Бран типов лабаво им вели ви го поебаа змејот че ни расплачат маме сега, овие не трепнаа...добро дечко од кај знаеш ти такви ствари, дај да му ја мислиме некако леден змеј не е шала...никаква реакција. Ама змејот каква фаца напраи пред да се ебат ехехехехе.
Целото третирање на ликот на Бран во серијава е тотален нонсенс уште од почетокот. Ликот игра најважна улога во универзумот, а никогаш не го претставија како нешто повеќе од еднодимензионален лик, од обичен набљудувач. Не може единствениот лик што испомеша тајмлајни, влезе во перцепцијата на Најт Кинг и направи триста други срања, да не биде центар на внимание кога сите останати ликови се собираат околу него. Како што велиш, тој кажува абе има таму некој змеј преобратен е, а Џон Сноу е оглупавен до немајкаде, умот му е во клецање.
Друго што ме изнервира е следново - Сем дознава дека татко му и брат му се отепани (како кога жена те вара, сите знаат освен ти, ама ајде), излегува од библиотеката или што и да беше, и налетува на Бран, значи буквално налетува на него. Овој му вели - абе оди кажи му ја вистината на Џон Сноу, и овој абе да уствари јас цело време сум присутен во сижето што го следат гледачите, ама ич не ми текна дека поминав седум сезони во ебање на Гили и читање книги, па заборавив за што сум дојден и уште си читам и пишувам под газиена ламба.
После Сем оди и му вели на Џон Сноу абе вака да знаеш, ти си ова и ова и точка, Сноу мисли само абе таман се исклецав ми го кажуваш ова, малку зачинетост за гледачите дека си ја ебав потенцијалната сестра.
Заклучокот ми е, ако Сем не го сретнеше Бран случајно, тогаш немаше ни да оди кај Сноу, туку ќе читаше книги. Тоа е таа неспретност во сценариото, мрзеливост на нешто да му се даде логика. Абе го решаваш во три кадри - на почетокот го покажуваш Сем како го бара Сноу, не го наоѓа, после го бара пак, па третиот пат се среќава со Бран затоа што очигледно детето си седи во количката и пуштило корења, па потоа оди кај Сноу. Толку треба за да не изгледа нешто нелогично, избрзано или патетично.
ама тоа немање време ич не е оправдување, јас еве за милион долари прашање зашо мислам е оваа последна сезона - не знам, комотно можеа уште да развиваат политика зашеќерена со повремената акција како фикс и пак ќе ја сркавме минимум 2 3 сезони комотно, не е ова да завршиме на време и квалитетно, се осеќа коа е време за тоа, ко шо беше брејкинг бед рецимо, ми се мати ум демек скапи станале епизодите за снимање, али секад може да се најде компромиси.
Ниту едното ниту другото нема оправдување. Немање време - за каде се брзаат? Зошто им требаше цела една сезона за да ја претстават религијата во Кингс Лендинг како нешто непотребно? Зошто дебелиот Сем ја изнаеба Гили кога можеше по шорткат да оди да чита книги? Зошто имаше misleading subplots како Лејди Стоунхард и сл? Поголемо губење време од тоа амин.
ГоТ е најгледана серија во светот и би го држела приматот до кога што сака. Епската форма на раскажување дава милион можности, ете Брејкинг Бед следеше една приказна со неколку subplots, а во ГоТ можеш да црпиш материјал до утре и да развиваш ликови и никој да не се буни.
Другото, дека епизодите биле скапи за снимање. Па не ставај сиџиај монтажна секвенца од двајца кај што пет минути летаат змејови за да се исклецаат во природа. Ама не може така затоа што новата публика на ГоТ сака да гледа летање змејови и ќе летаат, немаат избор кутрите. Нема оправдување и тоа е.
Се сеќавам дека ја гледам серијава од првата епизода кога излезе. Ако ја пуштам првата епизода и ја споредам со оваа, ќе паднам во депресија. А целиот сетинг им е ист освен змејовите.
п.с. она за што ми е премака е дека и џуџето го оглупавија на ниво на Џои од Френдс.