Дефинитивно подобро од фалангата на Аце (Grey Worm) во град со тесни улички.
Очекував баш ваков исход (иако на нетов има rage кон сцената) од Unsullied. Тоа е тоа, права фаланга, научени да се бранат во изградена формација и на отворен простор. Не дека и на мал не можат да направат мини фаланга и да се бранат, ама сепак заебано. Еден на еден се каде каде понеспретни. Иако овој Греј Ворм очекував да е нијанса поспретен, но коа ќе видиш ипак и тој сјеба баеѓи од овие со маскиве.
Тесните улички се баш измислени за ваква формација од типот на фаланга, нарочно ако противникот е послабо вооружен (ножеви, стапови и по некој меч). Буквално во такви ситуации, петорица можат да затворат цела улица како во сцената.
Впрочем токму затоа и сите денешни полициски единици ја применуваат таа формација против далеку побројни и понеорганизирани противници.
Противникот едноставно нема шанси да те изманеврира и мора да „удри“ дирекно во чело каде што го чекаат долги копја и ѕид од штитови, и во најголемиот број случаеви да настрада.
Една од предностите на „Безгрешните“ е нивната дисциплина. уиграност и брза трансформација од формација во формација, и баш тоа ги прави страшни противници (баш како фалангата на Аце).
Значи не е битно колку се страшни и умешни како поединци, битна е формацијата.
За жал, ние од тоа не видовме ама баш ништо во оваа епизода. Безгрешните не формираа формација, не се бореа позади ѕид од копја и штитови, и делуваа слично на своите напаѓачи каде што секој се бореше за себе.
Слично се однесува и на сцената на сер Баристон Селми, иако неговата борба беше далеку подобро (пореалистично) прикажана. Единствена грешка на кореографите (и режисерите/продуцентите) е тоа што еден таков борец како што е сер Баристон Селми никогаш не би дозволил противникот да му се приближи (доколку си повисок или имаш подолг стап, меч, копје, секогаш држи го противникот на доволна далечина за да ти можеш да го повредиш, а тој тебе неможе).
Во секој случај, можеби холивудски ефективно за гледање, ама не баш реално.[DOUBLEPOST=1430825178][/DOUBLEPOST]
А другиот дедо па не бил некоја висока власт во црквата, туку член на редот Sparrows, hence High Sparrow. Тие се нешто како монаси кои живеат аскетски и се шо имаат им даваат на сиромашните. Сега треба малце и background инфо: редот бил основан околку 200 години порано, ама бил скоро уништен во бунт против кралот. Другарите на Лансел во црно шо шетаат се воената гранка на редот. Со закон бил забранет тој ред, ама еве сега Серсеи ги вооружи пак за да може да си игра со Марџери. А Серсеи не ја касаат оти you don't bite the hand that feeds you.
Мешаш неколку работи.
Врапчињата не постоеле порано, врапчињата се група луѓе кои се разочарано од световната власт и и се вртат на верата како главна надеж (се има случено во реалната историја многу пати до сега).
Врапчињата се воглавно сиромаси луѓе на кои им е се изгорено и уништено, како од имот, така од семејството, војници од разни страни кои се разочарани од своите водачи или ги изгубиле истите, дезертери од различни војски и по некој благородник (како Лансел Ланистер).
Тие се самоформирани (за жал во телевизискиов серијал не се гледаат убаво причините зошто и како се формира оваа групација) и некако меѓу себе го избираат врвниот врабец за свој лидер.
Тоа што постоело порано и што сега Серсеи повторно го дозволува е военото крило на верата (нешто како витезите Темплари, Хоспиталци или сличните редови во разни цркви во светот). Тие се составени воглавном втори-трети-четврти (првиот син наследник, вториот воин, третиот свештеник и така натаму

) синови на помалите и поголемите благородници (нешто како ноќната стража на северот) кои се заколнати да ја штитат верата на седморката како раководен кадар, елита и гарда на храмовите и свештениците наречени „Синови на воинот“ и „Сиромашните“ составена од обични луѓе (не се благородници) и жени која служи како придружба на аџиите и карваните.
Значи сега за сега сеуште ги нема или се во формирање „Синовите на воинот“, туку само „сиромашните“.