Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Северот признава еден крал, чие име е Старк - тука лежи причината поради која сакаат да се случи свадбата меѓу пореметениов и Санса.
 
Не сум баш сигурен за ова. Рус Болтон не е глуп. Знае дека единственото нешто што моментално го одржува во Винтерфел (и го одржува жив) е тоа што има организирана и поголема војска од десеткуваните и деморализирани северни кланови. Затоа и му кажа на Ремзи, премногу агресија и сила може да ги повлече овие да се здружат против нив. Поради тоа ја смета Санса за клуч за освојување на лојалност на Северот, оти ако успее Санса да помине (барем формално) преку се што Болтон им направија на Старк, сигурно и целиот Север би се помирил со Болтон како нивни владетели. Затоа мислам дека Рус ќе го заузда малце Ремзи да не прави глупости со Санса, барем додека му е потребна.

Тоа од друга страна не исклучува незгодни ситуации меѓу Санса и другарката на Ремзи, или меѓу Санса и Теон и сл.

После се` што видовме од Ремзи очекувам следната заедничка сцена со Санса да им вклучува нож, кама, шило или некое друго слично оружје или орудие. Единствено што не смее да направи е да не ја одере жива. Барем до свадбата, после тоа видовме какви работи се случуват. Додуша и Санса ја учи школата на Литлфингер, така да, ќе биде интересно. А и Џофри не смееше да прави глупости со Санса, но сепак нејзниот живот покрај него и` беше пекол.
 
Перфекција е, од четири епизоди неможете да заклучите дека ќе биде лоша сезона, очекувам наредниве неколку да бидат јаки, тек допрва следи битката за ѕидот со шетачите и плус змејовите на Калиси, па и битката на Станис, мислам дека оваа сезона ќе биде една од најдобрите акциони сезони што се снимени, јако.
 
Знаев дека оној кретенот Јанос Слинт имаше некоја улога у почетокот на серијата, па откако ја погледнав последната сцена од седмата епизода,прва сезона, сега ми е десетпати помило што Џон му ја скина главата.
 
Што сте се запнале со тоа дека Санса ја учи школата на Литлфингр? Што направи она толку паметно? Апсолутно ништо, прави се што тој ќе и каже, а тоа не ја прави итра туку пион.
 
Баш ме интересира како ќе ја мажат Санса во серијава, кога таа веќе е мажена за Тирион, го конзумирале тие бракот или не.
Да раскине брак во Вестерос може само врвниот свештеник или некој негов претставник, а тој тоа не го направи, така да Санса е легално и полноправно сеуште мажена за Тирион, а тој барем официјално сеуште не е мртов.
 
Јас мислам дека северот никогаш нема да се покори на Болтон, па макар и Санса да е жена на психопатот. Фацата кога прв пат ќе го види Теон ќе биде priceless.

Очекувам дека Литлфингер има некој план да му забоди нож во грбот на Болтон сениор
 
Последно уредено:
Знаев дека оној кретенот Јанос Слинт имаше некоја улога у почетокот на серијата, па откако ја погледнав последната сцена од седмата епизода,прва сезона, сега ми е десетпати помило што Џон му ја скина главата.

Да не заборавиме и дека типот колеше бебиња. Одамна чекав да умре, сега се израдував кога главата му се истркала како зелка.

Баш ме интересира како ќе ја мажат Санса во серијава, кога таа веќе е мажена за Тирион, го конзумирале тие бракот или не.
Да раскине брак во Вестерос може само врвниот свештеник или некој негов претставник, а тој тоа не го направи, така да Санса е легално и полноправно сеуште мажена за Тирион, а тој барем официјално сеуште не е мртов.

Пошто на северњаците многу им е битно свештеник на Седумте што ќе каже или направи (y)
 
Баш ме интересира како ќе ја мажат Санса во серијава, кога таа веќе е мажена за Тирион, го конзумирале тие бракот или не.
Да раскине брак во Вестерос може само врвниот свештеник или некој негов претставник, а тој тоа не го направи, така да Санса е легално и полноправно сеуште мажена за Тирион, а тој барем официјално сеуште не е мртов.
Исто како што го разрешија Barristan Selmy а членовите на Kingsguard служат доживотно. Ги сменија обичаите како им одговараше.

Исто како што ги масакрираа Robb и Catelyn по конзумирањето на леб и сол што им гарантираше безбедност.

Littlefinger и Bolton не се преоптеретуваат многу со закони и формалности...

Третава епизода понуди она по што е GoT највеќе препознатлив а тоа се тие интриги и сојузи.
 
Мислам дека Болтон ќе биде убиен од страна на Ремзи, моментот кога го призна за свој син си го потпиша смртниот документ. :D
 
... Единствено што не смее да направи е да не ја одере жива...
Значи, мора да ја одере жива. не?[DOUBLEPOST=1430215132][/DOUBLEPOST]
Мислам дека Болтон ќе биде убиен од страна на Ремзи, моментот кога го призна за свој син си го потпиша смртниот документ. :D
Могуче, али ако тоа го напраи ќе се заебе. Мислам дека и на него му е јасно дека он нема капацитет да се справи со комплицираната ситуација на Северот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom