Замислете ја епизодава како содржина од книга, две страни максимум. Вака и Хобитот стана трилогија, од едно мало книжуле.
Кога ќе се скараш со логиката, на сцена стапуваат визуелните ефекти чиј сајд ефект е жуто на гаќите. Како визуелен спектакл, океј, но како драмско дело серијата по мене одамна застрани од тој пат. Нема ни да навлегувам во нелогичностите и фактот што целата структура на градот гореше како картон. Нуклеарка ќе направеше помалку штета, но' тоа е. Веројатно тоа била и целата, да се стави повеќе акцент на визуелниот дел, во обид да се компензира за другите недостатоци.
Содржински нема што да се коментира епизодава, очигледно фокусот не бил насочен во тој правец. Јасно беше дека Денерис ќе го запали градот, друга алтернатива за епизодата и немаше. Се гледа дека последниве неколку сезони се градени врз фрагменти од нејзините почетоци. Затоа и приказната нема голема флексибилност, затоа што кризира од неиновативност и содржинска безидејност.