iPhone 6 и iPhone 6 Plus

Дали ќе премините на iphone 6

  • Да

    Гласови: 8 15,7%
  • Не

    Гласови: 43 84,3%

  • Вкупно гласачи
    51
  • Гласањето е завршено на .

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Само во чуство во рака, металното тело.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Иам едно прашање до андроид фанс , дали можи да ми наведите телефон со андроид едно 3-4 години стар шо работи мазно (без кастом ром)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Само што ќе ја ставав сликата...лол човече какво тролање хахаха...:pos:

GALAXY !!! :pipi:
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
Никој не ви рече да платите 900 евра . Почекајте во t mobile ќе си го купите за 500 евра . Шо се палите толку не сте стрпливи ?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.540
Поени од реакции
29.107
Вака, јас немам ништо против ти или некој друг да си купи iPhone, уствари голем противник сум на луѓето што мене некогаш ми пререкуваат за парите кои ги трошам на хардвер, ставот ми е дека секој треба да си го купи тоа за кое што истиот има мерак.

Е сега, бидејќи неретко некои фанови на одредени продукти (не е битно дали е Apple или нешто друго) знаат да замараат со тоа како нивните продукти се супериорни, и слично, а знаеме дека ништо не е совршено се осеќам "обврзан" да одговорам и дадам контра аргумент.

Прво викавте дека iOS е многу стабилен и тоа е предноста во споредба со Андроид, за да добиете апдејт кој ја расипува фуникционалноста на сензорот за отисок, а воедно телефоните станаа скоро бескорисни за јавување - т.е. сервисите за истото. Притоа, некој ден подоцна, катастрофалниот апдејт беше повлечен, и за првпат во историјата им беше дозволено на корисниците да се вратат на постара верзија, да толку беше лош апдејтот за "најстабилниот оперативен систем во светот" :icon_lol:

После викавате дека iPhone-те, имаат најдобра изработка од сите телефони, т.е. квалитет, оп кога ќе видиш на луѓето кои истите ги носеле во преден џеб, почнале да им се виткаат, па сега се иде на тоа дека тие биле криви што немале футрола, или што ги ставле во преден џеб, пази наместо телефонот да се приспособува на луѓето, мора ние спрема него, тоа е тој совршен Apple дизјан! :icon_lol:

После викавте дека спецификациите се ништо, и дека iPhone-те, работат побрзо и пореспонсивно од багосаниот Андроид, кој лагира, сецка итн, крашува, за сега да ме цитира оној Daniel Vogel, со пази молимте реченица од типот на " Споредуваш квад кор со дуал кор, 2GB vs 1GB (нели доста беше 1GB?) и пак iPhone-от во некои тестови е побрз" (во видеото каде Iphone 6 e наспроти 1 година стар телефон, кој чини 300 евра, а iPhone 1000) и згора на тоа во видеото Nexus 5 не користи Android L и ART рантајм, да беше тој ром, ќе беше двојно поголема разлика!

После викавте, дека над 4' телефоните се цигли, и дека таквите телефони се непрактични, како и тотална глупост, за сега да исфрлите 5.5' цигла, која нагло е најдоброто нешто некогаш креирано, совршенство!? :facepalm:

На крај, кога ќе излезе iPhone 6s ќе се фалите како истиот има 1.5/2GB рам и како веќе нема за што да ве замараме, а заборавате дека претходно викавте, дека 1GB рам е повеќе од доволно, и дека кај iOS нема потреба од повеќе рам ? :(

Треба да се свестите, дека од 2011, па навака, Apple го брка Android за да го стигне, иако претходно беше обратно....

Е тоа е за жал, животот на еден типичен Apple фанбој, Стив се превртува во гроб :pos:



LOL добар виц.
После постов тотално треба да се прекине дискусијата Андроид - iOS
Како можи некој да го брка ANDROID кога самиот тој е побркан , за една надградба му требаат години да чекаат луѓето да отидат на KIT KAT . Не ми прајте некој теории што не можам да ги разберам . Windows полека но сигурно ќе го згазне АНДРОИД само му треба време ! И како можи ако сакам да возам FORD да купам OPEL само затоа што е побрз м ? Имате отпор кон APPLE затоа што имаат филозофија за да имате отпор према нив . Цел свет зборува за apple . А за да ја разберете едноставноста вас ви треба комплициран пат , да се удавите во лавиринти за на крај да сфатите колку се едноставни работите и во тишина да си купите iphone .
Со кој факт и доказ можеш да дебатираш на тема кој кого брка? Погоре во постот се е наведено и се е точно. Во што е предноста на Ајфон? Сум имал во рака 3г, 5с и само дизајнот ми правеше кејф, за разлика од Самсунг ноут 3 и с4. Али да не забегуваме со темата, те молам приложи факти во што Андроид го брка епл.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Иам едно прашање до андроид фанс , дали можи да ми наведите телефон со андроид едно 3-4 години стар шо работи мазно (без кастом ром)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ајфон 4 да не работеше мазно на 7-ката? :icon_lol:[DOUBLEPOST=1411756062][/DOUBLEPOST]
Која филозофија бе?
Филозофија на испрани мозоци?
Кажи ми еден сегмент во кој 1000 евра вредниот iPhone 6+ е подобар од 3 пати поефтиниот OnePlus One?

ЕДЕН! ВО БИЛО ШТО!
Значи идемо по ред:

  1. .
Ок, доволно фала.
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
За мајка да ве вреѓаа немаше да бидете толку хејтерски настроени. OnePlus One бил подобар, самсунг с5 бил подобар, ноте4 бил подобар. Ако беа подобри каде се на продажба? Зошто 6ките у рок на 24 часа се продадоа 6м- сите тие се исперани мозоци така? Нели вие сте тооолку многу паметни па совети даваат се бунат тука како за мајка им да ги имат вреѓано.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
За мајка да ве вреѓаа немаше да бидете толку хејтерски настроени. OnePlus One бил подобар, самсунг с5 бил подобар, ноте4 бил подобар. Ако беа подобри каде се на продажба? Зошто 6ките у рок на 24 часа се продадоа 6м- сите тие се исперани мозоци така? Нели вие сте тооолку многу паметни па совети даваат се бунат тука како за мајка им да ги имат вреѓано.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Многу едноставно. Зошто сите модели што ги наброја делат еден ист OS, а се од различни брендови кои држат дел од пазарот. iOS го има само на iphone и не дели пазар со некој сличен на него, како што е случајот со Android.
Некој преферира Samsung, некој LG, трети Htc, Sony. iphone е сам за себе во својата категорија т.е. не го дели OS-от со друг бренд кој би му бил директна конкуренција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom