HDR (High Dynamic Range Photography)

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Прегледај го приврзокот 32436

еве ја мојата прва HDR направена од 3 фотографии, ај кажувајте што и фали?
И фали острина, и не ти е многу HDR , HDR от :)
И некако премногу halo имаш околу цветовите и врвовите на планините, недоволно контраст, ако го правиш со фотоматикс намали microcontrast и сите параметри со smoothing. :D

поиграј си со сетинзите :)
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
_MG_6413_4_5_tonemapped_tonemapped1.jpg

а вака поарно ли е?
и не ми се смејте прв пат ми е :D!
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Прегледај го приврзокот 32442

а вака поарно ли е?
и не ми се смејте прв пат ми е :D!
Уф, не. :)

Абе види, прво не се прави HDR од било која слика :)
Цели нешто како првиот обид, но, како да ти објаснам, по остро, по контрастно, по убаво :)

Отвори фотошоп, земи ја првата слика, и отвори ја, ставија вторава како слој врз таа, и намали опасити на слојот со втората слика до 30% рецимо. И стави го вториот слој на оверлеј. :)
--- надополнето: Jul 14, 2011 7:16 PM ---
Нешто вакво би одиграл јас (искрено не би ја играл таа слика воопште, пошо не е баш за HDR, + копозицијата не ми се свиѓа баш највеќе, ама врз основа на тоа што го имаш вака нешто би било, да речеме добро за почетник, ама апла почетник)
 

Attachments

Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
ок фала ај ќе видам натаму кога ќе сликнам нешто друго.
 

Crypter

Апла Зелен...
Член од
6 јуни 2010
Мислења
131
Поени од реакции
48
Средено во енџинот од фотооп, потоа до средено со плагинот од фотоматрикс, па уште до средено со shadows/highlights и ова е финалниот производ.
 

Тетреб

Археолог
Член од
30 март 2011
Мислења
24
Поени од реакции
13
Ама ова е псеудоhdr.
Да, pseudo-HDR е. Сепак е во прашање живо суштество, и колку да се трудиш да ја сликаш 3 пати во истата положба, тешко оди тоа. Затоа најдобро е од 1 слика да се направи HDR.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Да, pseudo-HDR е. Сепак е во прашање живо суштество, и колку да се трудиш да ја сликаш 3 пати во истата положба, тешко оди тоа. Затоа најдобро е од 1 слика да се направи HDR.
WRONG! :D

тебе ти требаат три jpeg слики, а притоа да експозициите ти изгледаат како да се сликани 3пати. Why not using RAW? Вадиш три експозиции од RAW слика, and there you have it, од три jpeg не се ни мучи да вадиш 3 експозиции, конвертирај ја у 32 бита и дирекно плагинот од фотоматикс, боље слика ќе ти искочи :)

Језда тоа приметив, под HDR сите разбираме суреалниот ефект на сликата, а всушност HDR има сасвим различно значење. Сите овие “ефекти“ постигнати овде, се прават и од една слика :). I'll show ya in few mins :D
 

Тетреб

Археолог
Член од
30 март 2011
Мислења
24
Поени од реакции
13
Сето тоа јасно ми е, само сликава е случајно сликана и тоа со мобилен, тогаш уште не го имав земено DSLR.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Сето тоа јасно ми е, само сликава е случајно сликана и тоа со мобилен, тогаш уште не го имав земено DSLR.
Јеп ај ноутисд. Поентата ми беше друго, глеам на темава многу мешаат HDR со Tone Maping. Два комплетно различни поими.

Значи вака, според мене, HDR (High Dynamic Range) Image треба да представува слика што е еднаква на тоа што нашето око го гледа. Бидејќи сензорот на апаратот не функционира како нашето око, не ги фаќа сите тоналитети еднакво, затоа со HDR се сликаат најмалку три слики, една светла, една нормална една темна, Од светлата слика се земаат сенките (бидејќи се најсветли таму), од нормалната слика средните тонови, додека од темната слика се земаат светлите тонови (бидејќи се најтемни односно нормални) и притоа се ставаат во една слика, 32битна. Тоа е HDR фотографија, после тоа што луѓето (воедно и јас) правиме Tone Mapping тоа е само артистички ефект, исто као рецимо да ставиш било кој филтер од фотошоп филтрињата.
Пошо Tone Mapping нема потреба од HDR фотка, тоа само си бара 32 битна слика за да може да работи со нејзе, имам правено Tone Mapping слики од обична слика конвертирана во 32 бита, добивам резултат многу сличен на HDR сликите со Tone Mapping, но сепак тоа е само сурреален ефект, малку уникатен што довел до тоа луѓето да го прикачат директно за HDR фотографија.

Еве сега ќе ви покажам еден пример за тоа како се функционира. Специјално за вас направив pseudo hdr од панорама што ја имам правено од стадионов наш. Не е нешто нај нај HDR ама доволно за да покажам што сакам да кажам. :)

Слика број 1, на 0 EV


Слика број 2, на +1 EV


Слика број 3, на -1 EV


Сега, кога ќе ги им направиме merge на овие три слики со некој engine, јас го преферирам тој на Photoshop, го добиваме HDR резултатот. Од овие три слики, добиваме ова:
Слика број 4, HDR.

Како што може да забележите, сликата број 4 е доста слична на сликата број 1, но на десната страна облаците веќе покажуваат детали, еднаквоста на тоналитетите кај сенките и светлите делови во споредба со слика број 1 е многу поголема. Ова е резултатот што нашето око го гледа кога би го погледнало садионот. Ова е таа правилна HDR фотка. Без Tone Mapping.
Tone Mapping-от дозволува милион различни резултати од една иста фотографија, бидејќи има многу променливи параметри. Мојот фаворит е ова:


Иако Tone Mapping-от делува суреално, на широката маса на луѓе им фаќа око, мене ми е чисто ефектизирање на една фотографија.

Предходно напоменав дека може сличен ефект да се постигне од само една слика претворена во 32бита, и помината низ Tone Mapping.
Еве како тоа изгледа направено од сликата со 0 EV претворена во 32бита


После Tone Mapping


Тоа е тоа, од мене толку :) Се надевам барем некој ќе ја воочи разликата помеѓу HDR и Tone Mapping ефектот.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.490
Поени од реакции
7.994
И чисто информативно, избегнување HDR на луѓе и животни, освен доколку фотографирате во сомнителни светлосни услови, па преку HDR се обидувате да извадите колку може од фотографијата.
Crypter, да фатиш првин да вежбаш композиција, па потоа да се занимаваш со HDR бидејќи фотографијата погоре еее... што би рекол другар ми Роберт „НЕ ЧИНИ“.
 

Crypter

Апла Зелен...
Член од
6 јуни 2010
Мислења
131
Поени од реакции
48
И чисто информативно, избегнување HDR на луѓе и животни, освен доколку фотографирате во сомнителни светлосни услови, па преку HDR се обидувате да извадите колку може од фотографијата.
Crypter, да фатиш првин да вежбаш композиција, па потоа да се занимаваш со HDR бидејќи фотографијата погоре еее... што би рекол другар ми Роберт „НЕ ЧИНИ“.
сликав без сталак, а сликање од рака па потоа подесување не ми вади најубави разултати. И морав само да најдам некое место од каде што би направил фотографија, па фотоапаратот го оставив на тоа мостчето. Мада ова повеќе некако ми беше за тестирање одколку за нешто друго, чисто да видам како би излегло...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.490
Поени од реакции
7.994
Добро, првите 10.000 фотографии служат за да научиш правилно да го држиш апаратот во рака, така да, ништо страшно ;)
 

Crypter

Апла Зелен...
Член од
6 јуни 2010
Мислења
131
Поени од реакции
48
Добро, првите 10.000 фотографии служат за да научиш правилно да го држиш апаратот во рака, така да, ништо страшно ;)
Добро е, ми останале само уште 2.000 фотографии....

И уште недела дена чекање да ми го средат блицот во Refot...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom