Homeland

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Homelandposter.jpg

Homeland е нова серија во продукција на Showtime. Досега има излезено две епизоди кои ги изгледав пред неколку минути и морам да кажам дека серијата има страшно добра приказна и уште подобра актерска екипа. Уште на почетокот на првата епизода ме привлече да ја изгледам до крај, а втората уште повеќе ме изненади, позитивно! Единствено што ме нервира е што има премногу цензура, на пцуење, голотија итн...​

Главни улоги: Damian Lewis, Claire Danes, Morena Baccarin, David Harewood....​

За што се работи:​

Кога Наредникот Николас Броди кој е сметан за мртов, ќе биде пронајден од страна на ЦИА после осум години заробеништво во Афганистан од страна на Ал Каеда и ќе биде вратен во САД како херој, една агентка на ЦИА се сомнева во неговата приказна уште на самиот почеток и ќе се обиде да докаже дека Наредникот Броди всушност сега работи заедно со Ал Каеда и спрема нов напад врз САД...​

Иако досега има излезено само две епизоди од серијата, нејзиниот рејтинг на IMDB е високи 8.7 поени, што ја прави една од најдобро ренгираните серии за оваа година досега.​

Еве и трејлер, па тие што ќе одлучите да ја погледнете споделете импресии овде!​

Според воа шо го видов на видеото претопоставувам добра е .. !! ама ништо не кажуваме пред време сеа моментално ја симнувам па за неколку часа ке дадам свое мислење .. !! :)
 
нема да згрешиш :)
 
Серијава пријатно ме изненади , ОДЛИЧНА Е!

Ги изгледа двете епизоди? :)
--- надополнето: Oct 15, 2011 11:03 AM ---
Според воа шо го видов на видеото претопоставувам добра е .. !! ама ништо не кажуваме пред време сеа моментално ја симнувам па за неколку часа ке дадам свое мислење .. !! :)

Ако си фан на мистериозни приказни, измами и сл тогаш ќе ти се допадне... Ако си ја гледал Lost тогаш истото нетрпение "што ќе се случи во следната епизода" го има и во оваа серија. Мене ме привлече веднаш :D
 
Ги изгледа двете епизоди? :)
--- надополнето: Oct 15, 2011 11:03 AM ---

Ако си фан на мистериозни приказни, измами и сл тогаш ќе ти се допадне... Ако си ја гледал Lost тогаш истото нетрпение "што ќе се случи во следната епизода" го има и во оваа серија. Мене ме привлече веднаш :D

да да , одлични беа , едвај ја чекам 3тата :)
ти како ја најде серијава ?
 
Случајно пребарувајќи низ една страна за онлајн гледање на филмови и серии барајќи некој интересен филм или серија за гледање бидејќи ми беше досадно. Беше во Top 10 серии со само две епизоди... Ја најдов на IMDB, прочитав сторија и нешто ме измами да ја пуштам. Неможев да си легнам да спијам додека не ги изгледав двете епизоди, иако очите ми се затвораа, гледаш темата е отворена во 5:10 сабајле. :D
--- надополнето: Oct 15, 2011 11:11 AM ---
Episode 3 "Clean Skin" Promo!

Случајно пребарувајќи низ една страна за онлајн гледање на филмови и серии барајќи некој интересен филм или серија за гледање бидејќи ми беше досадно. Беше во Top 10 серии со само две епизоди... Ја најдов на IMDB, прочитав сторија и нешто ме измами да ја пуштам. Неможев да си легнам да спијам додека не ги изгледав двете епизоди, иако очите ми се затвораа, гледаш темата е отворена во 5:10 сабајле. :D
јас уште пред да почне знаев за серијата , ама не очекував дека ќе биде нешто , како и да е , ме изненади ептен откако ја изгледав првата епизода а потоа и втората :)
 
Моментот во гаражата? :mindblowing: :cuc:
 
Кога ја гледав јас серијата пак? За точно цел месец само 2 епизоди ли има излезено.
Во план ми е, не ми остави лош впечаток. А вторава уште ја немам гледано.

Многу аматерска цензура.
 
Почна веќе да се прикажува на Showtime стандард, по една епизода на 7 дена, на 17ти Октомври е третата епизода. Сега засега мене ми е супер и ми се допаѓа ептен, само се надевам дека нема да ја прекинат како некои други серии што имаа потенцијал а никогаш не беа целосно реализирани.

Цензурата и мене ме нервира, има некои сајтови на интернет кои ги имаат ставено епизодите без цензура ама квалитетот на сликата и аудиото е или лоша или синхронизирана и плус немаат превод.
 
Каква цензура?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom