Убава, но спора епизода, што и се очекуваше после толку настани што се изнадесија во првите две.
Се си беше на место, Џон ги ја напушти стражата во голем стил, а исто во свој стил замина и Алистер Торн.
Алал да му е на актерот и на продуцентите, направија од Алистер еден од најинтересните и најдобро претставени споредни ликови. До крај остана верен на своите принципи, верен на стражата.
Зошто беше толку долга сцената со Сем и Гили не знам, само знам дека е џабе потрошено време, а и Тирион со Црвот и Мисандето многу не се прослави.
Флешбекот ми се допадна, можеби е добро што не ја прикажаа цела сторија во оваа епизода, многу ќе беше толку големи откритија да се случуваат наеднаш уште во првите епизоди.
Овие северњациве ич нешто не ми се допаѓаат, како толку сите наеднаш решија да го следат Ремзи, знам дека секој од нив има некое логично објаснување, но Карстар и Умбер беа едни од најлојалните на Старк, штета ако и Рикон оди на долгиот список жртви на психопатот. (не знам дали мене ми се виде, но Рикон е повисок од Ремзи, си растат децата

)