Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен клучна сцена испадна оваа, ме заинтересира да го погледнам пак овој дел. Интересно е дека Берик потенцира дека при секое враќање од мртвите тој е нешто помалку

"Every time I come back, I'm a bit less. Pieces of you get chipped away."
 
На Велигден го воскреснаа, сеа на Mothers Day (што и да е ова) изгледа ќе ја дознаеме (т.е. ќе ни ја потврдат) и вистината за мајка му. :D
 
Ептен клучна сцена испадна оваа, ме заинтересира да го погледнам пак овој дел. Интересно е дека Берик потенцира дека при секое враќање од мртвите тој е нешто помалку

"Every time I come back, I'm a bit less. Pieces of you get chipped away."
Па нормално дека е ''нешто помалку'' вика ''Pieces of you get chipped away" у стил човекот е без око, за тоа Арија го прашува дали може да врати човек без глава...

Се барате нешто подлабоко во секој збор па после ќе излезе тапа било, вака било, онака било, ама во книгите имаше подобри дијалози, бла бла бла...
 
Берик Дондарион го вратија две минути после смртта, барем во она воскреснување што ние го видовме. Џон Сноу после два дена. Можеби колку подолго си мртов пред да те вратат, толку помалку од тебе се враќа. Берик изгледаше колку-толку во ред, духовно, лузните на страна. Ама не знаеме колку од стариот Џон ќе се врати. Можеби нема да се сеќава на ништо. Можеби ќе стане психопат од типот на Ремзи или Џофри. Можеби ќе почне да комуницира само со еден збор и сите ќе почнат да го именуваат по тој збор. Stay tuned and find out.
 
И претпоставувам ако се биде во ред со него ќе излезе тапа серијава пошто Берик кажал ''секогаш кога се враќаш ти фали по некој дел'' (мислејќи на окото и лузните) а на Џон ништо не му фалело и така креаториве забегале му ја уништиле работата на Мартин и во книгите имало многу подобри дијалози...
 
Поприлично сум сигурен дека Берик не мислеше (само) на физичките последици од воскреснувањата. Ќе видиме утре каков ќе биде Џон. Лузните ќе му стојат сигурно.
 
Јака епизода. Кореографијата пред Tower of Joy многу ме бендиса.

Мај факинг год, и Рикон пораснал УМП. Ист ко брат му е :D. Се надевам Оша ќе преживее (за Рикон сум скоро 100 сигурен).

Томен паѓа во пјажината на Хај Спероу, that'll be interesting descent in fanaticism.

Snow has left the building!

Ииииии Арија повторно гледа и станува се по-badass :D

А што е фората со Lyanna? И Tower of Joy?

Се работи за приказна каде можеме да добиеме увид за потеклото на Џон Сноу, или ако тајната не е за тоа, да видиме за што се работи (башка и приказната околу Артур Дејн и Нед). Таа тајна која Нед Старк ја имаше чувано сите тие години. Не ја дадоа во целост таа приказна ваљда за да хајпнат луѓе за наредната епизода.
 
Мераци...:D
KINi5tw.jpg
 
И Сем и Гили се тука да не ги заборавиме. Клучна сцена: 10 мин. повраќаше.
Ако навлезат во тој дел од приказната ќе стане интересно. Oldtown, Citadel и Maester-ите се огромен потенцијал за мистична и возбудлива приказна а единствена конекција со нив моментално се Sam и Gilly.

Разбирливо што го сецнаа Tower of Joy, меѓутоа борбата беше задоволителна. Седумина против Ser Arthur Dayne и пак ги победи. Легенда!

Уживам во секоја сцена со бабата. Olenna и Kevan Lannister ќе ги размрдаат малку работите во King's Landing.

Ме интересира што ќе му даде Ramsey на Rickon Stark како подарок за матурска (Shaggydog на скара?). :D

Единствена замерка, т.е. цепидлачење ми е сцената на Tyrion, Grey Worm и Missandei и очајниот обид за хумор. Немаше потреба од comic relief во толку добро скоцкана епизода, посебно не со толку лошо смислен дијалог и изведба. Фејл во сценарио!

9.5/10 Партали епизода
 
Убава, но спора епизода, што и се очекуваше после толку настани што се изнадесија во првите две.

Се си беше на место, Џон ги ја напушти стражата во голем стил, а исто во свој стил замина и Алистер Торн.
Алал да му е на актерот и на продуцентите, направија од Алистер еден од најинтересните и најдобро претставени споредни ликови. До крај остана верен на своите принципи, верен на стражата.

Зошто беше толку долга сцената со Сем и Гили не знам, само знам дека е џабе потрошено време, а и Тирион со Црвот и Мисандето многу не се прослави.

Флешбекот ми се допадна, можеби е добро што не ја прикажаа цела сторија во оваа епизода, многу ќе беше толку големи откритија да се случуваат наеднаш уште во првите епизоди.

Овие северњациве ич нешто не ми се допаѓаат, како толку сите наеднаш решија да го следат Ремзи, знам дека секој од нив има некое логично објаснување, но Карстар и Умбер беа едни од најлојалните на Старк, штета ако и Рикон оди на долгиот список жртви на психопатот. (не знам дали мене ми се виде, но Рикон е повисок од Ремзи, си растат децата :D)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom