Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ne veruvam koga se kreva kamerata i se menuva pogledot od pticja perspektiva okolu dvajcata ima po 1 m krv okolu niv taka da zalam za dvajcava ne bea losi tipoviНезнам дали само мене ми се чини, ама се мислам дека Сер Баристан нема да загини. Некако ептен беше "нагласено" дека Црвот го спаси од смрт, кога спречи да му го пресечат гркланот.
Мене безвеза ми е како ја изгуби раката и се помири со тоа и не презеде ништо околу тоа. Иако него го снајде нешто полошо, но сепак..
Безвезно губење на раката и сеа ми е во ранкот на аматер, одвај се спаси во последната борба што ја имаше во Дорн...
Ама сепак мислам ќе се извлече.
Да се вратеше и да го пронајдеше копилето, да му кини после прст по прст.
Не е исто раката на Џејми и раката на некојси...на кој му го заборавив името.
Sons of the Harpy беа побројни и ги навлекоа во заседа. Плус се борат на домашен терен во тесни/темни место што им дава дополнителна предност.
Во онаа околина по ефективно е да имаш нож него копје.
Народов во мериин е виетконг а синовите се NVA
Е да де, само еден безличен постои во светот на мразот и оганот.
Тој на кого си му го заборавил името го интересно умре, така што Џејми не можеше да се врати и да го делка дел по дел (некој друг тоа го направи за него).
Можеби би им дала предност да им фрлаа ќерамиди, цигли и саксии (полни) на главите, вака лице влице немаат теоретски шанси.
Предноста во бројките е предност само до одредена бројка, се над тоа таа предност се претвора во мана (прашајте некој полицаец кој работал ЈРМ да ви каже).
Озбилно ?? Ај ја ќе ти дадам нож, па ти налетај на мене со копје и штит. Па макар ти имал во група уште дваесет души, а јас само петорица.
Исто ко да кажеш дека напаѓачи со автоматски пушки можат да победат во борба со тенк.
Мислам дека имаше видео како ги заобиколијаУште да ми објасниш како би ги обиколиле во уличка два-три метри широка.
Тоа ми е мене проблемот со оваа сцена. Ако не се лажам беа седум или девет безгрешни. Истите би можеле да ја блокираат уличката (преминот, тунелот) од двете страни доволно добро за никој да не може да ги обиколи (со два и пол - три метри копја и штитови и оклоп, доволни се тројца да ја блокираат цела улица).
Нарочно поради тоа што противникот нема нити оклоп, нити штитови нити некое оружје кое ќе има домет поголем од копјата (стрели, праќки или слично).
Да, но како што ми текнува на почеток кога им влетаа од двете страни не им беа доволно блиску за да овие бидат онеспособени со копје.Мислам дека имаше видео како ги заобиколија![]()
Не беа во формација овие и затоа лесно дојде до неефективност на копјето. Нормално ако се утврдат во позиција како фаланга со формација дека нема лесно да ги пробијат, ама вака беа на трчање и ги обиколија пред да влезат во формацијаДа, но како што ми текнува на почеток кога им влетаа од двете страни не им беа доволно блиску за да овие бидат онеспособени со копје.
Нема да поживее Валда уште долго после оваа радосна вест
Не беа во формација но Unsullied важат за војска која експресно брзо може да влезе во формација.Не беа во формација овие и затоа лесно дојде до неефективност на копјето. Нормално ако се утврдат во позиција како фаланга со формација дека нема лесно да ги пробијат, ама вака беа на трчање и ги обиколија пред да влезат во формација