Game of Thrones

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Никогаш во туѓа куќа не плукам по домаќините
Оваа тема ми е "туѓа куќа", постои за љубители на серијата, не за мене.
Mи текна дека ова го имав напишано лани, кога уште имаше здрав ентузијазам за серијава и армија апологети. Една година подоцна, темава стана "моја куќа". :D
Најмногу се тие шо серијава ја гледаат или од навика или оти се осеќаат принудени(или ќе си спојлнат сами битни ствари од книгите во серијава или некој шутрак ќе им ги спојлне на фб, у кафана...), а тешко малцинство се тие верните, луѓе шо веројатно Terminator: Genisys го сметаат за супер филмче!

Е сеа да ве прашам сериозно, како го "проголтавте" Станис? Како после епизодите со Станис, ќерка му, Ремзи и "Дваесетмината величенствени" шо имаа неверојатна среќа да испозапалат се од намирници...како после Литлфингр генијалецот со "слушај, Санса, Ремзи е малце забеган, ама мора пеер, мора тебе, шо си плукната мајка ти, инаку мојата единствена љубоф, да те шитнам на овој да те сече, затоа шо... јебига"...Како после тоа, како очекувавте да се упраи ова тешко, тешко срање и помор на логика? Тие ликови шо ги гледате, до степен во 5-та сезона, изразито во 6-та и скроз во последнава, не се истите ликови од претходните сезони. Не се тие луѓе, не се тие мотиви, не се тие ликови напишани на начин на кој вие сте ги засакале. Нешто друго станаа.

Нешто непрепознатливо. Трансформацијата на Џејми од нарцисоиден лигуш во добар човек има смисла, тежи пораз во битка, затвор, патешествие, една рака и Бриен. Трансформацијата на Станис беше буквално "мора да ја спалиме малата, инаку ќе дува ветер цело време".
Го памтите Литлфингр како екстремно глуп монголоид? Минатата и оваа сезона Бејлиш е тоа. Монголоид. Ја дава Санса на Ремзи, за после да носи цела армија и да го тепа Ремзи. Зошто? Кога стигнува во Винтерфел, го спасува Џон, копилето на Нед Старк. Бејлиш од претходните сезони намерно ќе задоцни малку, доволно за да остави Џон да умре и армијата на Џон да биде смачкана. Тоа е веќе Бејлиш и има смисла. Така добива смисла и неговата инвестиција во Санса, како наследник на Северот и негов Warden of the North. Ама не. Херојски дојава со армијата, го спаси и после шо прави, damage control? Многу јак демиџ контрол, сибало мајката. Му плеска у фаца на Џон дека сака да ја плоди сестра му у гробницата на татко му, суптилниот и умен Бејлиш. Пушта глупо писменце за да ги раскара сестрите, па Бриен да мора една од нив да убие. Маестрално. Ништо нема од Литлфингр. Само глумецот остана. Изгледа треба да умира. Обично кога треба да умираат, ги прават глупи и несвојствено непромислени, у дветри епизоди.

Народов во King's Landing, да не се членови на ДПМНЕ? Им ја разнесоа црквата, им го смачкаа храмот на Бејлор, местото шо ги хранеше и ги тешеше. Им го разнесе "таа курвата" шо ја плукаа и ја маваа со јајца. Ама кога стаса Јурон, човек шо не го знаат, како влечка некоја типка шо не ја знаат врзана со јаже, цел град се собра да го пречека, со овации. Кај ниеден од тие шо аплаудираа не видов сендвич во рака. Ни комбе со сендвичи не видов. Ама пак се наполни плоштадот да ја прослават победата на нивниот нов херој: "Тој бе со Окото".

Варис не постои веќе. Улогата на Варис и Селми е целосно префрлена на Тирион, а Тирион е трансформиран во некој Франкенштајн од тие два лика...
На Денерис и бутаат некоја паралела со татко и, за Џон да може да "ја враќа од темницата". Го најавија тоа со палењето на Тарли и немоќта на Тирион да влијае. Тарли, инаку човекот лојален на татко и до самиот крај, до неговата смрт, го држел Storm's End под опсада, а претходно го ловел Роберт. Истиот тој Тарли, у три реченици го запали.

Ова со носењево мртовец кај Серси...зошто? Која армија ја има Серси, која територија? Колку војска има и колку може да смени? Вреди да се испрати Кралот на Северот да умира за да и донесе мртовец? Која е математикава? Без храна у Кингс Лендинг и со една кратка опсада, има доволно време да се принуди Серси или да се предаде или да ја извадат гладни луѓе набиена на копје. Ама не бива така, нели? Она и Планината цел град ќе го држат како жив штит, во заложништво? Народот ќе биде спремен да умира за Серси? Не знам, ама ако некој вика дека не треба да се тупи оти така одлучиле креаторите на серијата, тогаш тие креатори на серијата гадно си ја потценуваат и вреѓаат публиката, а тие шо ги бранат се како толпата шо го пречека Јурон.

Red Wedding малку беа тие шо ја предвидоа. Таа сцена е "No, i am your father" на нашата генерација. Уметност, перфекција од изведба, и во серијата и во книгата. Затоа боли ова. Затоа ми е мило дека и најголемите фанови се бунат против лајнарииве и најверојатно секоја наредна спиноф серија на HBO ќе биде пречекана со скепса. Затоа историјата ќе ги памти книгите, а серијава ќе ја третира како Lost.

TLDR: Game of Thrones смрди. It is known.
 
Последно уредено:

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.491
Поени од реакции
5.586
Не беа повеќе членови туку само јас бев, и не реков да знаеле гледачите туку реков дека во текот на серијата ликовите слушаа приказни за мртви бели мечки и не веруваа на истите, затоа им беше покажана мечката каде ако примети сите беа зачудени. Исто така дивјаците му кажуваа на Џон за ледени пајаци големи како кучиња, нив не ги прикажаа иако очекував. Таква приказна и старата дадилка на Бран му кажуваше во прва сезона, за ледените пајаци.
Се изнагледавме пајаци и во Хари Потер,ЛОТР и Хобитот, се надевам дека барем овде ќе не поштедат од џиновски пајаци
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Се изнагледавме пајаци и во Хари Потер,ЛОТР и Хобитот, се надевам дека барем овде ќе не поштедат од џиновски пајаци
ебати епската фантастика без џиновски пајаци
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.370
Поени од реакции
30.783
Game of Thrones стана серија наменета за луѓе што лесно се импресионираат да мислат дека се многу интелигентни.
Мајкл Беј на малите екрани.
Крос од ЛОТР и Телевиса Пресента.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.471
Дајте бе откажете ја. Изгледајте еве уште последната епизода и прекинете ја. Ќе се заебаваат они со вас, ќе ви уништуваат.
Па ќе ја прекинеме секако 2 години:icon_lol: После 6 години гледање на серијава ќе ја доглеам, колку и да е нелогично ме интересира како ќе заврши. Мада се надевам ќе остане запамтено дека ги усрале последните сезони.
 
W

wicked_1

Гостин
Game of Thrones стана серија наменета за луѓе што лесно се импресионираат да мислат дека се многу интелигентни.
Мајкл Беј на малите екрани.
Крос од ЛОТР и Телевиса Пресента.
Иам приметено книгашите нејќат да се претопуваат со обичните смртници-гледачи на серијава.

Они цело време откриваат нови содржински дупки, објаснуваат физика и логика, и кажуваат кои се филлер епизоди. Фантастично е да се чита.
Да ги сумираме коментариве на темава испаѓа дека од 1 до 5 - се филер сезони, после 5та - телевиса пресента.

Добро е што Хари Потер не стана серија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Mи текна дека ова го имав напишано лани, кога уште имаше здрав ентузијазам за серијава и армија апологети. Една година подоцна, темава стана "моја куќа". :D
Најмногу се тие шо серијава ја гледаат или од навика или оти се осеќаат принудени(или ќе си спојлнат сами битни ствари од книгите во серијава или некој шутрак ќе им ги спојлне на фб, у кафана...), а тешко малцинство се тие верните, луѓе шо веројатно Terminator: Genisys го сметаат за супер филмче!

Е сеа да ве прашам сериозно, како го "проголтавте" Станис? Како после епизодите со Станис, ќерка му, Ремзи и "Дваесетмината величенствени" шо имаа неверојатна среќа да испозапалат се од намирници...како после Литлфингр генијалецот со "слушај, Санса, Ремзи е малце забеган, ама мора пеер, мора тебе, шо си плукната мајка ти, инаку мојата единствена љубоф, да те шитнам на овој да те сече, затоа шо... јебига"...Како после тоа, како очекувавте да се упраи ова тешко, тешко срање и помор на логика? Тие ликови шо ги гледате, до степен во 5-та сезона, изразито во 6-та и скроз во последнава, не се истите ликови од претходните сезони. Не се тие луѓе, не се тие мотиви, не се тие ликови напишани на начин на кој вие сте ги засакале. Нешто друго станаа.

Нешто непрепознатливо. Трансформацијата на Џејми од нарцисоиден лигуш во добар човек има смисла, тежи пораз во битка, затвор, патешествие, една рака и Бриен. Трансформацијата на Станис беше буквално "мора да ја спалиме малата, инаку ќе дува ветер цело време".
Го памтите Литлфингр како екстремно глуп монголоид? Минатата и оваа сезона Бејлиш е тоа. Монголоид. Ја дава Санса на Ремзи, за после да носи цела армија и да го тепа Ремзи. Зошто? Кога стигнува во Винтерфел, го спасува Џон, копилето на Нед Старк. Бејлиш од претходните сезони намерно ќе задоцни малку, доволно за да остави Џон да умре и армијата на Џон да биде смачкана. Тоа е веќе Бејлиш и има смисла. Така добива смисла и неговата инвестиција во Санса, како наследник на Северот и негов Warden of the North. Ама не. Херојски дојава со армијата, го спаси и после шо прави, damage control? Многу јак демиџ контрол, сибало мајката. Му плеска у фаца на Џон дека сака да ја плоди сестра му у гробницата на татко му, суптилниот и умен Бејлиш. Пушта глупо писменце за да ги раскара сестрите, па Бриен да мора една од нив да убие. Маестрално. Ништо нема од Литлфингр. Само глумецот остана. Изгледа треба да умира. Обично кога треба да умираат, ги прават глупи и несвојствено непромислени, у дветри епизоди.

Народов во King's Landing, да не се членови на ДПМНЕ? Им ја разнесоа црквата, им го смачкаа храмот на Бејлор, местото шо ги хранеше и ги тешеше. Им го разнесе "таа курвата" шо ја плукаа и ја маваа со јајца. Ама кога стаса Јурон, човек шо не го знаат, како влечка некоја типка шо не ја знаат врзана со јаже, цел град се собра да го пречека, со овации. Кај ниеден од тие шо аплаудираа не видов сендвич во рака. Ни комбе со сендвичи не видов. Ама пак се наполни плоштадот да ја прослават победата на нивниот нов херој: "Тој бе со Окото".

Варис не постои веќе. Улогата на Варис и Селми е целосно префрлена на Тирион, а Тирион е трансформиран во некој Франкенштајн од тие два лика...
На Денерис и бутаат некоја паралела со татко и, за Џон да може да "ја враќа од темницата". Го најавија тоа со палењето на Тарли и немоќта на Тирион да влијае. Тарли, инаку човекот лојален на татко и до самиот крај, до неговата смрт, го држел Storm's End под опсада, а претходно го ловел Роберт. Истиот тој Тарли, у три реченици го запали.

Ова со носењево мртовец кај Серси...зошто? Која армија ја има Серси, која територија? Колку војска има и колку може да смени? Вреди да се испрати Кралот на Северот да умира за да и донесе мртовец? Која е математикава? Без храна у Кингс Лендинг и со една кратка опсада, има доволно време да се принуди Серси или да се предаде или да ја извадат гладни луѓе набиена на копје. Ама не бива така, нели? Она и Планината цел град ќе го држат како жив штит, во заложништво? Народот ќе биде спремен да умира за Серси? Не знам, ама ако некој вика дека не треба да се тупи оти така одлучиле креаторите на серијата, тогаш тие креатори на серијата гадно си ја потценуваат и вреѓаат публиката, а тие шо ги бранат се како толпата шо го пречека Јурон.

Red Wedding малку беа тие шо ја предвидоа. Таа сцена е "No, i am your father" на нашата генерација. Уметност, перфекција од изведба, и во серијата и во книгата. Затоа боли ова. Затоа ми е мило дека и најголемите фанови се бунат против лајнарииве и најверојатно секоја наредна спиноф серија на HBO ќе биде пречекана со скепса. Затоа историјата ќе ги памти книгите, а серијава ќе ја третира како Lost.

TLDR: Game of Thrones смрди. It is known.
Овој твој цитат ме однесе на страницата на темава каде јас бев еден од тие апологети. Иако за некои работи сеуште сметам дека сум во право, жал ми е што морам да признаам дека многу поенти ти се погодени, гледајќи од оваа дистанца, јас сум имал некои нереални очекувања.



Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
bi zamizal na se ali kaj gj i nakoja ova singirite ,inace wings nemat gajle od potonvanje vo voda ,koga klrgej go zdrobi mrazot dvajca wings potonaja istite posle izlegoja od dupkata vo mrazot i go vlecea tormund ,srekja klegejn go spasi, poslednava epizoda se nadevam nema da ja haknat vaka izedov 100000000 spojleri
stvnz eve i jaisti dilemi kako tebe imam. kakooni otidoado zamokot a vamu nemase nikoi?

pa ovoi zmao poslego izvadia ali nz stv
 
S

silmarillion

Гостин
Дечки, станува збор за фикција со змејови, луѓе што палат мечеви со рука, пијани свештенеици што враќаат луѓе од смрт, и армија зомбија. Логиката у вакви работи секогаш треба да ви текне дека завршува при крај кога ќе снема лента.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Види го овој Стелт, 800 пати спомна за коњите, а единствено нешто поглупо од коњ е самиот Стелт. :boksix:

Баш што си ги цитирал тие членови што после сцената со мечката предвиделе дека ќе се деси тоа со змејот имаат онака ок и нормално размислување, и мене искрено сцената со мечката ме натера на слично размислување, не гледам проблем во тоа. Ти објасни и уште еден член за пајаците, не знам зошто натегаш околу скроз небитни работи. :facepalm: Ај жити се иди почни ја Брејкинг бед од 4та сезона па терај накај прва и не кур замарај. :kuracc:

Инаку и јас мислам дека намерно ВВ не напаѓаа цело време и дека ова со змејот е смислено сценарио на Пинџур. :D Пошо нели има моќи како Бран и веројатно предвидел дека ќе дојде Дени со синовите.

Прејака ми беше епизодава, јебига има нелогичности ама едно 700 000 пати е објаснето дека решено е да се убрзува дејството а и општо целата серија па затоа и се дешаваат вакви работи ко со Гендри и гавранот.

П.с. Дени у белиот костим е :love::love::love::love: :drk::drk::drk::drk:
За змејот дека ќе стане wight знаевме речиси сите зошто една ретарда во темава имаше ставено гиф од Висерион со плави очи и пишал ејјј замислете ова да биде (!?!?!?! кретен, па сигурно чим веќе има гиф, ќе биде тоа) а друга ретарда го имаше цитирано со soon. :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.030
Поени од реакции
11.667
За змејот дека ќе стане wight знаевме речиси сите зошто една ретарда во темава имаше ставено гиф од Висерион со плави очи и пишал ејјј замислете ова да биде (!?!?!?! кретен, па сигурно чим веќе има гиф ќе биде) а друга ретарда го имаше цитирано со soon. :facepalm:
Под мач!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Реков јас да го банирам уште кога го стави сценариото за 3 и 4та во спојлер, ама за џабе сме се бунеле, си пишал убаво дека е сценарио, буууууу Ilumious лоша.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Овој твој цитат ме однесе на страницата на темава каде јас бев еден од тие апологети. Иако за некои работи сеуште сметам дека сум во право, жал ми е што морам да признаам дека многу поенти ти се погодени, гледајќи од оваа дистанца, јас сум имал некои нереални очекувања.



Sent from my SM-J320FN using Tapatalk

Сите имавме, а тврдам дека сеуште имаме нереални очекувања. Значи сѐ погоре напишано е така од секоја гледна точка.
Можеби се навикнавме да се случуваат работи, коишто нема да ги очекуваме. Но, веќе серијата доаѓа до крајот и сигурно дека има некои очекувања, коишто се должни да се остварат и се пред сѐ очигледна работа.
Колку и да има разочарани од квалитетот на серијата, сепак мислам дека сите ќе ја догледаат. Сепак некој на крајот мора да седне на тронот или сепак не. :)
Според мене, од серииве што ги имам гледано единствено Breaking bad не падна на квалитет и си остана доследна сите сезони.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom