Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
У ствари не беа тие две лоши шеги воопшто, споредено со некои поочајни од претходните епизоди., посебно со Пајсел, сите знаеме дека е стар прдло и кукавица, сцената одлично го прикажа.
 
Па како нема да погодат се, сите можни теории ги изнапишаа, нормално е дека некоја ќе се оствари... Милионски аудиториум секој ден шпекулира, Редит гори, сите овие нови теории што се тука пишани во стилот Рикон е тројански коњ, од кај мислиш дека се? На Спасе од Свирипичино му текнало? :)
Така е ние што ја пратиме серијата со години немаме мозок да размислуваме туку мораме да читаме по странски форуми за да ни дојде некоја идеја што би можело да се случи.
 
Па како нема да погодат се, сите можни теории ги изнапишаа, нормално е дека некоја ќе се оствари... Милионски аудиториум секој ден шпекулира, Редит гори, сите овие нови теории што се тука пишани во стилот Рикон е тројански коњ, од кај мислиш дека се? На Спасе од Свирипичино му текнало? :)
Што демек ние глупи па не може да ни текне некоја теорија и мора од редит и странски форуми да прочитаме? :)
 
Ептен се креативни во деловите со Даенерис, секоја ебана епизода

4696bc8109368665295f0ac2e03b2af9.jpg
 
Сценава беше меастрална, неколку пати ја гледав, се подобра станува.
Едина мала замерка би била и во претходниот флешбек, нема потреба толку преку дијалог и со зборови да се објаснуваат некои работи, како на пример кој е Нед, кој е Халанд Рид, па претходно дека девојката што дојава во дворот е Лијана, дека малите во дворот се Нед и браќата, на секој малце подетално што ја прати серијата јасни му се тие работи и без објаснување.
Но ги разбирам продуцентите зошто го прават тоа, за гледачите кои не ги читале книгите или не читаат статии или гледаат дополнителни видеа за GOT и АSOIAF универзумот да знаат што се случува.
 
Ако навлезат во тој дел од приказната ќе стане интересно. Oldtown, Citadel и Maester-ите се огромен потенцијал за мистична и возбудлива приказна а единствена конекција со нив моментално се Sam и Gilly.

Тука се согласувам. Затоа изгледа почнаа уште од ланската година ептен да ги форсираат овие двајца, и сега има смисла зошто. Изгледа имаат дебел материјал за презентација или снимање (ако продолжи за наредната сезона), за баш овие места.

Разбирливо што го сецнаа Tower of Joy, меѓутоа борбата беше задоволителна. Седумина против Ser Arthur Dayne и пак ги победи. Легенда!

Поправи ме ако грешам, ама не требаше да бидат седуммина против тројца? Ние видовме двајца таму, едниот го кокнаа прилично брзо, а Дејн остана жив. Подолго де. Остана жив подолго :D. Него кој беше третиот и зошто го немаше во одборот за пречек?

Уживам во секоја сцена со бабата. Olenna и Kevan Lannister ќе ги размрдаат малку работите во King's Landing.

Еејјјј, гледаш, знаев дека заборавив да искоментирам нешто. Олена иако знае што се случува по градов со тие што јадат гомна за Серси и Франкенпланина, и пак гајле нема со Серси и покрај тоа што он е таму да ја направи бербат ремет и извреѓа на classy начин :D. Значи крај! :cuc: #ollenaforthethrone

Едино друго нешто што беше интересно за мене лично беше што го спомнаа Волантис, во делот кај Мирин, како дел од заговарачите. Астапор и Јункаи сфаќам зошто засукале ракави, ама Волантис не беше чепнат од Дени. Пошто го вмешаа во приказнава, мислиш дека ни следува и Волантис сетинг? :D Се надевам нема да го заебат зошто веќе го поебаа Дорн, а Волантис ми е едно од поинтересните места од Езос каде се надевам ќе прикажат нешто пообемно (има доста материјал за обработка).
 
Тука се согласувам. Затоа изгледа почнаа уште од ланската година ептен да ги форсираат овие двајца, и сега има смисла зошто. Изгледа имаат дебел материјал за презентација или снимање (ако продолжи за наредната сезона), за баш овие места.

Претпоставувам дека Сем ќе има голема улога наредната сезона, мислам дека ќе научи или ќе ископа матријал во Citadel за како да се победат The White Walkers зошто едно е да убиеш еден со тие ножињата, друго е цела армија и заедно со Џон Сноу ќе се борат(предводат) битката со Белите додека Дени(дур се врати и среди ситуацијата во Мирин ќе пројде цела сезона) во 7ма сезона ќе ја освојува и управува другата страна и кога конечно ќе заврши у 8ма(ако ја има) ќе дојде со Тирион и змејовите и ќе ги уништи засекогаш Белите(јер губеле од Џон и Сем, ама извадиле некое тајно оружје/ тактика/магија и им удриле контра напад).

Инаку серијава е врв и има потенцијал за 20 сезони а не за 8, штета што се под HBO да беше некоја друга компанија мислам ќе ги тераа на долго и убаво ќе објаснеа за сите приказни.
 
Сите растат само бебево на Гили не,5 сезони е во количка и цица.
Тој проблем го има постојано во серијата, затоа што не сите приказни се одвиваат на истиот тајмлајн. Наједноставно ми е да објаснам со примерот од почетокот на оваа сезона. Приказната за Џон продолжи уште од наредниот ден помалку од 24 часа додека пример приказната на Џејми продолжи неколку недели или месеци подоцна како што објасни некој претходно на темава дека трае патувањето од Дорн до Кинг Лендинг
 
Мислам дека мало детенце не им се уклапа во приказната,бидејки 6 сезони се во прашање а тајмлајните се среќаваат. Пример бран беше мал,го виде џон, порасна, бебево гајле нема.
 
Еј Варис кога и збореше на онаа Вала, кога откриваше кој ги води Sons of the Harpy.

Оваа му вика:
- The Unsullied and the Second Sons are foreign soldiers brought here by a foreign queen to destroy our city and our history.

Варис = Сорос?

Stop it Vala, you're eating ВМРО propaganda!
 
Птичките се Соросоиди, а? :pos:
 
И да кажам, Денерис и нејзината приказна се најдосадното нешто во серијава, не само сега, од првата сезона е така.

u prva sezona baram ja siluvaa.od togas navamu ne siluva ona so glumata
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom