D
Darko_ufo
Гостин
И претпоставувам ако се биде во ред со него ќе излезе тапа серијава пошто Берик кажал ''секогаш кога се враќаш ти фали по некој дел'' (мислејќи на окото и лузните) а на Џон ништо не му фалело и така креаториве забегале му ја уништиле работата на Мартин и во книгите имало многу подобри дијалози...Берик Дондарион го вратија две минути после смртта, барем во она воскреснување што ние го видовме. Џон Сноу после два дена. Можеби колку подолго си мртов пред да те вратат, толку помалку од тебе се враќа. Берик изгледаше колку-толку во ред, духовно, лузните на страна. Ама не знаеме колку од стариот Џон ќе се врати. Можеби нема да се сеќава на ништо. Можеби ќе стане психопат од типот на Ремзи или Џофри. Можеби ќе почне да комуницира само со еден збор и сите ќе почнат да го именуваат по тој збор. Stay tuned and find out.