Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Вака, прво можеби можам да појаснам некои работи. Најбитно за битката меѓу Станис и Болтони, се чудите за големата војска на Болтонците. Мора да имате на ум, војската не се состои само од куќата на Болтони. Како владетели на Северот, на нив им се потчинети огромен број останати куќи, кој од страв (а кој не би се плашел реално), кој од традиција. Може да ја ѕирнете игрицата што е од Telltale games, може да ја игра секој што знае да притиска копчиња на тастатура и да го движи маусот, многу е интересна пошто е полна со дијалози, не е онака тепање, баш спротивно. Мислам дека би ви дала увид во тоа како стојат работите и како се одвиваат политиките во овој фиктивен свет.

И причината зашто му ја отворија врата од Night's Watch на Џон, па тек сега го убија, мислев дека е очигледна. Станис. Џон „си го имаше“ со Станис, ви текнува дека на крајот од минатата сезона Станис кажа дека го познавал татко му и дека поради тоа го почитува Џон. Такашто овие од Night's Watch беа свесни дека ако Станис победи, а они го кикнат Џон, на овој нема да му биде сеедно. Изгуби Станис, отиде и leverage-от на Џон, тоа е тоа.

Најпрво за второво, нема баш логика, јер Џон умира и у книгите (не е спојлер ова, нели) а таму Станис уште не е поразен.

За Станис also. Се сеќаваш на пораката што ја доби Станис од сестрата на Ser Jorah Mormont дека Мечкините острови не признаваат Крал чие име не е Старк. Moжеби има баеѓи вазални куќи од Северот кои се на страната на Болтон, ама ако имаат шанса да бидат со Станис, сигурно би го одбрале него.

Едноставно е, во епизодава и се докажа дека продуцентиве го хејтале ликот на Станис, за разлика од (па не претерувам) 90% од регуларните читачи на книгите. Војната ја изгуби ради многу причини, ама конкретнава битка ја изгуби ради тоа што selswords кои му избегаа, се продадоа за Болтон. Ти текиња на сцената у која Руз кажуваше како Станис може да ги сјебе јер има голема коњаница? Не потенцираа дека овие му свртеа грб, ама очигледно беше. Одеднаш Болтон добива огромна коњаница.

Има две опции за тоа: Или платениците на Станис дошле на Болтонова страна,
или втората,
малку поневеројатна, тоа да се најдобрите коњаници кои ги знае Вестерос, Knights of the Vale кои како што знаеме се под команда на Литлфингер.

Но, да се навратиме на пошироката слика за Станис, ко шо реков, очигледно тоа им беше целта, да претстават скроз друг Станис од тој кој го претставил GRRM, односно од тој кој огромното мнозинство на читателите го видело.

Во шоуво Станис ни беше скроз рамнодушен лик од старт. За Ренли бевме уште порамнодушни па затоа shadow убиството не го величевме многу. Во blackwater bay исто, тешко дека некој навиваше за Станис пошто Тирион беше на спротивната страна. Тек после откако дое Тајвин, можеби симпатиите за Станис беа поголеми. Имаше многу замерки кон него (show Станис), од мене лично па премногу, не го сфаќаф хајпот што читателите го имаа за него, јер беше душбег.

Таков и остана во серијата. Сезонава навивавме за него јер лани го спаси ѕидот на мадафакерски начин и најважното, оваа сезона одеше на битка против Болтонови, копиљината кои ги предадоа Старкс. После дојде моментот со Ширин и така...

Ако за другиве ликови, D&D немале јасна визија до лани на пример, шо ќе прават со нив, за Станис мислам дека од старт им било целта да го прикажат во вакво светло. Пошто не случајно направија и main book change уште минатата сезона кога го пратија Станис (и Давос) во Iron Bank. Испаѓа дека тоа беше само билд ап за дополнителен негов анти удар во битката за Винтерфел.

Со парите од банката купи бродови и sellswords. Коа дојде време за вистинска битка, тие му го свртеа грбот, дел од нив дезертираа, дел (ко што реков, не потврдија ама е факинг логично) преминаа кај Болтон. Кој ќе го плати долгот на банката, останува да видиме.
 
@RickyLFC9 за малце ќе видевме како умират змеј од копје пак ти си се уплашил за планината 
 
Ќе ги прокнижат како лош пласман де. Банка е, мора некогаш да промаши. :D

Шознам, браавоскиов Хари Костов ми изгледа ко заебан тип. :D Плус, ова е вторпат да згрешат, не? Ко шо знам парите од Ланистерс (а и Круната) не се (сеуште) вратени?
 
Ја мислам дека свесен е High Sparrow дека ако ја пушти Серсеи ќе му ебе матер, така да мислам дека нема толку лесно Серсеи да се отерасаат од овие фанатициве. Почна да го придобива народот и мислам дека ако проба Серсеи нешто ќе го свртат цел град против нив.
 
Шознам, браавоскиов Хари Костов ми изгледа ко заебан тип. :D Плус, ова е вторпат да згрешат, не? Ко шо знам парите од Ланистерс (а и Круната) не се (сеуште) вратени?
Да, круната им должи пари уште од времето на Бејлиш. Плус, го пратија глупиот Тирел таму да проба да извади уште пари. И во време кога парите се скапа и барана ствар во Вестерос, паметна институција како таа банка ќе им помогне на сите на кои им требаат пари.

Па, откако ситуацијата ќе се смири, тој што ќе остане или дојде на тронот, ќе им биде во долг, и со години ќе враќа за сите пари што ги пласирале. Бидејќи, нели, the Iron Bank will have its due. :D
 
Дур Серси одеше накај Ред Кип, све си мислев, што би се дешавало да беше жив Тајвин и да слушнеше за ова со Серси?
 
За парите и долговите, нели Мејс Тајрел отиде во Бравос да среди нешто. Ко што е смотан тој, ваљда дел од долгот ќе го исплати неговата куќа.
 
Нема ни 10 епизоди откога го закопаа а веќе 100 пати се преврте во гроб Тајвин Ланистер.
Ова.
Да се чудиш колку опадна интензинетот во Кингс Лендинг без Тајвин (па и Тирион). Искрено една од најдосадните приказни беше сезонава, High Septon беше досада за гледање. Едино сцените со Олена беа интересни таму, Томен трагичен, Серсеи и самата не знае што правеше од што сакаше да ја ликвидира Марџери, фанатициве мизерно-досадни, Марџери still :love: иако ја немаше којзнае колку последниве епизоди.
А јас и по пола ден откако ја изгледав епизодава не сум сигурен дали ми се свиѓаше, дали веќе стварно претераа со убивањево на ликовиве и фаќање на иста финта пет сезони.
 
Нема шо да се коментира за епизодава.. Шоуто стана смешно..
Body-double беше користен за сцената на Серси.. Уште една причина за саркастично :bravobe:
 
Го гледав пред малку Џон Снежни како гостин во шоуто на Џими Кимел. Го прашува за white walkers од 8ма епизода, рече 25 дена го снимале ова.

Those white walkers are scary. Are they scary hanging out on the set?
-As you see them on the show is as they are on the set. So having lunch with them is pretty bizarre.

За селебритис шо ги сретнал:
And there's been more embarrassing ones as well.
That's the one I would prefer to hear, yes. Give us one.
-I once asked Stevie Wonder if he'd seen the show.
What did Stevie say?
-He said "NO MAN".
:LOL:

И имитациите...:ROFLMAO:
Коментар: The first guy does Jon Snow better than Jon Snow does Jon Snow.
 
Последно уредено:
За ова гласиниве дека ќе се снимало у Охрид и Прилеп...

Сакале во Охрид, ама си отишле кога виделе цена за смештај пошо немаат толку буџет..:pos:
 
За тоа колку лесно Серсеи би се справила со фанатиците - сосем веројатно, нималку лесно. Вакви верски движења не се непознати во Вестерос. Низ книгите барем еднаш е спомнато колку неверојатно тешко било за некој или некои од Таргарените да се излезе накрај со нив. Религијата е моќно оружје, а во Вестерос е хавуз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom