Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
21 март 2015
Мислења
3
Поени од реакции
3
Последна ја гледав "Свадбата на Фигаро"...
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Подемот и падот на кабарето. Ништо посебно, очекував поинтересна да биде.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.911
Интересна тема .Ме интересира како се движат цените на картите во МНТ и Драмски.И дали овие од турскиот театар прават претстави на Македонски јазик ?
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Многу е активна групава бе
Од март нема дискусија , мизерија...

Последна претстава што ја гледав е „Стјуардеси“ на 2от Фестивал на комедијата „Гола Месечина“ во организација на Театар Комедија и сум крајно разочарана
Луѓево се потепаа во март по карти као била смешна си викам којзнае што е - тоа ништо посебно. Еден заплет и цело време исто дејствие (пробување да се сокријат стјуардесите една од друга)
Крајно неиновативно и здодевно 2 часа моткање со 3 4 исти фаци на иста сцена
Само, секој чест за актеров Тино, стварно ја оживува улогата![DOUBLEPOST=1435066522][/DOUBLEPOST]
Интересна тема .Ме интересира како се движат цените на картите во МНТ и Драмски.И дали овие од турскиот театар прават претстави на Македонски јазик ?
Да, има само зависи која претстава ќе одлучат да ја прават
Некоја е само на албански некоја на албански и турски а некоја и на турски албански и македонски
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.869
Вујко Вања ја иам гледано последна, а едни на поинтересните кои шо сум бил беа Важно е да се викаш Ернест и Многу врева за ништо у театар комедија, а највеќе ме разочара Електра, најтапа претстава, никакви дијалози, убиства, експлицитни сцени, not my cup of tea
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
што ќе има дискусија кога не идеме у театар секој ден, упм. Нема претстави бесплатно на торент, па да си симнеме и да дискутираме, а и ова со студентскиве карти само гледат како да направат да нема претстава у четврток.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Добра е Последните Македонци на Драмски. Ми летна времето.

Некој да не ја гледал Спанаќ со пржени компири (помфрит) од Велешкиот, да кажи што чудо е? :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Ни ќар ни зијан

Обично скокам премиери, гужви, карти... ама ете

Социјална драма со хумор на кој знаат ќе има фидбек. Мене ми фалеше целина, поента, порака... (n)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Мега спектаклот „Мајсторот и Маргарита" во МНТ
Во овој сценски спектакл се инволвирани актерите од ансамблот на Македонскиот народен театар, актери од неколку театри во Македонија како и соработници од Италија и Русија

Во Македонскиот народен театар во рамките на новата репертоарска програма привршуваат подготовките на мега спектаклот „Мајсторот и Маргарита" од рускиот автор Михаил Булгаков, во режија на Иван Поповски, кој во последните 27 години од својот живот работи и твори низ театрите во руската претстолнина.

Тој е воедно и еден од основачите на познатиот руски театар „Пјотор Фоменко" во Москва, како и амбасадор за култура на Р. Македонија во Русија.

Во овој сценски спектакл се инволвирани актерите од ансамблот на Македонскиот народен театар, актери од неколку театри во Македонија како и соработници од Италија и Русија.
http://mnt.mk/events/category/претстави/
Ќе се игра и во четврток 19.11.
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
3.136
Кирил и Методиј, who are you? - Јордан Плевнеш

Eлектра - Андриј Жолдак

разочаран ...
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
3.136
Од која и зошто?
Од двете.
Во првата ради голотијата, 1/3 од публиката замина кога девојката си ја погажа пеперутката меѓу нозе. Исто така и во сцената во која актерките меѓусебно се караат кој имал поголеми мадиња, додека актерите стојат со алатот во рака.
Во втората повторно монотоност, еротски и контраверзни сцени, музиката трештеше од сите страни, песни како на мајтап бирани, пред паузата дел од публиката замина, после паузата салата беше полупразна. Ма да и очекував од Жолдак такво нешто.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
А има негде репертоар од МНТ, или само една претстава ќе играат месецов? :tapp:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
А има негде репертоар од МНТ, или само една претстава ќе играат месецов? :tapp:
Имаат гости театри месецов, едвај чекам со нов репертоар, се надевам Мајсторот и маргарита е конечно спремна :sneaky:

едит: 17, 18 и 19 ноември е Мајсторот!
 
Последно уредено:

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
Парите се отепувачка во модернизиран стил пред месец дена... Малце идејата околу тој модерен стил не беше на место али сепак тематика и она главното се долови во драмата(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom