Супер епизода. Според очекувањата.
Бејлиш е многу остроумен манипулатор, но мислам дека Санса му ја знае слабата точка, а тоа е самата таа. Згора на сѐ таа е сведок на случката кога ја турна тетка ѝ в ендек. Можеби тука ќе киксне литлфингр.
За Рикон не се потресов воопшто кога го скинаа, не знам зошто. Можеби дека го немаше толку време и никаква приказна не се вртеше околу него за да се стекне со симпатии или пак одбивност.
Калиси со она бродовите го отече... Не за битката, туку за да премини во Вестерос. Кај немаше бродови, немаше. Ај шо не ѝ текна онаа шумата да ја сотри кај шо ја најдоја хуните па да направи некое бротче не ѝ текна. Сега има 100 бродови од железните, и од господарите бродовите и пак малце и биле. Оваа да не сака од еднаш цел континент да го пресели на другата страна?
Кога сме кај хуните, како се појавија индијански.
Му летна глата на синот од харпијата.
За џинот ми беше криво. Сепак кога има џинови, деца од шумата, змејови, волци и сл. серијата добива на шмек. Штета.