Homeland

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Во првите две - три епизоди "срамотните"сцени беа цензурирани. Ама сега веќе не ги цензурираат, излегоа и низ торенти без цензура.
Не сум знаел. Добро е што серијата оди на Showtime бидејќи тие можат да си дозволат „срамотни“ сцени.
 
Глупаво многу. Прво
има храброст да се дигне, го стиска детонаторот, но се дешава дефект. Ајде ОК.
После тоа го поправа и не можеше да стисне? Нема храброст? Требаше да напраат овој или да се „дигне“ или па веќе ако не го прави тоа уште одма да се блокира и да не може да го стисне.

Генерално многу спора епизода. Скоро и ништо важно не се случи.
Освен тој Вокер што ја упуца таа и што овој што после го уби како мало дете да е.
 
Мене ми се допадна финалето. Не беше толку „експлозивно“ како што сакав, ама знаев дека нема шанси
Броди да умре пошто е еден од двата главни ликвои во серијата.
Побитен овде беше психолошкиот момент и прогресот на сите карактери, па дури и на ќерката. Телефонскиот разговор во бункерот е еден од омилените моменти од цела сезона.
Од друга страна, не знам сега Кери што ќе прави со испржен мозок и без никакви овластувања од ЦИА.
И за крај, да ја пофалам извонредната глума на Клер Денс и оној кој го глуми Броди.
 
Ај и од мене 2-3 збора. Серијава е океј, ама е далеку, можда 2 класи, од стандардот поставен од неколкуте најдобри серии моментално.

Глумата како шо рековте е супер, ама премногу национализам и клишеа се присутни во тек на една епизода.Плус се изнервирав со последнава епизода. Вакви сценаристи на кој шо не им стискат да напрает WOW момент не поштовам.
И секоја епизода да траеше бар 10 минути помалку, ќе беше доста подобро.
 
Ај и од мене 2-3 збора. Серијава е океј, ама е далеку, можда 2 класи, од стандардот поставен од неколкуте најдобри серии моментално.

Глумата како шо рековте е супер, ама премногу национализам и клишеа се присутни во тек на една епизода.Плус се изнервирав со последнава епизода. Вакви сценаристи на кој шо не им стискат да напрает WOW момент не поштовам.
И секоја епизода да траеше бар 10 минути помалку, ќе беше доста подобро.
Присутен е национализам и клишеа во серијата, нормално, бидејќи е американска. Сепак, присутна е и критика кон американската надворешна политика и мерките кои ги превземаат за да фатат некој терорист. Пример, прикривањето на нападот со дронот.
А епизодата не може да трае 10 минути помалку бидејќи серијата се прикажува на Showtime, кој е канал што се плаќа и нема реклами. Сериите на NBC, CBS итн. траат пократко ради рекламите.
 
Шо знам, не ме погоди некако за да продолжам да ја гледам и во втора сезона. Плус градењето на психолошкиот профил на главниве ликови не беше најсјајно, како да кажам, некако не беше фокусирано, прилично површно.
Кери полуде, океј... ама не ми беше ич гајле. Ни за Броди ко заплака во последнава епизода.

Фалит икс-фактор во серијава кој би те натерал да не мрдниш од стол 50 минути.
 
Фалат експлозивни моменти, да,ама за финалево очекував барем еден таков што ќе ме остави со подотворена уста и ќе ме натера да речам wtf кој ќе чека следна сезона...ама не е ова 24 и Кери не е Џек Бауер. Инаку одличен избор на актери според мене ...
 
Вчера случајно начекав торенти од серијава на АРЕНА....
Спуштив неколјку епизоди,изгледав и баш пријатно се изненадив...:)
Ја ставам во BOOKMARKS серијава дефинитивно:pipi:
 
Мене баш пријатно ме изненади серијава. Точно е дека некои од епизодите и не завршуваа со некој "твист" за да не можеш да ја дочекаш наредната епизода но целата приказна како целина е океј. Последната епизода на пример можеа да ја изведат подобро а сепак да заврши со истата состојба.
Баш тогаш најде да се расипе и баш ќерка му го разубеди.
Можеа да изиграат поинаку. Иначе ништо ни приближно не се разоткри за кртот во ЦИА, ете еден правец за наредната сезона. Како и да е добра серија.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Добра серија иако на моменти делува досадно, но сепак успеваат некако да ја одржат напнатоста,а за актерите 10- ка,Клер Дејнс ја паметам уште од онаа серија која идеше на МТВ Мојот таканаречен живот со Џаред Лето
 
Во еден ден ја изгледав цела сезона, и можам да кажам дека многу ме бендиса. Единствено што не ме бендиса беше што некако многу бавно ми се одвиваат дејствата, инаку одлична приказна, исполнета со мистика според мене.
За последната епизода,
очигледно беше дека Броди нема да се крени во воздух, оти тука ќе завршеше серијва. Има простор сега, втора сезона да се развија во уште поинтересна серија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom