Па да, ова е најлогично. Иако во разговорот на Роб со тој што ќе го праќаше син му беше потенцирано дека кога ќе ја слушнат овие понудата на Роб (да го предадат Теон а они слободно да си одат), ќе прифатат без двоумење.
Но ако они го запалиле Winterfell, овие што се борат за Старк сигурно не би ги пуштиле слободно да си одат, а па нема причина овие што отидоа да го ослободат Winterfell да го запалат. Освен ако се работи за некаква одмазда или нешто слично како што рече.
Во лоша ситуација е сега Роб. Го нема веќе Џејми, Winterfell е уништен, незнае ништо за браќата и сестрите, нема шанси да го напаѓа Kings Landings сега кога и Тајвин е таму, а ќе има и проблеми со Фреј.
Очекувам Сноу да се подобри во третата сезона. Би требало да е интересно запознавањето со Манс и неговите планови. Бран со друштвото тргна накај ѕидот, а од другата страна "белите" исто изгледа се упатени натаму.
Калиси мислам дека ќе остане како во оваа сезона. Нема многу да шета, и ќе почека да пораснат змејовите пред да превземе нешто.
И Арја секако, најинтересниот лик во серијата заедно со Тирион. Нема да е интересно да се најде со Роб, па очекувам да оди и да се обучува кај убијците. Тирион од друга страна би требало да ја врати моќта. Мислам дека татко му ќе биде задоволен од него.
Многу ми се интересни и Littlefinger и Varys. Можеби најинтелегентните ликови. Работат за кралот, но уствари сите нивни постапки се за некаков личен профит. Се мразат меѓусебе, и сега изгледа ќе почнат да се натпреваруваат кој ќе постигне повеќе и кој прв ќе го уништи другиот.