Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Вртелешка исто така...Се разочарав.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Дарја да не ми ја чепка никој, јасно?! :love:


Дури се свежи спомените една рекапитулација од минатава недела.

-Мртви уши, изиграна од студентите од трета година на ФДУ. Интересен текст, главната хероина одлично осмислена и напишана, играта на студентите исто така одлична, Долорес стандард одлична, исто и плавиот буцко ме бендиса.

-Последната ноќ од Битолски театар. Тешка претстава, тмурна, но добро изглумена, реквизитите и сценографијата иако минимални, беа добри и on spot.

-Животот е магичен круг, студенти од прва година при ЕСРА. Цело време се трудев да ја разберам поентата на претставата во целост и не успеав. Покасно дознав дека всушност самите студенти го напишале текстот(кој патем е составен од многу неповрзани приказни, монолози и песни).Децата изглумија страшно добро што навистина ме изненади, (имајќи го во предвид факултетот на кој студираат, имав ниски очекувања) но очигледно Мето и Магдалена одлично ги подготвиле. Ми се издвоија минимум 3-4 деца кои дефинитивно ќе станат врвни актери.

-Централ Парк - Запад, од театар 007. Приказна на Вуди Ален, прељуби, растурени бракови, ниски страсти....имаше доволен број на смешни моменти, сите актери беа добри, сценографијата топ.

-Парламентарки од Охридски театар. Текстот случајно го прочитав пред неколку месеци и ми се допадна, но Охриѓаниве одлучиле да направат сосема нова претстава, сместена во денешно време во Македонија и во неа да си играат мајтап со целата политичка ситуација, нешто налик на Хихирику. Добра замисла, добро изглумена, ама некако неисполнет ја напуштив салата, иако одредени сцени ме насмеаа до солзи. Не ми беше тоа-тоа, очекував да го гледам оригиналниот текст. Shout-out за пародијата на Јелена Жугиќ и типот што ја глумеше. :aplauz:.

Пред фестивалов ги изгледав Обѕрни се го гнев и Хамлет од Горно Дупени, двете од Прилепскиот театар. И двете ме восхитија и како текст и како сценска претстава, мајсторски напишани, одличен кастинг, совршено изиграни.


П.С. Ако одите во театар, најпрво читнете нешто за претставата и текстот, видете дали се соодветни за вашата возраст или возраста на вашите придружници(девојче од околу 8-9 години ја следеше Парламентарки, кој има превулгарен текст и вибратори на сцена), удрете еден туш и малку дезодоранс пред да излезете од дома, исклучете ги мобилните, а не да се правите дека не го слушате соопштението пред почетокот и не коментирајте си за себеси или со друштвото доколку претставата не е комедија што предизвикува бурно смеење во цела сала. Фала многу.
 
Член од
6 јули 2016
Мислења
8
Поени од реакции
8
Не се клади на Енглези во МНТ со Сашко Коцев,Александар Микиќ и Оливер. Јака претстава, многу смешки и многу јака порака на крајот од претставата...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Мурлин Мунро, после некое време конечно на претстава, ја бев испуштил кога идеше премиерно.
Предобро одглумена, ме потсети зошто обожавам да одам на театар.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Немам гледано многу претстави (околу 10) и немам некој критериум, ама Мајсторот и маргарита е нешто феноменално. Задолжително да ја гледате кога ќе почне да се игра пак.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Човекот кој не знаеше да каже не

Прилично жива претстава, визуелно предобра, брза, никад не престана нешто да се дешава.
Физички захтевна, алал да им е на дечките, битолска/прилепска во копродукција со фкт Ристо Шишков.

Разговори во четири очи

Оваа премногу ми се допадна, пишана од Ингмар Бергман. Во тој стил, антиклиматична, интимна и одлично одглумена

Најјак момент у театар: влага пар и се мислат кај да седнат, и овај и вика сакаш на прв ред да се осетиме ко 3д?
Мислам дека закаснеа со почнувањето оти чекаа да престанам да се смеам
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
@wot
Кај ја гледаше првата претстава? Срамота, не сум разбрал дека воопшто постоела изведбава, а од 2015та е :facepalm:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Довидување деца

Хрватска претстава од млади дечки, со премногу референци од Мадона до Елвис, споени текстови од филмовите на Tarantino i Jean-Luc Godard без некоја конкретна наратива. Можеби би му се допаднала на @grande-juve, не знам. :D

Мечка

Од Чехов. Освои главна награда за најдобра. Монодрама со трио џез музика. На почетокот ме нервираше класифицирајќи ја како жикина династија хумор со физичкиот хумор на Џои од Френдс одглумено со шизофреничен стар чичко кој никој од фамилијата не сака да го чува бидејќи ствара потешкотија да го гледаш како функционира, train of thought, у спавача цел испотен... ама каков само аплауз доби, излегов од претставата преполн со некоја позитивна енергија, расположен... Предобро одглумена и совршено синхронизирана со музиката. Алал. Приказната: после починатиот маж, жената одбива да ја напушти куќата, а доаѓа друг на кој мажот му дужел пари. И тој исто така одбива да ја напушти куќата се додека не ги добие, во меѓувреме водејќи кавга со жената, колку се жените неверни, манипулативни и слично на крај да се заљуби во неа.


Нирвана

Бугарска претстава за бугарските Ромео и Јулија, среќа добив некој бекграунд од надежен режисер :D пред да ја гледам па имав некој контекст околу ликовите, иако сама по себе исто толку ќе ми се допаднеше. Јазичната бариера не ми ги намали впечатоците и актерите ме впијаа во таа една тензична ноќ. Доби за најдобра женска улога и морам да кажам заслужено, плус девојката беше совршена а и не штетеше голото газе под театарското светло. :love:

Ирмена Чичикова :love::love::love::love::love::love:
 
B

Blade Torch

Гостин
Рангирајте ми три претстави во драмски кои мораат да се гледаат според Вас.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Прекината Одисеја, задолжителна театарска лектира. Одамна немало нешто така сериозно добро на сцена.

Соработка помеѓу НУ Македонски народен театар и Театар „Хелена Модежејевска“ од Полска. Приказна за Егзодусот, страдањата на децата бегалци и нивните копнежи по родната Македонија. Очите ми се насолзија, можеби и поради сентименталната поврзаност со оваа тема. Приказна која можеби многу порано требаше да се раскаже на овој начин, но никогаш не е доцна и драго им е што се сетиле да прикажат една животна вистина, за никогаш да не се заборави.

Актерите со куп емоции, во големата сала на „Антон Панов“, Струмица добија повеќеминутен воодушевувачки аплауз.
 
B

Blade Torch

Гостин
Не се клади на Енглези во МНТ со Сашко Коцев,Александар Микиќ и Оливер. Јака претстава, многу смешки и многу јака порака на крајот од претставата...
Да се надоврзам само со неколку прашања. На евентот на фб пишува дека претставата трае 1час и 20минути. Толку е кратка?
И не ми е јасно, игра на 18ти (ВТОРНИК) , а цена на билет е 300денари? Нели секој вторник на пола цена ќе беа билетите во МНТ?
 
Член од
6 јули 2016
Мислења
8
Поени од реакции
8
Да се надоврзам само со неколку прашања. На евентот на фб пишува дека претставата трае 1час и 20минути. Толку е кратка?
И не ми е јасно, игра на 18ти (ВТОРНИК) , а цена на билет е 300денари? Нели секој вторник на пола цена ќе беа билетите во МНТ?
Колку што знам за оваа претстава попустот не важи. Да картата е 300 ден. Претставата трае отприлика саат ипол до два најмногу.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Само што ја гледав Чолак во Драмски. Одлична. Така не сум се смеел од Стјуардеси. Синиша Евтимов - одличен режисер, како го адаптирал текстов само. И сите актери феноменални. Игор Стојчевски многу не го сакам, а Сашо Тасевски органски не го поднасам, али како ги изглумија ликовите секоја чест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom