Вака, јас немам ништо против ти или некој друг да си купи iPhone, уствари голем противник сум на луѓето што мене некогаш ми пререкуваат за парите кои ги трошам на хардвер, ставот ми е дека секој треба да си го купи тоа за кое што истиот има мерак.
Е сега, бидејќи неретко некои фанови на одредени продукти (не е битно дали е Apple или нешто друго) знаат да замараат со тоа како нивните продукти се супериорни, и слично, а знаеме дека ништо не е совршено се осеќам "обврзан" да одговорам и дадам контра аргумент.
Прво викавте дека iOS е многу стабилен и тоа е предноста во споредба со Андроид, за да добиете апдејт кој ја расипува фуникционалноста на сензорот за отисок, а воедно телефоните станаа скоро бескорисни за јавување - т.е. сервисите за истото. Притоа, некој ден подоцна, катастрофалниот апдејт беше повлечен, и за првпат во историјата им беше дозволено на корисниците да се вратат на постара верзија, да толку беше лош апдејтот за "најстабилниот оперативен систем во светот"
После викавате дека iPhone-те, имаат најдобра изработка од сите телефони, т.е. квалитет, оп кога ќе видиш на луѓето кои истите ги носеле во преден џеб, почнале да им се виткаат, па сега се иде на тоа дека тие биле криви што немале футрола, или што ги ставле во преден џеб, пази наместо телефонот да се приспособува на луѓето, мора ние спрема него, тоа е тој совршен Apple дизјан!
После викавте дека спецификациите се ништо, и дека iPhone-те, работат побрзо и пореспонсивно од багосаниот Андроид, кој лагира, сецка итн, крашува, за сега да ме цитира оној Daniel Vogel, со пази молимте реченица од типот на " Споредуваш квад кор со дуал кор, 2GB vs 1GB (нели доста беше 1GB?) и пак iPhone-от во некои тестови е побрз" (во видеото каде Iphone 6 e наспроти 1 година стар телефон, кој чини 300 евра, а iPhone 1000) и згора на тоа во видеото Nexus 5 не користи Android L и ART рантајм, да беше тој ром, ќе беше двојно поголема разлика!
После викавте, дека над 4' телефоните се цигли, и дека таквите телефони се непрактични, како и тотална глупост, за сега да исфрлите 5.5' цигла, која нагло е најдоброто нешто некогаш креирано, совршенство!?
На крај, кога ќе излезе iPhone 6s ќе се фалите како истиот има 1.5/2GB рам и како веќе нема за што да ве замараме, а заборавате дека претходно викавте, дека 1GB рам е повеќе од доволно, и дека кај iOS нема потреба од повеќе рам ?
Треба да се свестите, дека од 2011, па навака, Apple го брка Android за да го стигне, иако претходно беше обратно....
Е тоа е за жал, животот на еден типичен Apple фанбој, Стив се превртува во гроб
LOL добар виц.