Многу се напиздив кога го скинаа Најт Кинг толку лесно во 3 епизода, и покрај 7 сезони билдап, после си викам "Ок ајде сега Серсеј ке биде финалниот бос бар со неа мука ке мачат" , и на крај шо испадна? Се прошетаа во кингс ландинг и ја затрупаа под камен во рок од 40 мин. За на крај главниот villain да биде :
Денерис! Се претвори во фул Мад Квин, се гледаше дека почиња полека да се губи ама дека ке напраи бурн дем ал не очекував, поготово кога овие се предадоа , а она продужи да еба матер.
Едвај чекам да видам последна епизода како ке се справат со неа поготово Џон, земајки во предвид дека дури и неговите лојални трупи тотално одлепија. Дали ке дистанцираат од неа ? Дали ке јаде атентат од Ариа? Ке дознаеме наскоро..ама причина плус што ја обожавам серијава е и покрај сите ебани теории на нетов нема човек кој ни приближно може да предпостави што би се случило, жив пример ти е Денерис,од мој најомилен лик што се надеваш дека ке седне на тронот еден ден , до тотал пироман кој им напраи етничко чистење и молиш бога да ја скине некој задња епизода.
Тоа ти е Игра на Тронове.