ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.973
- Поени од реакции
- 57.795
- Возраст
- 34
Вака, прво можеби можам да појаснам некои работи. Најбитно за битката меѓу Станис и Болтони, се чудите за големата војска на Болтонците. Мора да имате на ум, војската не се состои само од куќата на Болтони. Како владетели на Северот, на нив им се потчинети огромен број останати куќи, кој од страв (а кој не би се плашел реално), кој од традиција. Може да ја ѕирнете игрицата што е од Telltale games, може да ја игра секој што знае да притиска копчиња на тастатура и да го движи маусот, многу е интересна пошто е полна со дијалози, не е онака тепање, баш спротивно. Мислам дека би ви дала увид во тоа како стојат работите и како се одвиваат политиките во овој фиктивен свет.
И причината зашто му ја отворија врата од Night's Watch на Џон, па тек сега го убија, мислев дека е очигледна. Станис. Џон „си го имаше“ со Станис, ви текнува дека на крајот од минатата сезона Станис кажа дека го познавал татко му и дека поради тоа го почитува Џон. Такашто овие од Night's Watch беа свесни дека ако Станис победи, а они го кикнат Џон, на овој нема да му биде сеедно. Изгуби Станис, отиде и leverage-от на Џон, тоа е тоа.
Најпрво за второво, нема баш логика, јер Џон умира и у книгите (не е спојлер ова, нели) а таму Станис уште не е поразен.
За Станис also. Се сеќаваш на пораката што ја доби Станис од сестрата на Ser Jorah Mormont дека Мечкините острови не признаваат Крал чие име не е Старк. Moжеби има баеѓи вазални куќи од Северот кои се на страната на Болтон, ама ако имаат шанса да бидат со Станис, сигурно би го одбрале него.
Едноставно е, во епизодава и се докажа дека продуцентиве го хејтале ликот на Станис, за разлика од (па не претерувам) 90% од регуларните читачи на книгите. Војната ја изгуби ради многу причини, ама конкретнава битка ја изгуби ради тоа што selswords кои му избегаа, се продадоа за Болтон. Ти текиња на сцената у која Руз кажуваше како Станис може да ги сјебе јер има голема коњаница? Не потенцираа дека овие му свртеа грб, ама очигледно беше. Одеднаш Болтон добива огромна коњаница.
Има две опции за тоа: Или платениците на Станис дошле на Болтонова страна,
или втората,
малку поневеројатна, тоа да се најдобрите коњаници кои ги знае Вестерос, Knights of the Vale кои како што знаеме се под команда на Литлфингер.
Но, да се навратиме на пошироката слика за Станис, ко шо реков, очигледно тоа им беше целта, да претстават скроз друг Станис од тој кој го претставил GRRM, односно од тој кој огромното мнозинство на читателите го видело.
Во шоуво Станис ни беше скроз рамнодушен лик од старт. За Ренли бевме уште порамнодушни па затоа shadow убиството не го величевме многу. Во blackwater bay исто, тешко дека некој навиваше за Станис пошто Тирион беше на спротивната страна. Тек после откако дое Тајвин, можеби симпатиите за Станис беа поголеми. Имаше многу замерки кон него (show Станис), од мене лично па премногу, не го сфаќаф хајпот што читателите го имаа за него, јер беше душбег.
Таков и остана во серијата. Сезонава навивавме за него јер лани го спаси ѕидот на мадафакерски начин и најважното, оваа сезона одеше на битка против Болтонови, копиљината кои ги предадоа Старкс. После дојде моментот со Ширин и така...
Ако за другиве ликови, D&D немале јасна визија до лани на пример, шо ќе прават со нив, за Станис мислам дека од старт им било целта да го прикажат во вакво светло. Пошто не случајно направија и main book change уште минатата сезона кога го пратија Станис (и Давос) во Iron Bank. Испаѓа дека тоа беше само билд ап за дополнителен негов анти удар во битката за Винтерфел.
Со парите од банката купи бродови и sellswords. Коа дојде време за вистинска битка, тие му го свртеа грбот, дел од нив дезертираа, дел (ко што реков, не потврдија ама е факинг логично) преминаа кај Болтон. Кој ќе го плати долгот на банката, останува да видиме.

иако ја немаше којзнае колку последниве епизоди.



