И второ нешто, се си мислам дека сестрата на Теон беше таа која свиреше надвор, за да види што ќе се случи со малиот. Нема логика тие надвор да биле 500те луѓе на Старк, кога на крај беше запален замокот и дедото им викаше на копиљаците да бегаат "пред да се вратат овие".
Ако биле пријателски на Старк, тогаш ќе им речеше "останете, чил, дај млеко од poppy".
Па да, ова е најлогично. Иако во разговорот на Роб со тој што ќе го праќаше син му беше потенцирано дека кога ќе ја слушнат овие понудата на Роб (да го предадат Теон а они слободно да си одат), ќе прифатат без двоумење.
Но ако они го запалиле Winterfell, овие што се борат за Старк сигурно не би ги пуштиле слободно да си одат, а па нема причина овие што отидоа да го ослободат Winterfell да го запалат. Освен ако се работи за некаква одмазда или нешто слично како што рече.
Во лоша ситуација е сега Роб. Го нема веќе Џејми, Winterfell е уништен, незнае ништо за браќата и сестрите, нема шанси да го напаѓа Kings Landings сега кога и Тајвин е таму, а ќе има и проблеми со Фреј.
Очекувам Сноу да се подобри во третата сезона. Би требало да е интересно запознавањето со Манс и неговите планови. Бран со друштвото тргна накај ѕидот, а од другата страна "белите" исто изгледа се упатени натаму.
Калиси мислам дека ќе остане како во оваа сезона. Нема многу да шета, и ќе почека да пораснат змејовите пред да превземе нешто.
И Арја секако, најинтересниот лик во серијата заедно со Тирион. Нема да е интересно да се најде со Роб, па очекувам да оди и да се обучува кај убијците. Тирион од друга страна би требало да ја врати моќта. Мислам дека татко му ќе биде задоволен од него.
Многу ми се интересни и Littlefinger и Varys. Можеби најинтелегентните ликови. Работат за кралот, но уствари сите нивни постапки се за некаков личен профит. Се мразат меѓусебе, и сега изгледа ќе почнат да се натпреваруваат кој ќе постигне повеќе и кој прв ќе го уништи другиот.