Game of Thrones

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
И не, не збореа каде ќе одат, знаеја само дека ќе одат преку Ѕидот. Кучето им ја покажа планината (што му се прикажа пред некоја епизода) во текот на патувањето и тргнаа накај неа, а Гендри беше првпат преку Ѕидот, он не знае каде се наоѓа, како ќе објасни преку гавран каде се? Ја не знам ни Гендри како се врати кај што треба, освен ако има милион значки од американските скаути. Истиот Гендри што кажа дека првпат гледа снег у животот успеа да се снајде во најснежниот дел на Вестерос. Страшни plot holes.
Gendry сите океани во Westeros ги превесла со кајче без компас и вода, та за еден ѕид од 600 метра е проблем да го најде. Пичкин дим.

Денес конечно ја изгледав шестава на раат, партали епизода! Guilty pleasure at its finest. Знам дека има кринџи дијалог на моменти и нелогични ствари али сакам уште. Кокаин серија. :)

GoT е сеуште cream of the crop сериja. <3

П.С. Ми текна еден рандом завршеток на серијава. Замисли наредната епизода се истепаат сите херои и змаеви со Night King и кој остане жив иде у борба против, wait for it, The Ultimate Queen Cersei. Нешо као на флиперите - таман си се израдувал ти излага главната кралица. Тоа би било најнеочекуваниот антиклиматичен крај за паметење. :pos:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
И Серсеи полудува па Џејми мора да ја кокне. :D Then what? :D
 
Член од
26 февруари 2017
Мислења
14
Поени од реакции
20
По нормално,ќе беше Бенџен да ги спаси од тој каменот сред езерото.Па бегајќи накај Eastwatch да си се тепаат со WW одвреме навреме (сепак Бенџен е позади Sидот веќе 5-6 сезони знае кај да се скрие) нормално некој ќе требаше да умре по пат ( да речеме Тормунд).И баш пред Eastwatch да улета Даниела.Се разбира тука пак ќе си умре еден од змејовите,и нит синџири нит бутур.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
како па одговорни се овие мртвите, одма најдоа синџири за да го влечат змејот, и опрема имат за сва времена :pos:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Чеј да прашам јас нешто. Оти дибеков целеше кон најневажната цел во целана битка? Можеше да го прободе Џон,типот шо има убиено walker-и или Денерис, типката која ги контролира змејовите или Дрогон, змејон шо е на земја и ги пржи зомбињата. Тибам логиката....
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Gendry сите океани во Westeros ги превесла со кајче без компас и вода, та за еден ѕид од 600 метра е проблем да го најде. Пичкин дим.
Не заебавај. 600 е премногу. 100-200 метри нека е
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.606
Поени од реакции
12.390
Како уште нема меме како рандом фаца од Вестерос е тРамп, а вокериве се мексиканци ?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Што ако приказната заврши на ист начин како што почна? Со Брен како гледа инцест? Само сега Џон и Даенерис ќе се клецаат место Серси и Џејми.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Чеј да прашам јас нешто. Оти дибеков целеше кон најневажната цел во целана битка? Можеше да го прободе Џон,типот шо има убиено walker-и или Денерис, типката која ги контролира змејовите или Дрогон, змејон шо е на земја и ги пржи зомбињата. Тибам логиката....
У име на логиката и на здравиот разум, јас верувам дека фактот што Страшо чекаше и не ја напаѓаше дружината беше заради тоа што знаеше дека Денерис има змејови и дека ќе дојде позади ѕидот, а нему му треба едно супер оружје како леден змеј. Ако тоа не е така тогаш е пропуст од невидени размери што тотално ми ја руши концепцијата на серијата.

А зошто не го гаѓаше дрогон туку другиот змеј, јеби га, тоа е мала нелогичност но ништо битно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom