Сето тоа јасно ми е, само сликава е случајно сликана и тоа со мобилен, тогаш уште не го имав земено DSLR.
Јеп ај ноутисд. Поентата ми беше друго, глеам на темава многу мешаат HDR со Tone Maping. Два комплетно различни поими.
Значи вака, според мене, HDR (High Dynamic Range) Image треба да представува слика што е еднаква на тоа што нашето око го гледа. Бидејќи сензорот на апаратот не функционира како нашето око, не ги фаќа сите тоналитети еднакво, затоа со HDR се сликаат најмалку три слики, една светла, една нормална една темна, Од светлата слика се земаат сенките (бидејќи се најсветли таму), од нормалната слика средните тонови, додека од темната слика се земаат светлите тонови (бидејќи се најтемни односно нормални) и притоа се ставаат во една слика, 32битна. Тоа е HDR фотографија, после тоа што луѓето (воедно и јас) правиме Tone Mapping тоа е само артистички ефект, исто као рецимо да ставиш било кој филтер од фотошоп филтрињата.
Пошо Tone Mapping нема потреба од HDR фотка, тоа само си бара 32 битна слика за да може да работи со нејзе, имам правено Tone Mapping слики од обична слика конвертирана во 32 бита, добивам резултат многу сличен на HDR сликите со Tone Mapping, но сепак тоа е само сурреален ефект, малку уникатен што довел до тоа луѓето да го прикачат директно за HDR фотографија.
Еве сега ќе ви покажам еден пример за тоа како се функционира. Специјално за вас направив pseudo hdr од панорама што ја имам правено од стадионов наш. Не е нешто нај нај HDR ама доволно за да покажам што сакам да кажам.
Слика број 1, на 0 EV
Слика број 2, на +1 EV
Слика број 3, на -1 EV
Сега, кога ќе ги им направиме merge на овие три слики со некој engine, јас го преферирам тој на Photoshop, го добиваме HDR резултатот. Од овие три слики, добиваме ова:
Слика број 4, HDR.
Како што може да забележите, сликата број 4 е доста слична на сликата број 1, но на десната страна облаците веќе покажуваат детали, еднаквоста на тоналитетите кај сенките и светлите делови во споредба со слика број 1 е многу поголема. Ова е резултатот што нашето око го гледа кога би го погледнало садионот. Ова е таа правилна HDR фотка. Без Tone Mapping.
Tone Mapping-от дозволува милион различни резултати од една иста фотографија, бидејќи има многу променливи параметри. Мојот фаворит е ова:
Иако Tone Mapping-от делува суреално, на широката маса на луѓе им фаќа око, мене ми е чисто ефектизирање на една фотографија.
Предходно напоменав дека може сличен ефект да се постигне од само една слика претворена во 32бита, и помината низ Tone Mapping.
Еве како тоа изгледа направено од сликата со 0 EV претворена во 32бита
После Tone Mapping
Тоа е тоа, од мене толку
Се надевам барем некој ќе ја воочи разликата помеѓу HDR и Tone Mapping ефектот.