Човекот кој го глуми прекрасно циничниот др. Хаус, на повеќе наврати покажал и дека е прекрасно музички талентиран, а овојпат тоа ќе го потврди и преку албум. Инспирација му е музиката на Њу Орлеанс.
„Опиен сум од возбудата поради оваа шанса. Знам дека глумците кои снимаат музика тоа го прават со ризик, но ветувам дека никој нема да биде повреден“, рекол Хју Лори, пренесува Daily Telegraph.
Својот музички првенец Лори ќе го објави за издавачката куќа Warner Music Entertainment, а продуцент ќе биде Џо Хенри за кого Хју вели дека ги продуцирал некои од неговите најомилени албуми на сите времиња. На блуз албумот на 52. годишниот Хју Лори ќе гостуваат и бројни музичари.
Инаку, Лори и во House често свири клавир и гитара, а познати се и неговите музички изведби во ТВ серијата Jeeves And Wooster. Воедно, свири клавијатури во добротворниот бенд Band From TV, а беше дел и од најновиот албум на Meat Loaf.
Додека го чекаме албумот на др. Хаус, да уживаме во песната за мистериите на животот
Mухахахах
Кајгана.ком