Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
А овој Ренли нели беше со Роберт таму во кралството во првата сезона. Сега е посебно. Како дојде до тоа? Избега кога умре кралот? Или немаше ништо во серијата?
 
А овој Ренли нели беше со Роберт таму во кралството во првата сезона. Сега е посебно. Како дојде до тоа? Избега кога умре кралот? Или немаше ништо во серијата?
Он му е брат на кралот што умре...
 
Знам тоа. Не ми текнува дали избега од кралството кога умре Роберт. Дека сега нели посебно си е и ќе се бори за тронот.
Да, од кога умре Роберт избега со дечко му на југ, инаку дечко му е од многу моќна и богата фамилија и го подбуцна да биде претедент за тронот со тоа што му вети дека неговите поданици и фамилија ќе застанат зад него.
 
539864_10150676278607734_74133697733_9614828_2123810987_n.jpg


398776_10150676278912734_74133697733_9614834_523441725_n.jpg


303493_10150676278217734_74133697733_9614821_1059516414_n.jpg
 
Не дека е премногу важно, ама можеле некоја поубава да изберат за ќерката на Белон Грејџој.
И да, како што спомна некој погоре, забавно е да се видат теориите на оние што гледаат, но не читаат... Стварно е тешко да се воздржи човек :sneaky: и да не просере нешто.
Третата не е лоша, но јас очекувам подобри епизоди понатаму.
 
Не дека е премногу важно, ама можеле некоја поубава да изберат за ќерката на Белон Грејџој.

Епа и во книгите не е опишана како убава и женствена, баш напротив, таа е воин со големо искуство и капетанува еден од бродовите на флотата на Грејџој.
 
Епа и во книгите не е опишана како убава и женствена, баш напротив, таа е воин со големо искуство и капетанува еден од бродовите на флотата на Грејџој.
Никаде нема правило жените воини со големо искуство да не бидат многу згодни :D
 
Доста се палите на инцести бе... што народ ќе бевте... :)
 
Абе намерно не се сите глумици манекенки у серијава за да не ве деконцентрира, да можете од време на време да обрнете внимание на тоа што го зборат :P
 
Не дека е премногу важно, ама можеле некоја поубава да изберат за ќерката на Белон Грејџој.
Никаде нема правило жените воини со големо искуство да не бидат многу згодни :D
А демек татко и' и брат и' се мистер универзум, па и она да е убава, а? :cautious:
 
А демек татко и' и брат и' се мистер универзум, па и она да е убава, а? :cautious:
Види вака, не сум ниту женско, ниту хомосексуалец, за да мислам на нејзиниот брат или татко :D
 
Абе намерно не се сите глумици манекенки у серијава за да не ве деконцентрира, да можете од време на време да обрнете внимание на тоа што го зборат :P

Фала богу, у Спартакус од што има често еротски сцени неможеш да се сконцентрираш на приказната... :cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom