Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе fun thing, нз некој дали запримети. Арја на таа „листата“ што си ја кажува секогаш пред спиење го има Сер Мерин, гадон оној од Kingsguard. И сега Серси го прати него како придружба на Мејс Тајрел, да идат до банката во Бравос. Нема шанси случајно да се погоди баш него да го прати, I sense a plot unraveling :)

power play со Марџери. Прво братот и го сјеба, сега и дава до знаење дека можи и татко е. Али оваа и се јави на баба е. :D
 
11193401_672929612813832_161307400359819986_n.png

:D
 
power play со Марџери. Прво братот и го сјеба, сега и дава до знаење дека можи и татко е. Али оваа и се јави на баба е. :D
Бабата е женска верзија на Tywin. Најјако е Mace Tyrell што си мисли дека е некаков фактор у фамилијата па уште и среќен дека е Master of Coin, само да се биде дел од Small Council. :D

Sand Snakes од тие 2 минути сцени со нив ми делуваат како промашен кастинг. Остај тоа, туку ептен беше cheesy она со главата и копјето. Лол!

Stannis покажува зашто има толку фанови, ова е вистинскиот Stannis а не оној од пред сезона-две, исто како и Jon Snow. Со добро сценарио и без shortcuts ликовите си доаѓаат до израз.

Оваа беше можеби најслабата од досегашните 4 епизоди, што вака кажано не значи дека беше слаба. Напротив.
 
Незнам дали само мене ми се чини, ама се мислам дека Сер Баристан нема да загини. Некако ептен беше "нагласено" дека Црвот го спаси од смрт, кога спречи да му го пресечат гркланот.
 
Незнам дали само мене ми се чини, ама се мислам дека Сер Баристан нема да загини. Некако ептен беше "нагласено" дека Црвот го спаси од смрт, кога спречи да му го пресечат гркланот.
ne veruvam koga se kreva kamerata i se menuva pogledot od pticja perspektiva okolu dvajcata ima po 1 m krv okolu niv taka da zalam za dvajcava ne bea losi tipovi
 
Е да де, само еден безличен постои во светот на мразот и оганот.

Мене безвеза ми е како ја изгуби раката и се помири со тоа и не презеде ништо околу тоа. Иако него го снајде нешто полошо, но сепак..

Безвезно губење на раката и сеа ми е во ранкот на аматер, одвај се спаси во последната борба што ја имаше во Дорн...

Ама сепак мислам ќе се извлече.

Да се вратеше и да го пронајдеше копилето, да му кини после прст по прст. :)

Не е исто раката на Џејми и раката на некојси...на кој му го заборавив името.

Тој на кого си му го заборавил името го интересно умре, така што Џејми не можеше да се врати и да го делка дел по дел (некој друг тоа го направи за него).

Sons of the Harpy беа побројни и ги навлекоа во заседа. Плус се борат на домашен терен во тесни/темни место што им дава дополнителна предност.

Можеби би им дала предност да им фрлаа ќерамиди, цигли и саксии (полни) на главите, вака лице влице немаат теоретски шанси.
Предноста во бројките е предност само до одредена бројка, се над тоа таа предност се претвора во мана (прашајте некој полицаец кој работал ЈРМ да ви каже).

Во онаа околина по ефективно е да имаш нож него копје.

Народов во мериин е виетконг а синовите се NVA

Озбилно ?? Ај ја ќе ти дадам нож, па ти налетај на мене со копје и штит. Па макар ти имал во група уште дваесет души, а јас само петорица.

Исто ко да кажеш дека напаѓачи со автоматски пушки можат да победат во борба со тенк.
 
Е да де, само еден безличен постои во светот на мразот и оганот.

Тој на кого си му го заборавил името го интересно умре, така што Џејми не можеше да се врати и да го делка дел по дел (некој друг тоа го направи за него).

Можеби би им дала предност да им фрлаа ќерамиди, цигли и саксии (полни) на главите, вака лице влице немаат теоретски шанси.
Предноста во бројките е предност само до одредена бројка, се над тоа таа предност се претвора во мана (прашајте некој полицаец кој работал ЈРМ да ви каже).

Озбилно ?? Ај ја ќе ти дадам нож, па ти налетај на мене со копје и штит. Па макар ти имал во група уште дваесет души, а јас само петорица.

Исто ко да кажеш дека напаѓачи со автоматски пушки можат да победат во борба со тенк.

Дупло побрз ќе бидиш со нож наместо со копје во 3 метри квадратни. Копјето е идеално за фронтален напад затоа што така ќе ја искористиш должината, потешко е да се браниш со тројно повеќе непријатели што те обиколиле.
 
Уште да ми објасниш како би ги обиколиле во уличка два-три метри широка.

Тоа ми е мене проблемот со оваа сцена. Ако не се лажам беа седум или девет безгрешни. Истите би можеле да ја блокираат уличката (преминот, тунелот) од двете страни доволно добро за никој да не може да ги обиколи (со два и пол - три метри копја и штитови и оклоп, доволни се тројца да ја блокираат цела улица).

Нарочно поради тоа што противникот нема нити оклоп, нити штитови нити некое оружје кое ќе има домет поголем од копјата (стрели, праќки или слично).
 
Мислам дека имаше видео како ги заобиколија :vrtioci:
 
Мислам дека имаше видео како ги заобиколија :vrtioci:
Да, но како што ми текнува на почеток кога им влетаа од двете страни не им беа доволно блиску за да овие бидат онеспособени со копје.
 
Да, но како што ми текнува на почеток кога им влетаа од двете страни не им беа доволно блиску за да овие бидат онеспособени со копје.
Не беа во формација овие и затоа лесно дојде до неефективност на копјето. Нормално ако се утврдат во позиција како фаланга со формација дека нема лесно да ги пробијат, ама вака беа на трчање и ги обиколија пред да влезат во формација
 
Нема да поживее Валда уште долго после оваа радосна вест :P
Iwan Rheon изјави дека ќе има сцена у оваа сезона шо ќе го напраи Ремзи уште похејтан лик , вајда убиството на Валда е тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom