Intermittent Fasting (Наизменично постење)

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.127
Поени од реакции
17.439
Фората е да јадеш повеќе протеини и масти затоа што и имаат ефект на ситост подолго време. Нема шанси со каква било храна да успееш да издржиш.

Мит. И не ви давам детално објаснување, затоа што знам дека дури и да ви дадам најквалитетна дата (студии) ќе ми давате примери од пријатели ваши што направиле тоа и тоа, ама ако верувајте во змиско масло. Иначе дека јадење еден или само 2 оброка на ден работи (за здравје) не за слабеење работи. Дали ќе ослабеш или не зависи од тоа колку јадеш, ако си метаболички или хормонално проблематичен, ќе ти биде МАЛЦЕ процесот отежнат, но загуба на килограми = намален внес на калории, толку.

Откако скопчав кој канцер се шекерите и вештачките шеќери, ептен полесно ми беше да транзитирам кон тотално избегавање на храни и пијалоци доминантни со нив + да си ги намалам порциите. Генерално преферирам храна со низок гликогенски индекс, но не е некое строго правило.
Добро е научивте едно зло кое е, сега уште да не ве лажат за другото кое го конзумирате повеќе него претходно шеќерите и на прав пат сте, ама за жал не сте, па ликови како кловнот Ерик Берг ви прават спинчиња. БТЊ пиши зошто избегнуваш шеќери, баш ме интересира.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
2.976
Поени од реакции
12.683
Пред околу 2-3 години работев како дистрибутер возев комбе, некои 5-6 месеци, и тоа преку летниот период, и почнав да го практикувам ова, јадев тек во 1 саат кога ќе се вратев во магацин од првата тура, затоа што од сабајле секако не ми се јадеше, и второ не сакав да јадам во комбе, втор оброк кај 6 саат и толку. Иако не пазев што јадам, сепак симнав некои 7-8 килограми.

Сепак работата беше физичка, товарај и растоварај комбе сам, жешко време, и плус додека возев пиев по 2,5-3 литри вода.

Многу поубаво се осеќав, имав енергија, и со не толку замарање симнав килограми.

После тоа најдов друга работа, цел ден со седење пред компјутер и пак си ги качив килограмите. Моја грешка беше што не продолжив со истото.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.206
Поени од реакции
2.153
И јас ќе споделам искуство. Веќе повеќе од година дена сум со по само еден оброк дневно, така што ми се фаќа да јадам на секои 24 часа отприлика. И не би го сменил ова за ништо. Го спомнавте и претходно ко придобивка, ќе го спомнам и јас - бистрината на умот што ја добив е немерлива. Не викам дека станав попаметен, туку дека многу полесно можам да размислувам, тешки проблеми да ги решавам релативно лесно, да одржувам фокус на една задача долг период. Со килажа немам сменето многу, веројатно бидејќи сум со нормална тежина, не бев overweight за да намалам нешто.

Еден совет за сите кои ќе почнат: Не се придржувајте до фастингот строго како да ќе згрешите ако го прекршите. Јас обично јадам околу 14 часот. Е сега, вчера имаше фудбал, седнав да гледам ми се пиеше пиво и си отворив пиво. Ќе се видите со другари, ќе има некаков повод за да се почастите, не се лимитирајте као еј не смеам, на фастинг сум. Од 365 дена во годината, 200 дена да ги поминете со било каков фастинг (24, 16-8, 12-12 итн.) ви е доволно. Само вака може да успеете фастингот да го направите ваш животен стил. Строго придржување до него ќе ви трае недела, месец, два и толку.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.849
Поени од реакции
2.246
Јас практикував наизменично постење константно 3 години, завршував со последен оброк во 21:00 а нареден оброк ми беше во 14:00 следниот ден. Многу ретко се случување да го прекршам, можеби на роденден, некоја забава и слично. Мое лично искуство е дека мене реално ништо не ми смени, само ми беше мачно да ги внесувам истите оброци што претходно ги внесував само во помал временски период и често се прејадував.

Добро е за некој што сака да слабее, а тие чудесни ефекти како бистар ум, фокус, енергија и слично воопшто не ги осетив. Еве и во темава има луѓе што се колнат во методов, како е најдобар итн., за мене е само уште една алатка за постигнување на одредена цел.

...телото несака такви шокови, јадеш па не јадеш со часови , а посебно без доручек кога после сонот и ревитализација на организмот му треба енергија, телото сака почести помали оброци во текот на денот до 18 ч токму да се одржи балансот и на лачењето на инсулинот, а не толкав период на никаков внес на храна, па наеднаш внес, кај да е ќе си направите здравствен проблем, посебно што касно легнувате и касно се будите денот го правите ноќ, а ноќта ден и плус исклучување на оброци кои се важни во текот на денот!
Да да, страшни шокови. Порано кога немале супермаркети и фрижидери страшно биле шокирани. Па и денес луѓето што живеат во племиња или сиромашни земји, мислиш дека јадат на секои 2 саата?
Телото се прилагодува и си има механизми за саморегулација. Баш поприродна состојба е да има подолги периоди кога не јадеш отколку кога јадеш цело време. Јас како што напишав не јадев до 14:00 и воопшто немав ниту шокови ниту намалена енергија. Ниту пак осеќав глад или некаков стрес. Се разбира јадев/јадам квалитетна храна која што те држи сит а не џанк фуд. Мајка ми исто цел живот несакајќи прави intermittent fasting зашто не доручкува, а не сум сигурен ни дали вечера, може нешто малку ќе касне. Таков ѝ е начинот на живот, па нема никакви здравствени проблеми.

Како што кажав ова е само уште една алатка или метод на исхрана, еве на пример не е најоптимален за градење и одржување на мускулна маса, ама далеку од тоа дека ако не јадеш често во текот на денот ќе имаш лоши ефекти по здравјето.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
555
Поени од реакции
936
Еден совет за сите кои ќе почнат: Не се придржувајте до фастингот строго како да ќе згрешите ако го прекршите. Јас обично јадам околу 14 часот. Е сега, вчера имаше фудбал, седнав да гледам ми се пиеше пиво и си отворив пиво. Ќе се видите со другари, ќе има некаков повод за да се почастите, не се лимитирајте као еј не смеам, на фастинг сум. Од 365 дена во годината, 200 дена да ги поминете со било каков фастинг (24, 16-8, 12-12 итн.) ви е доволно. Само вака може да успеете фастингот да го направите ваш животен стил.

Точно!!!
 
Член од
22 март 2019
Мислења
108
Поени од реакции
239
Јас го користев овој начин на исхрана доста строго и симнав едно 15 кг за 6 месеци. Не знам дали е од постењето колку од количината на храна и тип на храна ама добро е бидејќи го ограничуваш времето на хранење и автоматски внесуваш помалку калории. Исто и стекнуваш една дисциплина и можност да го контролираш својот апетит.

Престанав кога почнав да вежбам и не можев да издржам по 16 часа без храна ама некои навики ми останаа како кафе и чај без шеќер и гледам да се хранам поздраво. IF се уште до денес го практикувам ама не секој ден.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
10.268
Поени од реакции
3.805
Првите 3 дена се најтешки. Вториот ден само мислиш на храна. Третиот веќе доаѓаш во колосек и задоволен си дека го ситниш третиот ден а тоа воедно е последниот тежок ден, после тоа е многу лесно. Е јебига, морам да ти кажам, после три дена без храна и 12 литри вода, добро ќе го исчистиш дебелото црево, само вода и ништо друго нема да има.

Од четвртиот ден натака воопшто не размислуваш на храна. Си викаш човече зошто воопшто се храниме, можам и без неа. Петтиот ден малку си омалаксан, ама не премногу. Шестиот ден повторно имаш енергија. Можеш да готвиш храна без проблем и немаш никаква желба за јадење. Никаква.

За да се вратиш во режим на јадење мораш претпазливо со многу мала количина лесна храна иначе си наебал.

Јас издржав неколку пати по 7 дена, чисто од радозналост и инает да видам дали можам да издржам. Не е толку тешко како што изгледа.
Вауууууу..само што те читам, така несвестици ме маваат:несвест:...алал нека ти е, јас такво мачење не би можела да издржам, мислам дека преплет црева ќе добијам и бела мачка нема да видам..

Инаку, еве веќе неколку месеци и јас јадам само во време од 8 часа, претежно од 10,30 до 18 часот и се разбира неможеш да јадеш многу и да се набуфташ.
Спиењето ми е многу поубаво, се чувствувам полесна, поенергична, исфрлив бел леб, пецива, благи работи, газирани, но некогаш криза мава или како што рече еден член погоре, дали за роденден или празник, може да се прекрши еден ден, ништо страшно...и вежбање, вежбање и само вежбање.па дури и додека седам на биро, правам неколку пати разгибување, па и чучњеви(добро е, не ме начекал некој во канцеларија додека паравам клекни стани).....

Најубава диета за слабеење, правило едно, јадеш само во рок од 8 часа.( се разбира нели, само здрава храна).
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
8.216

Јас вака функционирам цел живот... Не јадам после 18:00. Никад не ја преминав килажата над 58-59кг максимум. Немам никакви ограничувања во исхраната дури сум гурман со посебен осврт на свињско и пецива :)... Добра страна ми е што никад не јадев посебно благи работи ниту имам посебна желба. Инцидентно ако нешто ми „фати око“. Се дешава навечер да направам палачинки или нешто слично ама начелно навечер не јадам и никад немам проблем со „прејаденост“ или потешкотии со спиење.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.731
Поени од реакции
15.624
Најубаво е конзумирање храна од 12 до 18 часот за да се држи линија. Линијата се расипува најчесто од мрсни буреци на работа рано наутро или копање по фрижидер доцна во ноќта.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
5.486
Поени од реакции
5.671
Мит. И не ви давам детално објаснување, затоа што знам дека дури и да ви дадам најквалитетна дата (студии) ќе ми давате примери од пријатели ваши што направиле тоа и тоа, ама ако верувајте во змиско масло. Иначе дека јадење еден или само 2 оброка на ден работи (за здравје) не за слабеење работи. Дали ќе ослабеш или не зависи од тоа колку јадеш, ако си метаболички или хормонално проблематичен, ќе ти биде МАЛЦЕ процесот отежнат, но загуба на килограми = намален внес на калории, толку.

Добро е научивте едно зло кое е, сега уште да не ве лажат за другото кое го конзумирате повеќе него претходно шеќерите и на прав пат сте, ама за жал не сте, па ликови како кловнот Ерик Берг ви прават спинчиња. БТЊ пиши зошто избегнуваш шеќери, баш ме интересира.
Јао лебати, нејкам да зборам ама сум у фазон дај да видам што разбираат малишаниве. И да, битно е што јадеш, зошто low-carb и броење калории имам пробано и е многу полошо од постењево.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.590
Поени од реакции
7.997
Јас вака функционирам цел живот... Не јадам после 18:00. Никад не ја преминав килажата над 58-59кг максимум. Немам никакви ограничувања во исхраната дури сум гурман со посебен осврт на свињско и пецива :)... Добра страна ми е што никад не јадев посебно благи работи ниту имам посебна желба. Инцидентно ако нешто ми „фати око“. Се дешава навечер да направам палачинки или нешто слично ама начелно навечер не јадам и никад немам проблем со „прејаденост“ или потешкотии со спиење.
Ако си женско, супер.
Ако си машко/маж, додуша со 58 кила не може да си маж :icon_lol: , тебе ти треба диета кај што ќе качуваш килажа, а не да одржуваш 58-59 кила.
Бегај од темава и гуглај "bulking".
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.205
Поени од реакции
1.005
Ja ova go praktikuvav odamna, ne jadev pojadok nikogas okolu 4-5 godini, jadev rucek i vecera samo, ne izgubiv nisto ni pa se opametiv. :D

Toa sho se osekjate podobro vi e od dvizenje na rabota ili vezbanje, a ne od sto ne ste jadele :D

Sea imam pojadok(porridge) u 6-6:30 sabajle, rucek nekogas imam nekogas ne, ako rabotam od doma, imam rucek , ako ne sum doma ondak najverojatno nema da jadam bidejki me nervira da nosam jadenje so mene, ili pa da odam da kupuvam nesto gotovo od prodavnica/sendvicara.
 
Муабетов си нема врска, активно вежбам со години (бивш спортист бев), сега рекреативно вежбам ама под 3-4 пати неделно вежбање не сум бил никогаш, барем не подолго од 2 недели некогаш ретко, ради факултетски или други обврски.
 
I sto sakas da kazes so tvojot muabet? Stom si bil sportist znaes koi hormoni se sozdavaat posle vezbanje i sto doprinesuvaat. Muabetot ima golema vrska.
 
Член од
17 март 2015
Мислења
1.159
Поени од реакции
4.172
И јас ќе споделам искуство. Веќе повеќе од година дена сум со по само еден оброк дневно, така што ми се фаќа да јадам на секои 24 часа отприлика. И не би го сменил ова за ништо. Го спомнавте и претходно ко придобивка, ќе го спомнам и јас - бистрината на умот што ја добив е немерлива. Не викам дека станав попаметен, туку дека многу полесно можам да размислувам, тешки проблеми да ги решавам релативно лесно, да одржувам фокус на една задача долг период. Со килажа немам сменето многу, веројатно бидејќи сум со нормална тежина, не бев overweight за да намалам нешто.

Еден совет за сите кои ќе почнат: Не се придржувајте до фастингот строго како да ќе згрешите ако го прекршите. Јас обично јадам околу 14 часот. Е сега, вчера имаше фудбал, седнав да гледам ми се пиеше пиво и си отворив пиво. Ќе се видите со другари, ќе има некаков повод за да се почастите, не се лимитирајте као еј не смеам, на фастинг сум. Од 365 дена во годината, 200 дена да ги поминете со било каков фастинг (24, 16-8, 12-12 итн.) ви е доволно. Само вака може да успеете фастингот да го направите ваш животен стил. Строго придржување до него ќе ви трае недела, месец, два и толку.
ќе сакаш ли отприлика да пишеш од што ти се состои тој еден оброк?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom