Значи напоменав дека сликата е најбазична тактика ова, таман работа да не еволуирале луѓето повеќе од тоа.
Во однос на зомбињата, Дотраките требаа да седат на страна и кога зомбињата и вангардот ќе дојдоа во контакт да нападнат од страна или од позади.
Не знам зошто толку еднодимензионално гледате, не се впуштам во дебатава бидејќи тоа е што е, сметав дека нема потреба да дискутираме за тактиките али на крај краја ако толку ви се бранат логички дупки тогаш ај бранете ги овие ; катапултите и трибушеата беа на фронт - лудило! Никој нормален ова не би го направил, требаа да бидат најпозади и континуирано да ги бомбардираат зомбите а не да престанат по еден волеј. Унсулид беа позади, требаа да бидат на фронт бидејќи се фаланга те имаат долги копја и штитови а имаат и меч за во блиска борба, имаше само еден ров кој беше позади целата војска. Повторно, лудило! Наместо да ја жртвуваа цела војска можеа да направат повеќе ровови и тоа пред нивната војска за да кога би имало пробив како што имаше (нели кога почнаа да се фрлаат по наредба на НК), војската ќе ги контролираше овие теснеци и немаше да дозволат да се пробијат зомбите. Дајнерис и Џон пола тепачка ја поминаа летајќи наваму натаму наместо да ги палат зомбињата. Дојде бурата да но дојде подоцна кога се обидоа да ги нападнат ВВ офицерите. Џон дури и во еден дел си слета со змејот и си разгледуваше пејсаж. Сите главни ликови те офицерите беа во вангард - среќа никој битен не згина, истите тие немаа шлемови (со исклучок на Гејворм), среќа беа главни ликови па во текот на битката ништо не ги гибна по глава. Како за крај Винтерфел не беше спремен за да се справи со сериозна опсада, да набројам некои поважни работи :
Moats*
Machicolations
Порта/Gatehouse
Drawbridge
*Зомбите нели не можат да поминат преку вода, зошто не направија моатс и во меѓувреме "артелиријата" и змејовите ќе убиваа стотици ако не и илјадници зомбиња по секое салво? Исто така можеа да ископаат и повеќе редови на ровови исполенти со драгон глас.
Исто така чим сакате да разглабаме, обсидиан - рудата од која се прави драгон глас,
е речиси невозможна да се обработи со модерни техники, Гендри курац ќе направи било какво оружје.
Не да се правам генерал али ако просечен човек кој се занимава со историја на војување како обично хоби, не ни можам да замислам што се ќе му истекне на некој професионалец.