Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро сум убеден дека Теон ќе биде егзекуторот овде. Само на чија страна ќе биде е прашањето. Претходната сезона видовме дека го достигнал она што Арја сега се обидува да го направи, а и Грците нам според Ристо Никовски, да го изгуби својот идентитет. Сигурен сум дека Ремзи ќе го употреби него ако планира некоја далавера со Санса. Ќе се надеваме дека ако не курот, барем својот идентитет и меморија би ги повратил па ќе му зарие нож в грб на Ремзи, али тешко изводливо.
 
Исто како што го разрешија Barristan Selmy а членовите на Kingsguard служат доживотно. Ги сменија обичаите како им одговараше.

Баристан Селми го разреши кралот кој (како функција( и го прогласил за кралев чувар.

Исто како што ги масакрираа Robb и Catelyn по конзумирањето на леб и сол што им гарантираше безбедност.

Лебот и солта е обичај, не е законска обврска, како во реалниот, така и во светот на Мартин. Исто како што убиството е казниво во реалниот и во светот на Мартин, а почнувањето на војна не е (нарочно ако тој што ја започнал е и победник во истата).

Littlefinger и Bolton не се преоптеретуваат многу со закони и формалности...

Затоа Болтон чекаше кралот да го прогласи Ремзи за негов законит син, а не го направи тоа самостојно.

Уште нешто, за да правиш интриги мораш да имаш граници во кои ќе се движиш, а тие граници ги обезбедуваат законите и (во помала мерка) обичаите. Ако имаш беззаконие, по дефиниција не можеш да правиш интриги.

Третава епизода понуди она по што е GoT највеќе препознатлив а тоа се тие интриги и сојузи.

Да се согласувам со ова.
 
Скоро сум убеден дека Теон ќе биде егзекуторот овде. Само на чија страна ќе биде е прашањето. Претходната сезона видовме дека го достигнал она што Арја сега се обидува да го направи, а и Грците нам според Ристо Никовски, да го изгуби својот идентитет. Сигурен сум дека Ремзи ќе го употреби него ако планира некоја далавера со Санса. Ќе се надеваме дека ако не курот, барем својот идентитет и меморија би ги повратил па ќе му зарие нож в грб на Ремзи, али тешко изводливо.

Ова би било интересно, али не верувам. На овој скроз му е испран мозокот, а и после онаква тортура, логично е што бетер од куче се однесува.
 
Лебот и солта е обичај, не е законска обврска, како во реалниот, така и во светот на Мартин. Исто како што убиството е казниво во реалниот и во светот на Мартин, а почнувањето на војна не е (нарочно ако тој што ја започнал е и победник во истата).
Обичај е. Меѓутоа, ова е еден од оние обичаи чие прекршување е табу. Гостопримството е обичај, но е и свето. Затоа е огорченоста на Северот е најмногу насочена кон Близначките и затоа Фреј ќе извлече најмалку ќар од таа работа. Убиства, предавства, силувања и сл. рекреативни активности немаа таков ефект каков што имаше црвената журка.
Затоа Мендерли многу елегантно решава одредени недоразбирања и не прави слични грешки
 
Ремзи ќе го женат :pos: каков беше на дочекот ка прваче,муцка му ебем
Roose+and+Ramsay+Bolton+and+Roose+Wife+in+Game+of+Thrones+Season+5.jpg

ептен у друго светло го прикажаа ... ми фали оној психо од претходната сезона
ramsay.gif

али ипак стискам палци да го јаде најгадно од сите,малце варење па дерење на живо ...

Џон звер,од почеток навивам за него и се надевам дека ќе се предомисли и ќе тргне со Станис да им ебе све по список на копилињата

за Планината мислам дека овој екимов ќе експериментира со него и со таа главата од џуџе што и ја донесоа на Серси и ќе го прае нешто као тој џинот у Jack the Giant Slayer
 
Ремзи не, ама таа девојката негова мајка ќе и плачит на Санса осеќам.

Иначе единствен начит Џон да се осветит е да тргнит со Станис, и јас сакав да се десит то, пошо како председник на ноќнава стража не вервам дека ќе се дешават нешто многу со него па макар и шетачите кога ќе го нападнат ѕидот, ипак Џон е само обичен чоек, и со него и без него немат да имат голема разлика тука.. А за разлика од то да застанит на чело на Северот со Станис многу поќе мојт да излезит до израз неговава улога.. Шо ќе бидит само Мартин знајт.
 
Ohridski li e, valiriski li e?
 
Ај бе пребацете се во темата за книгите, стварно сте досадни со овие теории кои само некој што читал може да ги постави.
 
Ај бе пребацете се во темата за книгите, стварно сте досадни со овие теории кои само некој што читал може да ги постави.

Не мислев на книгите и ги немам читано.
Ако си ги гледал внимателно епизодите ќе си сфател што сакав да кажам ;)
 
Не мислев на книгите и ги немам читано.
Ако си ги гледал внимателно епизодите ќе си сфател што сакав да кажам ;)
Нормално дека ги немаш, тие што ги читале книгите не гледаат да расипат на други. Сфаќам што сакаш да кажеш затоа што ги имам читано книгите. Ама дека на луѓево тука на кои им се гледани 4 епизоди би дошле до такво нешто со мислење, не ме заебавај. Па и уште акроним дека ќе смислат...

не бидете како мали деца, се дискутираат епизодите што прошле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom