Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
И јас како да читав дека ќе паузираат една година ама мислев дека е кромид вест.
 
Па ако не видиме борба во 80 минути, што ќе гледаме? Само да не биде Џон и Дени лигавење пола епизода, омг, д хорор. :facepalm:
Сум приметил дека твоите желби за серијава не се исполнуваат, се обратно е, значи да очекуваме секс од 50 минути.:icon_lol:
 
2019 дури 8ма сезона. Тоа е ќе се изначекаме, треба да научи да лета Најт Кинг.
 
И јас како да читав дека ќе паузираат една година ама мислев дека е кромид вест.

Снимањето на 8ма почнува во октомври оваа година, проверена вест. Е сега изгледа ќе снимаат подолго од вообичаено па после додека оди во пост продукција одзема време и затоа се очекува да излезе 2019..
 
Снимањето на 8ма почнува во октомври оваа година, проверена вест. Е сега изгледа ќе снимаат подолго од вообичаено па после додека оди во пост продукција одзема време и затоа се очекува да излезе 2019..
Да, тоа е официјалното објаснување. Јас сметам дека сепак паузата од една година треба да се поврзе со најавата на Џорџ дека e можно две ASOIAF книги да излезат 2018-та, од кои едната е следната во серијалот.
 
Последно уредено:
Night King го има читано ликнатото сценарио и знаеше дека ќе дојде Дани, затоа ги чекаше. ;)
Или можда прочитал една намерна грешка од Vori во ДК/темава.
 
Кит со својот збунет/полузбунет израз на лице пресече низ седумте сезони ко врел нож низ путер. Нема потреба од глумење, доволно е само да го напраи тој израз.
21032492_10212483342731707_6272566456191788608_n.jpg
 
Се на се, супер епизода ама предвидливи сцени (барем за мене).

Кога го пратија Гендри знаев дека Дени ќе се појави со змејовите и дека ќе умре еден.
Кога пропадна змејот знаев дека ќе го вратат поради сцената со мечката.

Некако непредвидливоста ми е сведена на минимум за разлика од претходните сезони.

А да, сакам зомбињава да ги изедат Санса и мали прст
 
Кога пропадна змејот знаев дека ќе го вратат поради сцената со мечката.

Што има врска сцената со мечката и враќањето на змејот?

Дури и во најновото видео од ХБО после оваа епизода, и двајцата автори си кажуваат дека сакале да стават зомби поларна мечка веќе повеќе сезони, ама секогаш ги откачувале заради финансии поради CGI-то. Во оваа сезона имаат финансии на претек и удри бригу на весеље. Само се потврди она што го пишав пред некој ден - сцената со мечката е само ради CGI куропецање и ништо друго. Ниту наговестува нешто во понатамошниот тек на епизодата, нити претставува нешто што не го знаевме. И преглупа смрт за Торос.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom