House M.D

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
целта на House секогаш била остварлива, неговата последна цел во серијава беше да помине 5 месеци со Вилсон и ја оствари што и за мене беше показател дека ако си доволно упорен и ако доволно сакаш нешто, можеш да го оствариш и нема граници. Една од целите и на серијава воопшто. Така да, феноменална серија и јас не изгледав ниедна досадна епизода и серијата умре со последната епизода во 8мата сезона. Мое мислење...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
За да заврши една серија како Хаус реално, требаше да стане контрадикторна на самата себе.
Како прво, Хаус отсекогаш бил еден нереален лик кој е над обичните смртници, затоа дијалозите кои ќе до доведеа до било какви заклучоци, можеше да ги води само сам со себе. Впрочем, така и беше, со својата потсвест се караше се додека не дојде до логичното решение.

Е сега, мора да сфатиме дека овој исход беше 8 години in the making, односно фактот дека Хаус кога-тогаш мора да стане човек, со емоции и глупи чуства/мисли како и сите нас. За тоа конечно да се случи, требаше да умре Вилсон....што мора да признаете, навистина е реално во контекстот на серијата. Дали Хаус после тоа ќе се врати со бившата жена и ќе има деца - останува на нас.

Ова беше веќе очекувано и единствениот начин за да се збогуваме од ликот на Хаус, бидејќи додека тој е доктор, ќе биде и мизерен. Затоа, мораше да прекине да биде доктор, а најдобриот начин освен убивањето беше фејк смртта.
Мене ми сметаше форматот на епизодава, преку курац веќе со flashbacks и слично, ептен беше предвидливо дека НЕМА да умре на крај. Кога низ цели епизоди наназад се збори за смрт, смрт, смрт, нормално дека на крај треба "mindfuck" да се случи некаков, пошто ако умре ебати епизодата.
Затоа, не предизвика некои ептен емоционални моменти кај мене како што сценаристите тоа го замислија.

Единствено што ме допре, ненадејно, беше кога ја видов Камерон со новиот маж и детето...и сфатив дека нема да бидат со Чејс. Не знам зашто точно толку ме погоди ова, ваљда зашто од Камерон овој ќе отиде на кинескињава.

Тоа е тоа, епизодава беше само филер за крајот кој сите знаевме дека мора да биде во ваков стил. Не е ова серија како LOST или Prison Break, па да чекаме крајот да ја краси.

И за крај, замислете си како Хаус и Вилсон го гледаат Dead Poet's Society.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841

Како само одговоара песната за сценава. Една од ретките сцени(кога Хаус е под вода) каде што прикажува среќно и ослободено лице.
дали знеш како се вика песната, пред некој ден ја го гледав клипот ама сега го тргнале:(
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Oткако конечно ја изгледав последната сезона и прочитав се што имате напишано, чуствувам потреба вака официјално да си се збогувам со Хаус, лик кој што го идеализирам до бескрај, кој што е генијален во тоа што го работи и покрај тоа допре до многу теми од животот.
Многу работи може да се кажат за Хаус, едни може да го сакаат , други пак не , но никој не може да му остане рамнодушен.
Збогум Хаус, ќе ми недостига твојот лик .

За последната епизода, на некои им се допаѓа на некои не , мене ми се допадна, посебно пораката што ја прати со песната во позадината на последната сцена
Enjoy yourself, it's later than you think
Enjoy yourself, while you're still in the pink
The years go by, as quickly as a wink
Enjoy yourself, enjoy yourself, it's later than you think

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Јас ја завршив осмата, мал одмор и пак почнав од прва сезона :)
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
177 ЕПИЗОДИ ОД ХАУС ВО 7- МИНУТНО ВИДЕО

Ги изгледавте сите епизоди и сакате пак? Не мора да трошите толку време одново, туку ви требаат само 7 минути. Ова видео ги содржи најдобрите моменти од серијата, што значи дека нема да пропуштите ништо битно. Во видеото е сместена барем по една сцена од секоја епизода. За да се добие овој резултат, потребни биле два месеци гледање, сечење и едитување. Подгответе се за седум минути генијалност, одлична глума и многу пилули.

http://www.fakulteti.mk/news/12-08-04/177_epizodi_od_haus_vo_7-_minutno_video.aspx
 
M

Mario Gómez

Гостин
Оти бе на swan song Хју на британски зборит. :(

Инаку ја завршив вчера серијава, секако една од подобрите што некогаш постоела. 6 години гледање неконстатно, а последниве 5-6 месеци си дозволив по една епизода на ден. Брилијатна хумористична драма би рекол. Крајот ептен ми се допадна и кога би размислил подобро нема друга реална опција како би завршила серијата без режисерите да би ризикувале да уништат 8 години тешка работа.

Хаус се промени, тоа дека ќе се случеше ни беше јасно на сите. Мислам дека тоа што најмногу и даде шмек на ова серија е Вилсон и неговото пријателство со Хаус, кој остана со него и во најтешките моменти, а со тоа ми беше јасно на крај дека Хаус нема да се самоубие, пошто реално немаше смисла Вилсон сам да пројде низ неговите последни месеци живот. Вака заедно ќе одат за Тајланд, ќе ги разебаат пола курви у Вегаз, и Вилсон нема да умре сам. Ми се допаѓа семихепи ендингот дефинитивно, и да, кога ќе завршиш некоја серија незнајш шо да прајш со животот.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748

Затоа што Хју Лори е британец
 
Kajgana Shop

На врв Bottom