба од школо да организираат, и вака ти е само 150 денари карта, а рачунај не одиш со тајфа од 200 луѓе и гледаш на раат претстава.Мајсторот и Маргарита, синоќа и одлична претстава. Брзо поминати 4 саати. Треба вака почесто од училиште да се организираат групни одења на театар.