House M.D

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Крај на една култна серија. Ке недостасува тимот. Епизодата добра, можеле подобро ама во секој случај задоволителна. Ако умреше Хаус ке беше многу лоша.

People change, that doesn't mean they get better. But sometimes it does.
Му текна деке треба да се промени, ако не за себе барем за Вилсон. Хаус не може без него, Вилсон е огромрн дел од Хаус. Добри анализи му направија неговите temporary imaginary friends.

Добро е што Чејс го зазеде неговото место. Во епизодата кога тој беше прободен и се однесуваше исто како Хаус си реков дека ке замине некаде и ке продолжи да биде како него.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ајде сега кога си ги прибрав впечатоците да направам мала ретроспектива на значењето на серијава, барем за мене лично.

Сум изгледала мал милион серии. Секоја од нив ме врзала на некој начин за неа дали по лик, приказна, или како севкупен производ.

Хаус ме врза на поинаков начин. Вакво нешто нема да се повтори на телевизиските екрани од многу причини. Ова беше чиста хемија, во која беа собрани премногу квалитетни нешта. Прво, кастингот кој и да го бирал има највисока оценка. Да ги споиш оние луѓе и меѓу тоа мноштво да најдеш човек како Хју Лори, да ризикуваш со фактот што не е американец и доаѓа преку барата и да го поставиш како центар на приказната потребна е храброст. А Хју одработе за сите пари па и повеќе. Она што човеков го направи во серијава е улога која ќе стане култна. Луциден, идиот, човек со смисла за хумор, бескомпромисно суров, секогаш подготвен да и влезе со клизачи на етиката, еден и единствен Хаус. Апсолутно ги демаскира луѓето како суштества. За тоа секако се заслужни сценаристите. Страшни морални дилеми беа поставени во серијава. Секоја им чест за сработеното.

Мислам дека некои цитати вечно ќе ми останат во памет:
"Everybody Lies",
"It's never lupus",
"Like the philosopher Jagger once said, 'You can't always get what you want ",
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic",
"Humanity is overrated",
"Reality is almost always wrong." итн итн

И уште на сета таа доминација на екранот да му се најде една противтежа во ликот на Вилсон тоа е за секоја пофалба. Ова беше невидено добар тандем, ретко нешто повеќе да ме насмеало од нивните дијалози.

Продефилираа ликови и актери кои си ја знаат работата и си оставија личен печат во неа. Но, стојам на тоа дека магијата на Хаус е во самиот негов лик т.е во Хју. Не можам да замислам никој друг место него, а можам да замислам било кој во екипата место останатите ( освен Вилсон). До толку беше добар.

Збогум Хаус. You Legendary Asshole. You will be missed.

 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Мислам дека некои цитати вечно ќе ми останат во памет:
"Everybody Lies",
"It's never lupus",
"Like the philosopher Jagger once said, 'You can't always get what you want ",
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic",
"Humanity is overrated",
"Reality is almost always wrong." итн итн
...People are idiots.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Spoiler Alert!

Неможам да се помирам со крајов. Едноставно неможам.
Ова е добар крај за било кој друг тип на серија, но за Хаус... Никако!

Ништо од финалнава епизода не се вклопи во она што очекував дека ќе биде крај уште некаде од 4-тата или 5-тата сезона. Знам дека ниту една серија неможе да заврши со крај кој ќе ги задоволи сите, но ова финале за мене беше како креаторите на серијата да останале без идеја.

Хаус со години беше серија која се обидуваше да излезе од рамките на она што е сигурен терен во Холивуд. Хаус континуирано се бавеше со темите како постоењето на Бог, смислата на животот, човечкиот егоизам, патењето, болката, смртта, рационалноста... За на крај истата да заврши со делимичен хепи енд и со еден комотно-сигурен финиш кој се обидува да ги задоволи сите.
Мојот впечаток е дека премисата на оваа серија и нејзиниот крај се во длабок расчекор.
Ако се обидам да шпекулирам, за мене смртта ќе беше најдобар крај на серијата. Дали тоа ќе беше смртта на Хаус, или пак смртта на Вилсон. И двете варијанти можеа да бидат многу поефектни, потрогателни и најпосле да откријат најмногу во емоциите на главните протагонисти на серијата.

Мислам дека трагичен крај ќе беше одлично спуштање на завесата на оваа серија, која за жал заврши во истото сивило во кое се наоѓа последниве неколку години.
Можеби е до мене, но финалето не ми предизвика никакви емоции. Поигрувањето на Хаус со својата суицидална психа е само неуспешен начин на ова финале да се даде арома како од крајот на 4-тата сезона, односно последните две епизоди од таа сезона кои беа веројатно најуспешниот сегмент од оваа серија.

8 години „уживавме“ во болката на Хаус, во неговиот его-рационален трип, во неговите саркастични досетки и во неговиот мрачен, но сепак исправен поглед на животот и човечките односи. Мислам дека и самиот Хаус би бил згрозен од ваква завршница на една медицинска драма (и покрај тоа што ужива во сапуниците). Хепи ендот се коси со се во што Хаус верува. Човекот кој низ серијата знаеше да каже: „Reality is almost always wrong“, „Humanity is overrated“ или „Everybody lies“

Штета што Хаус мораше да заврши на ваков начин, но тоа најмногу е последица на последните 2-3 сезони во кои серијата влезе во длабоки проблеми, од кои никако не успеа да се опорави. Погледнато како целина, за мене шоуто Др.Хаус ќе биде запаметено како серија која почна со спектакуларна приказна и фасцинантни карактери а заврши со бледи клишеа, бегање од континуитетот и губење на стариот сјај.

Кога би ја препорачувал серијава на некој кој никогаш не слушнал за неа би ги препорачал првите четири сезони. И толку. „Срцето на Вилсон“ е многу подобар крај на серијата од било што друго...

Би сакал да завршам со еден цитат од Хаус, кој изгледа креаторите на сценариото на финалната епизода на серијата го заборавиле:
„I take risks, sometimes patients die, but not taking risks causes more patients to die - so I guess my biggest problem is I've been cursed with the ability to do the math.”
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
After nearly 8 years on the air, the final episode of the American medical drama 'House' aired this week.
Starring actor Hugh Laurie, the show focused around antihero Dr. Gregory House and his team of diagnosticians in a New Jersey hospital.
In its time on the air, 'House' managed to secure three Guinness World Records:
  • - House managed a review score of 9.4 out of 10, according to TV.com, making it the most popular TV show as of February 2008.
  • - The success of the show from the review made Hugh Laurie TV's most-watched leading man.
  • - Hugh Laurie earned $700,000 per episode, making him the highest-paid TV actor in a drama series.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Spoiler Alert!

Неможам да се помирам со крајов. Едноставно неможам.
Ова е добар крај за било кој друг тип на серија, но за Хаус... Никако!

Ништо од финалнава епизода не се вклопи во она што очекував дека ќе биде крај уште некаде од 4-тата или 5-тата сезона. Знам дека ниту една серија неможе да заврши со крај кој ќе ги задоволи сите, но ова финале за мене беше како креаторите на серијата да останале без идеја.

Хаус со години беше серија која се обидуваше да излезе од рамките на она што е сигурен терен во Холивуд. Хаус континуирано се бавеше со темите како постоењето на Бог, смислата на животот, човечкиот егоизам, патењето, болката, смртта, рационалноста... За на крај истата да заврши со делимичен хепи енд и со еден комотно-сигурен финиш кој се обидува да ги задоволи сите.
Мојот впечаток е дека премисата на оваа серија и нејзиниот крај се во длабок расчекор.
Ако се обидам да шпекулирам, за мене смртта ќе беше најдобар крај на серијата. Дали тоа ќе беше смртта на Хаус, или пак смртта на Вилсон. И двете варијанти можеа да бидат многу поефектни, потрогателни и најпосле да откријат најмногу во емоциите на главните протагонисти на серијата.

Мислам дека трагичен крај ќе беше одлично спуштање на завесата на оваа серија, која за жал заврши во истото сивило во кое се наоѓа последниве неколку години.
Можеби е до мене, но финалето не ми предизвика никакви емоции. Поигрувањето на Хаус со својата суицидална психа е само неуспешен начин на ова финале да се даде арома како од крајот на 4-тата сезона, односно последните две епизоди од таа сезона кои беа веројатно најуспешниот сегмент од оваа серија.

8 години „уживавме“ во болката на Хаус, во неговиот его-рационален трип, во неговите саркастични досетки и во неговиот мрачен, но сепак исправен поглед на животот и човечките односи. Мислам дека и самиот Хаус би бил згрозен од ваква завршница на една медицинска драма (и покрај тоа што ужива во сапуниците). Хепи ендот се коси со се во што Хаус верува. Човекот кој низ серијата знаеше да каже: „Reality is almost always wrong“, „Humanity is overrated“ или „Everybody lies“

Штета што Хаус мораше да заврши на ваков начин, но тоа најмногу е последица на последните 2-3 сезони во кои серијата влезе во длабоки проблеми, од кои никако не успеа да се опорави. Погледнато како целина, за мене шоуто Др.Хаус ќе биде запаметено како серија која почна со спектакуларна приказна и фасцинантни карактери а заврши со бледи клишеа, бегање од континуитетот и губење на стариот сјај.

Кога би ја препорачувал серијава на некој кој никогаш не слушнал за неа би ги препорачал првите четири сезони. И толку. „Срцето на Вилсон“ е многу подобар крај на серијата од било што друго...

Би сакал да завршам со еден цитат од Хаус, кој изгледа креаторите на сценариото на финалната епизода на серијата го заборавиле:
„I take risks, sometimes patients die, but not taking risks causes more patients to die - so I guess my biggest problem is I've been cursed with the ability to do the math.”
Луѓето несакаат да сватат некои работи, тоа е во подсвеста, и искрено несакав да се натегам на темава дали на смрта не треба да се гледа како негативност во една серија и зошто, или пак да им го расипам задоволоството на членовите кои беа среќни со крајот на серијата па затоа негативно одговорив кога бев запрашан дали сакам Хаус да умре на крајот, иако тоа не го мислев, несакав да искочам "негативец - хејтер" во еден емотивен момент за фановите.

Не не, не е така едноставно, онаа сурова реалност е она што најмногу овозможува гледачот да се соживее со серијата и да навлезе во поентата на истата, да се наежиш и да се видиш себеси како потенцијален кандидат за недај боже сличен колапс или одреден неуспех во твојот животот, да се препознаеш во некоја од сцените - тука би го цитирал Хаус, life sucks!

Розеви слончиња и хепи енд се толку голема реткост во денешницата што колку и да сакаме да замижиме и да се тешиме подсвесно дека тоа нема да се случи, сепак кога и да е ќе мора да се соочиме со нешто кое не е баш така прекрасно и инспиративно во нашиот живот. Така да за мене, ваквото финале, беше недостојно и погрешно за еден толку познат и фасцинатен лик како Грегори Хаус. Во истиот момент кога го изнесуваа човекот од зградата која гореше, знаев дека не е Хаус, и дека ќе искочи дека е жив, така да тоа ми ги расипа додатно впечатокот за финалето.


За мене Хаус заврши (неофицијално) после 4-та сезона, со што во еден разговор со Анон, му реков дека е подобро за серијата да ја прекинат, затоа што веќе немаа идеи како да продолжат, нешто ново да се смисли, се повторуваа многу работи и серијата ми стана многу линеарна....едиствено нешто што ја одржуваше во живот, ќе се согласам тука со Rocknrolla е фактот дека Хаус и Вилсон ја одржуваа серијата на колку толку едно солидно ниво, ако некој се запрашува oва беше совршеното финале кое би сакал да го видам.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 01:20 ---

lol! Сега усвари ти го до-прочитав целиот пост, инситинктивно одговорив на брзина и не заприметив дека и кај тебе после 4 сезона серијата изгубила од квалитет, и дека истиот крај од 4-та сезона си го истакнал како одличен :D
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Не не, не е така едноставно, онаа сурова реалност е она што најмногу овозможува гледачот да се соживее со серијата и да навлезе во поентата на истата, да се наежиш и да се видиш себеси како потенцијален кандидат за недај боже сличен колапс или одреден неуспех во твојот животот, да се препознаеш во некоја од сцените - тука би го цитирал Хаус, life sucks!

Розеви слончиња и хепи енд се толку голема реткост во денешницата што колку и да сакаме да замижиме и да се тешиме подсвесно дека тоа нема да се случи, сепак кога и да е ќе мора да се соочиме со нешто кое не е баш така прекрасно и инспиративно во нашиот живот. Така да за мене, ваквото финале, беше недостојно и погрешно за еден толку познат и фасцинатен лик како Грегори Хаус. Во истиот момент кога го изнесуваа човекот од зградата која гореше, знаев дека не е Хаус, и дека ќе искочи дека е жив, така да тоа ми ги расипа додатно впечатокот за финалето.
Според мене не беше крајот хепи енд, bitter sweet беше. Заборави дека Вилсон ќе умре за 5 месеци?

Да завршеше серијата со смрта на Хаус, ќе беше тотално нихилистички и неинспиративно според мене.

Многу убава порака остави според мене крајот на серијата, без разлика колку беше мизерен и самоуништувачки Хаус, на крајот пак изнајде надеж дека може да се смени.

Сурова е реалноста и не е се така розево, ама секогаш тежнееме кон тие убави моменти во животот кои ни даваат некоја смисла на постоење.

Изгледав еден куп серии годинава со навидум посветла тематика па пак голем дел од нив имаа тапа депресивни краеви.

House имаше одличен прикладен крај за една серија, својствено за неговата карактерна природа го изведе својот последен ултимативен "Master Prank" со лажирањето на неговата смрт. Уште еден homage на Sherlock Holmes.

Последните неколку сезони имаш градуален пад во квалитетот и novelty ефектот, но последната сезона се искупи за претходните две лоши.

Како и да е дефинитивно една од моите омилени серии на сите времиња, и далеку најдобра медицинска драма што се има некогаш појавено на телевизија.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Најдобро ќе беше Хаус да скинеше конци од lupus на крајот. Тоа ќе беше најепик финале на серија.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Крајот... Сосема просечен. По толку време со серијава последната епизода никакви чувства не ми измами. Сосема очекувано Хаус си ја лажира смртта и во зајдисонцето среќно, без никакви грижи, се одвезе со својот најдобар пријател. Нели не се менуваат луѓето? People don't change. Епа грешка, видиш, се менувале. Барем Вилсон да умреше, некоја солза да изроневме, вака ништо, тапа.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Крајот може да ве разочарал, само затоа што сигурно сте очекувале нешто поинакво, невидено.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.166
Финалето ме потсети на последните моменти од Sopranos. Инстантната црна завеза дур Тони ручаше со семејството и тензијата пропатно.
Нема да навлегувам во дискусијата дечки, но смрт и црнило се веќе ефтин трик и поголемо клише од хепиендинзите. Хаус не бил секогаш ваков, а ете видовме дека нема ни да биде, pain induced нихилистичкото, огорчено однесување му го матил погледот кон светот, и на крај он излезе идиот поради тоа што бил во denial. Мене ми беше длабоко, или барем јас сакам така да мислам. Но колку и лошо да завршеше, после толку години, најмалку му посакував смрт. Мене ќе ми остане всрце, иако вие не успеавте.. at least for a while. :(




Moментот што ме дирна, дур ја аплоадирав сликава, беше ова.

:place:
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
За мене Хаус заврши (неофицијално) после 4-та сезона, со што во еден разговор со Анон, му реков дека е подобро за серијата да ја прекинат, затоа што веќе немаа идеи како да продолжат, нешто ново да се смисли, се повторуваа многу работи и серијата ми стана многу линеарна....едиствено нешто што ја одржуваше во живот, ќе се согласам тука со Rocknrolla е фактот дека Хаус и Вилсон ја одржуваа серијата на колку толку едно солидно ниво, ако некој се запрашува oва беше совршеното финале кое би сакал да го видам.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 01:20 ---:D
После петта сезона серијава ја гледав веќе по навика, најмногу поради Хаус. Воопшто не се поврзав со останатите ликови кои доаѓаа и проаѓаа. Имаше многу лоши епизоди, но продолжив да ја гледам редовно токму поради финалето. Се надевав на едно спектакуларно финале, на последните мигови на Хаус и Вилсон, емоции и на ултимативното соочување на Хаус со смртта. Не на нивно заминување накај зајдисонцето.
Видеово од финалето на 4-тата сезона само дополнително ме потсети колку тоа ќе изгледаше како перфектен крај на една перфектна серија. За жал креаторите се решија да прават дополнителен профит, да ја молзат публиката со едни те исти епизоди и најпосле да понудат еден safe крај, кој би требало да ги задоволи сите.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Уууф добра расправа паднала за финалево. Јас поради испитиве каснам еден ден со финалево, ама better ever than never.
Годинава многу серии кои ги следев ми завршија, ама сигурен сум дека од септември кога ќе отворам на www.episodecalendar.com само Хаус ќе ми недостасува.
Еве ме и мене едно кратко видување за се ова што се случи во последниве 8 години. А само какви 8 години беа тоа. Хумор, цинизам, егоцентричност, нарцисоидност, полемики во врска со Господ, во врска со психата на луѓето и што ли уште не. Едноставно Хаус ни понуди се што можевме само да го замислиме дека може да го има во една серија - и тоа медцинска драма со сериозни случаи.
Крајов искрено мене ми се свиѓаше. Е сега можеби требаше да одат со дупла епизода оти реално кратки беа 44 минути за да се разјаснат многу работи во епизодава па некако се ми беше натрупано и набрзина от шро морале да привршуваат. За ова финале требаше да се оди со две епизоди. Можеби ако беше некој друг крај доволно ќе беше една епизода, ама овака не.
Тоа е една грешка во врска со финалево.
Втората е што мислам дека можеа подобро. Јес да реков дека ми се свиѓаше финалево, ама остана некој мал дел во мене кој мисли дека сценаристите можеа подобро. Иако Хаус замина во негов стил, со најголемата зезанција некогаш - лажирањето на смртта, сепак мислам дека можеше да се даде многу подобар крај на серијава.
На крај серијава ми извади насмевка, ама незнам го немаше тоа дејство над мене како на пример кога завршуваше Prison Break, кога целиот бев наежен од глава до петици на сцената кога Мајкл и се обраќа на Сара преку видеото.
Грегори Хаус заедно со Мајкл Скофилд ќе останат двата телевизиска лика кои ќе ги запамтам засекогаш, еднсотавно неможеш да заборавиш такви генијалци. Беше интересно последниве 8 години, се изнагледавме триста глупости од Вилсон и Хаус, and for sure they will always be remembered.

П.С. Може да се стави една анкета како што има во LOST, дали ни се свиѓал крајот на серијава, па да се преброиме на што сме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom