Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Нека стават лајк сите што му се деревте на Рикон да трча цик - цак, а не не слушна...

П.С Јас сум еден од тие што не ја гледале ГоТ од почеток (почнав од 5-та), така да после последнава епизода од оваа сезона почнувам од прва (спремни се 160 гига за гледање)
Сакаш да кажеш дека ги немаш гледано првите четири сезони?
 
Да ја гледаш само последнава епизода од ГОТ без да ги гледаш другите е како да искочиш на раскрсница на Партизанска со превез на очи и да очекуваш да се снајдеш во хаосот:icon_mrgr:
 
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Не постои коментар што достојно ќе ја опиши епизодава, дефинитивно најдобрата во цела серија воопшто.
Срцето ми застанваше на секоја секунда, не знам како не ме стрефи удар.. Солзи пролеав за цело столетие.

КИНГ ЏОН! :cuc:
Ако некој заслужува да носи титула крал од сите ликови во серијава тоа е Џон..
Ненадминлива храброст, моментот кога застана сам пред коњаниците на Болтон беше најмоќното нешто што сум го видела до сега..

ter.jpg


Овој момент - ежење :vozbud:

Да не беше Санса да го повика Бејлиш ќе беше пропаст, но мислам дека всушност сега Старкови добија уште пожесток непријател од Ремзи, Литлфингр нема така да го остави Винтерфел на Старкови.. Сигурно во план му е да се ожени со Санса и да ја убие како што направи со Лајза Ерин а во меѓувреме да му го скрои и крајот на Џон, но дали ќе му оди според планот ќе видиме..
Мислам дека пеколот на Старкови допрв почнува, а искрено имам и мала надеж дека уствари Санса го има овој план, да се ослободи од Литлфингр и да остани сама господарка на северот но не и стигаат силите а ни паметот до таму засега..

Што биде нека биде само Џон да остане жив, пред оваа епизода имав онакво meh чувство како рандом добар лик ама после оваа епизода стекнав огромна почит кон него.. :bravobe:
 
Види го овој од 5та сезона почнал да гледа, изгледал две сезони и сеа ќе ги гледа првите четири. :ROFLMAO:

Јбг, почнав од 5-та. Али тоа што го научив и го знам за серијата треба да го изгледам од прва :)
 
Јбг, почнав од 5-та. Али тоа што го научив и го знам за серијата треба да го изгледам од прва :)
Стелт брат, не може серијата да ти е јасна ако си почнал од 5-та сезона да гледаш. Премногу е заплеткана и премногу ликови и дешавки има... Не знам зошто си губел време да гледаш од 5-та сезона, чим си видел дека ти е ок требало од прва да почнеш.
 
Нека стават лајк сите што му се деревте на Рикон да трча цик - цак, а не не слушна...

П.С Јас сум еден од тие што не ја гледале ГоТ од почеток (почнав од 5-та), така да после последнава епизода од оваа сезона почнувам од прва (спремни се 160 гига за гледање)
Мислам дека си единствен што ја почнал од 5та сезона.
Па не е ова Prison break бе човек. Одма почнувај од s01e01.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Пошто синоќа ме еба стримот максимално и пола јаки сцени ги испуштив сега ќе си ја изгледам на раат со убава резолуција.
 
Секоја чест за епизодава...

Мислев дека битката на ѕидот не може да ја надмине некоја друга битка, али, еве, прекрасен демант. И кадри, и масовност, и квалитет, и битка. Има некои елементи што се тешки за да ги голтнеш како логика, како на пример трчањето право на Рикон, ама како што викаат сите, имаш змејови во серија, ти пречи трчањето на Рикон.

Преголема симболика има во сцената со Ремзи и кучињата, затоа што таа симболика ја гледаме и денес. Имаш луѓе кои ти се верни цел живот, и штом малку ги турнеш, ке се свртат против тебе, иако си ги хранел цел живот.

Пак ке кажам, феноменална епизода.
 
Очекувано дејство и расплет на битката и иако имаше малку премногу крв и напорни сцени за мојот вкус сепак мора да се каже дека ова е ремек дело на филмската уметност. Маестрално изработена беше битката.

Сличен впечаток имам и за настаните во Мерин.
 
Не дека не знаевме ама после епизодава кој ќе каже дека ГОТ е преценето срање, го прави тоа од инат и ништо друго. Сте опфатиле се денес гледам, тоа е тоа, епизодава 2-3 пати треба да се изгледа за да се обрне убаво внимание на деталите зошто сите сме биле напети како да гледаме утакмица :D
Даенерис веќе иритира, или ќе дојде со змејот и ќе запали некого (100 пати видено) или ќе пороби некој град, ова со Јара е добар почеток, да видиме малце некој нормален сојуз нејзин, не само со некои дилер4иња на робови.
 
Која е иронијата, еден ''џин'' направи Hold The Door а другиот ЏИН направи Brake The Door, и двајцата завршија исто (како херои :P)
 
Не дека не знаевме ама после епизодава кој ќе каже дека ГОТ е преценето срање, го прави тоа од инат и ништо друго. Сте опфатиле се денес гледам, тоа е тоа, епизодава 2-3 пати треба да се изгледа за да се обрне убаво внимание на деталите зошто сите сме биле напети како да гледаме утакмица :D
Даенерис веќе иритира, или ќе дојде со змејот и ќе запали некого (100 пати видено) или ќе пороби некој град, ова со Јара е добар почеток, да видиме малце некој нормален сојуз нејзин, не само со некои дилер4иња на робови.

Мислам дека со Јара ќе имаат нешто повеќе од сојуз :)))
 
И замислете на крај да излезе дека Рикон, не бил уствари Рикон. You know.. many faces god and stuff ..

Се некако ме влече дека ова со many faces god, ќе биде некој што најмалку ќе очекуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom