House of the Dragon

За кој тим сте во војната наречена „Танц на змејовите“?

  • Тимот на ЦРНИТЕ - Кралицата Ренира I

  • Тимот на ЗЕЛЕНИТЕ - Кралот Егон II

  • Неопределен


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Според сцената, атентаторот го уби бранителот. Според режисерот намерно ја смешале сцената за да мислиме дека е така.
Уствари бранителот го убил атентаторот, и затоа и рекол краљице на Раенира ама од мака се самоубил.
Ја утнаа малце тука, од прекретативност се преврива некад работата...
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.108
Поени од реакции
25.169
Како искина со глумата девојкава првиве две епизоди, секоја секунда прави да се соживуваш со нејзините емоции.

 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.172
Поени од реакции
18.230
Дали тоа го споменаа четвртото дете на Висерис и Алисент во вторава епизода? Даерон или како беше?

Инаку многу ми беа интересни две сцени. Едната кога се разминаа Егон и Хелена и ништо не си рекоа, онака чист доказ дека се сосема на сила споени, комплетно неприродно.
Втората кога плачеше Егон, мајка му го виде и само се повлече. Мене ме носи на тоа дека не плачеше ради детето, туку поради она што му го рече Ото - оној ироничен муабет дека Висерис не го направи него крал.

01:50 - 02:03
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Како искина со глумата девојкава првиве две епизоди, секоја секунда прави да се соживуваш со нејзините емоции.

Втората кога плачеше Егон, мајка му го виде и само се повлече. Мене ме носи на тоа дека не плачеше ради детето, туку поради она што му го рече Ото - оној ироничен муабет дека Висерис не го направи него крал.
Само мене ме нервираат вака недоречени сцени? Го туркаат сандакот со детето, почнува да се клати, мислиш ќе му падне главата, па ич ништо не се случува. Влегува Алисент кај Егон, овој плаче, го погледнува така и си вика „син ми е ама очигледно нема што да направам за него, одам да се плеснам со Кристон“.

Чуму ми се вакви сцени?

Згора на тоа, од епизодата Серси кога го дигна у ваздух пола град, епизода која беше скоро целосно покриена со музичка позадина, сега секоја епизода го фураат истото. Барем нека го остават тоа за некоја посебна епизода, ако има таква.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.098
Поени од реакции
9.420
Згора на тоа, од епизодата Серси кога го дигна у ваздух пола град,
Лале какво срање беше тој плот, потепа еден тон благородници, “папата“ и добар дел од црквата, кој знае колку обични луѓе и што е најбитно за Вестерос своји роднини и никому ништо.

Барем да осмислиа некој изговор (ете Денерис прати убијци) а не вака.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.108
Поени од реакции
25.169
Само мене ме нервираат вака недоречени сцени? Го туркаат сандакот со детето, почнува да се клати, мислиш ќе му падне главата, па ич ништо не се случува. Влегува Алисент кај Егон, овој плаче, го погледнува така и си вика „син ми е ама очигледно нема што да направам за него, одам да се плеснам со Кристон“.

Чуму ми се вакви сцени?

Згора на тоа, од епизодата Серси кога го дигна у ваздух пола град, епизода која беше скоро целосно покриена со музичка позадина, сега секоја епизода го фураат истото. Барем нека го остават тоа за некоја посебна епизода, ако има таква.
Не зборам за сцените, за сцените се сложуваме, доста од нив во епизодава беа без поента. Напишав погоре дека без разлика што епизодава траеше 76 минути, ништо суштински важно не се случи. Дури и смртта на близнаците не носи ништо значајно во конфликтот меѓу двете куќи.

Ја зборев за глумата, што да не е толку добра сцениве ќе изгледаат уште поглупи и без значајни. Не само глумата на глумицава што ја глуми Хелена, туку општо глумата во серијава е на доста високо ниво, барем според мене.
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.542
Поени од реакции
4.386
Некако досадна епизода
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Порано правевме team Cersei, team Khaleesi... да видиме на што сме со ова?

strongly.jpg

:D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.108
Поени од реакции
25.169
Порано правевме team Cersei, team Khaleesi... да видиме на што сме со ова?

Прегледај го приврзокот 421668

:D
Може @Zlatikevichius и накета да стави.

Иначе House Hightower all the way.

Башка и ако ги согледаме реално работите, Aegon е rightful hair to the throne, без разлика што претходно Viserys ја именуваше Rhaenyra.
Со раѓањето на син, односно на Aegon се се мења.
Башка Rhaenyra беше именувана не зашто ќе биде добар владател, туку поради омразата на Viserys према Daemon и да го заштити светот од неговото владеење.
Вестерос никад нема да прифати жена да биде владетел, што би предизвикало уште поголема дестабилизација.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ми треба време да одлучам, во моментов нон-бајнари кралицата мајка ми е во блага предност во однос на не-знам-што-со-себе-каде-е-кристон, ама тоа може да се промени.

Лик што ме нервира најмногу е Дејмон, не по вина на актерот што го игра, туку слаби дијалози има, всушност тоа е трејдмарк веќе откако поминаа книгите во ГоТ сценаристите не можат асален муабет да состават.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom