Game of Thrones

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.146
Поени од реакции
23.260
Чекајте бе, white walkers ги контролираат овие wildings -зомиња ? :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.506
Поени од реакции
28.865
За ова што зборувата Andals или First Men нема врска. Тие еднаш беа седум независни кралства, но кога дојдоа Targs од Valyria, Aegon со неговите сестри ги освоија сите кралстава освен Dorne, кој неколку децении подоцна доброволно станаа вазали на тогашниот крал Daeron.

Беа што беа Tagaryens, но како што знаете сите, Robert крена бунт против лудиот Aerys, победи и единствените преживеани од таа династија ( Viserys и Danny ) заминаа преку Narrow Sea.
Старата династија падна, и Robert стана прв крал на династијата Baratheon. Вие што велите дека Danny има право да седи на Железниот Трон е исто како да велите дека Саксонците треба да се кралови на Англија.

Danny ако сака да биде кралица треба да замине на запад и да ги освои кралствата. Никој нема доброволно да прифати кралица од династија на лудаци. Не знам кој го рече ова, мислам дека беше Varys: " When a Targaryen is born, the Gods flip a coin. He will either be great or mad " . Сите го видовте каков беше Viserys, а и краловите пред Aerys не беа како шо треба во мозокот.

Значи, Stannis е вистинкиот крал на Westeros. Останатите кралови, како Robb и Balon, сакаат независност, значи тие воопшто не треба ни да се сметаат ако зборуваме за правилни кралови. Тие се обични бунтовници кои ја користат војната меѓу Joffrey и Stannis.



Ги има во Икона.
6 делови се ( 3-та е поделена на 2 ) и се по 700 ден.
Не биле сите лудаци. На пример сите сметале дека постариот брат на Денерис Раегар би бил совршен крал, за разлика од татко му. Станис дури после смртта на брат му му текна дека имал право на власт. Дојде црвенава и му изнакажа приказни како е некојси херој од пророштво, огнени мечови, црвен бог, и одма овој се запали. Башка и братоубиец на најподлиот начин.
Денерис од друга страна е млада и неискусна, и прави грешки, нормално има 15 години во приказната, не е некој воен стратег. Има право на одмазда, за егзилот и убиството на секој од нејзината лоза.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Требаше да биде 4:4 (4:0 полувреме), да има 10 пенали и Ева Карнеиро да се соблече, за финалето на ЛШ да стигне до стадиум да може да се спореди со ова финале.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Озбилно и мене ме интересира,White Walkers како што беа прикажани во 1ва епизода од 1ва сезона беа многу по-агилни во поглед на овие што беа прикажани во последнава епизода..овие изгледаа како само обични зомби-без раце,бавно движење...Или пак овие се само зомби кои White Walkers ги создаваат од мртвите тела?И да,штета би било ако умре Сем дебелково,интересен лик беше...
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.388
Поени од реакции
6.473
Не ги мешајте Wildlings со White walkers.
Значи Wildlings се обични луѓе, смртници, кои не по своја вина се наоѓаат на другата страна на ѕидот, истиве луѓе живеат таму без никакви закани од кралеви, без закони, без монетарна економија, без ништо, единствено со законот на посилниот.

Е сега, многу посеверно од нив се наоѓаат овие White walkers, тие се умрени недоумрени, се дигаат од мртвите и стануваат армија. Лидер немаат, тоа се зомбија што само се движат на југ за да го освојат контитентот во текот на долгата зима, и да се задржи зима до крајот на светот.

Е сега движејки се на југ, White walker ите прво се судираат со wildlings от кој живее таму до ѕидот. Затоа и овие бегаат на југ(види пример Оша). Манс Рајдер или кралот позади ѕидот, собира војска да го урне ѕидот, за да можат да пребегаат сите на југ да се спасат.
Тука и ја се двоумам, уште го немаме сретнато Манс да ја откриеме неговата намера, дали собира војска за бегање или собира војска за спротиставување со White walker ите.
Еден другар ми спомна како идеја што е ептен луда, а може да се покаже и точна, шо знам, дека Бенџен Старк е уствари Манс Рајдер.

Е сега ми доаѓа уште една работа на памет, Сем(дебелкото) беше на југ, појужно од Џон, како Сем прв се сретна со овие, а Џон воопшто не, дури ни големата војска што ја видовме на Манс Рајдер во еден кадар, не беше во никаква битка, не ми е јасно како поминале преку ова, и стигнале до Сем.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 01:17 ---
Исто некој спомна дека овие биле спори.
Еве што е финтата, тие спорите не се White walker тие се Wight.

Значи White walkerite кога ќе ги допрат(или незнам што) мртвите ги претвораат во Wight умрените, и ги конвертираат во зомби како што ги видовме. Видете ја разликата од умрените и white walkerite, тој на коњот беше White walker, не му скапуваше месото, имаше целосно тело и беше агилен, а другите едвај одеа, се тегнеа по снегот.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.146
Поени од реакции
23.260
White walker-ите што ги видовме во прва сезона и втора и не личеа баш на овие ( сепак, и не ги видовме баш најубаво ), овие повеќе личат на тие што го нападнаја Snow, ама сепак, овие се малце како поорганизирани а тие тогаш беа еби ветер. И тука сум збунет, овие на крајот се .... ? И погоре ги смешав wildings со тие умрените.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.449
Поени од реакции
58.568
Бенџен Старк е уствари Манс Рајдер.
Многумина мислиме дека е така, спомнато е неколку пати на форум. Иначе кај е тој...?

И ако може вие од литературниот кружок книгите да ги дискутирате на подфорум за книжевност, може?
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Некој да не знае како се вика помошничката(актерката) со црнњото што беше? :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.532
Поени од реакции
33.731
White walker-ите што ги видовме во прва сезона и втора и не личеа баш на овие ( сепак, и не ги видовме баш најубаво ), овие повеќе личат на тие што го нападнаја Snow, ама сепак, овие се малце како поорганизирани а тие тогаш беа еби ветер. И тука сум збунет, овие на крајот се .... ? И погоре ги смешав wildings со тие умрените.
Баш беа вакви, имаше поназад сликано од прва сезона лик како овој од крајот, со плавите очи.
Другиве се ваљда обични мртви wildlings.

 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.388
Поени од реакции
6.473
Многумина мислиме дека е така, спомнато е неколку пати на форум. Иначе кај е тој...?

И ако може вие од литературниот кружок книгите да ги дискутирате на подфорум за книжевност, може?
шо знам кај е, не ми е син :D

Инаку не ги дискутираме книгите, ова што го напишав врска нема со книгите, а и без разлика што ги читам, не сум поминат повеќе од 2 дел, така да нема шанси да откријам нешто што е непознато па да ја загрозам темава.
Чисто да се има до знаење дека White walkerite се едни, wights или зомбите се други или нивен производ, а wildlings се обични луѓе северно од ѕидот.
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
92
Поени од реакции
17
Да ве прашам дали овие на крајот што го зедоа Сноу се wildlings ??
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.388
Поени од реакции
6.473

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.696
Да ве прашам дали овие на крајот што го зедоа Сноу се wildlings ??
Да!

Многумина мислиме дека е така, спомнато е неколку пати на форум. Иначе кај е тој...?

И ако може вие од литературниот кружок книгите да ги дискутирате на подфорум за книжевност, може?
Бенџен Старк неможе да биде Менс Рејдер, пошто нели (свртете неколку страни поназад) правеа скоро аудиција за улогата на Менс Рејдер. По таа логика, не може! :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.449
Поени од реакции
58.568
ElNinho ова е како во старите добри времиња, кога теориите ми паѓаа во вода после 2-3 дена :pos:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.696
значи, ќе пробам сликовито (ама буквално сликовито :D) да им ја разрешам дилемата на некои за white walhers и wights.

Capture1.jpg

- кај црвените кругови можете да видите штитови од куќите, едниот е од Старк другиот неможам да го препознам. Значи ова се луѓе, поранешни војници. Убиени, чии тела не биле изгорени потоа, и се „допрени“ од white walkers, и настанеле wights или зомбиња.

- овие со зелено се поранешни Wildlings (можете да ги препознаете по облеката), кои исто така биле убиени но нивните тела не биле запалени.

- и останатите (освен овие на коњиве, ваљда) се со таква судбина...

White Walkers се други. Има логика овие на коњиве да се вајт волкерс, иако мене уште сликата за нив ми е подруга и мислам дека и овие на коњиве се еден вид на Wights.

Првпат кога го покажаа овој ружниов со косава, помислив дека тоа е уствари Бенџен, кој бил убиен и потоа „повампирен“ од white walkers.

И сеа теоријава ќе ми држи вода доколку и овие на коњиве се Wights, но ако се white walkers, ондак ништо... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom