Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Грешка во чекори направив јас со дивјаците и wights.
 
А ја па незнам кој „свири“ на трубата. Паметам дека и порано кажаа „еднаш е за враќање на ренџерите, двапати за wildlings, три за white walkers“, али не ми текнува кој ги предупредува !? :)
 
А ја па незнам кој „свири“ на трубата. Паметам дека и порано кажаа „еднаш е за враќање на ренџерите, двапати за wildlings, три за white walkers“, али не ми текнува кој ги предупредува !? :)

Тој шо го нервираше Greyjoy :icon_lol:
 
А него кај ќе го носат бе?

абе за Грејџој нешто читав наслови по нетов „Great finale, but huge disappointment with Theon" за книгочитателиве, изгледа смениле нешто од книгите кај него. :)
 
Греџој ке го носат кај Роб. Неговите го предадоа за да се спасат живи, нели Роб така нареди кој ке се предаде може да си оди само донесете ми го Теон.
 
Греџој ке го носат кај Роб. Неговите го предадоа за да се спасат живи, нели Роб така нареди кој ке се предаде може да си оди само донесете ми го Теон.

Па со оглед на тоа дека се опкружени и немаат шанси за победа а тие таинствени патеки за бегство ги знае само стариот единствена опција им е тоа.
 
Ауууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууу:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

За сега од мене толку, повеќе утре, морам да ја преспијам епизодава, евентуално да ја изгледам уште еднаш.
 
Греџој ке го носат кај Роб. Неговите го предадоа за да се спасат живи, нели Роб така нареди кој ке се предаде може да си оди само донесете ми го Теон.

Oва би имало смисла, ако не дадоа после се' испозапалено.
 
Всушност ова со Теон некако е многу лошо и набрзинка изведено, не е така во книгите.
Не знам дали во следната сезона ќе дообјаснат што се случи и зошто Винтерфел гореше.
Епизодата инаку беше супер, Калиси ми беше убедливо најдобра со змејовите, можам да кажам дека и ова финале беше нејзино. Ама нели, го подели малку со шетачите, дивите луѓе и сите тие створови. Сем сирот остана во средина на сиот тој ужас.
И за Тирион ми е криво, знам и кога ја читав книгата исто се нервирав. покажа таква храброст, а оној идиот од татко дојде и си ја собра славата. Онаа Тирелката ми е страшно грда и антипатична и асиметрична. Санса толку е простичка понекогаш, мислеше туку така ќе се спаси.:facepalm:
И моментот со faceless беше исто добар, мада ми беше криво кога му се смени фацката.
Добра епизода во секој случај, само кој ќе чека сега цела година.
 
Перверзно добра епизода, не можеше подобро да заврши. Целата сезона ми беше интересна од прва до последна епизода, некоја помалку, некоја повеќе но немаше филер епизоди. Очекувам третата сезона да ја надмине популарноста и квалитетот (дај Боже поголем буџет) на првата и втората сезона. Постои општ консензус помеѓу фановите на A Song of Ice and Fire кои ја сметаат третата книга од серијалот за најдобра, и бидејќи премногу луди работи се случуваат, HBO се одлучи да биде поделена на две сезони и со тоа подобро и подетално да се опфатат настаните.

Друга работа, јас лично мислам дека тие на коњите се White Walkers. Зашто? Па познато е дека со доаѓањето на зимата се појавуваат White Walkers, или обратно, White Walkers ја носат зимата. Секој пат кога ќе се појават доаѓа до нагло намалување на температурата, тоа може да се види во сцената со виулицата. Второ според оружјето кое го носи коњаникот се гледа дека е од лед/кристал - ваков тип на уружје користат според описот во книгите, додека останатите зомбиња (wights) носат оружја и облека која ја имале на себе кога умреле. И трето и најкарактеристично според мене се нивните очи, споредете ги со очите на зомби-девојчето од првата сезона или пак на зомбито кое го нападна Jon Snow во собата на Lord Commander Mormont. Плус дефинитивно се разликуваат од несвесно-тромавите wights, се гледа дека овие на коњите им се лидери и според кожата се добива впечаток дека се стари неколку илјади години (супер CGI btw). Дефинитивно White Walkers!

Ајде да не испадне дека испофалив се, не ми се допаднаа промените со Theon (нема да коментирам повеќе за да избегнам спојлери). И второ House of the Undying беше слабо изведено и илузиите беа сменети, сите пророштва што ќе ја насочат и ќе ја мотивираат кон своите цели се исцрпени од таа глава во книгата. Најлошото е што трите предавства и пророштвата од The Undying не ги видовме ни слушнавме.

Ќе гледаме 3та сезона, yes? :)
 
Не ви кажав? станав религиозен, озбилен сум.

149y44w.png
 
Греџој ке го носат кај Роб. Неговите го предадоа за да се спасат живи, нели Роб така нареди кој ке се предаде може да си оди само донесете ми го Теон.


Ова веќе има смисла!


Најдобриот спојлер досега!
п.с.
4383631_460s.jpg



п.п.с. Ја гледав. Добро глуми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom