Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Само едно нема логика е тоа е зошто ако веќе прават напад да го тестираат ѕидот фрлаш на истиот најдоброто што го имаш ( џиновите ) а и нападнаа само на толку мал дел.Нема никаква логика зошто остатокот од војската не би пробал да помине преку ѕидот на истото место каде поминаа овие диверзантите.Впрочем логично би било да се пратат луѓе на целиот ѕид за да се проба да се најде дупка во одбраната.

А и за тие што дискутираа претходно,не користиш џокер како напад од позади грб кога правиш само пробен напад,

Не е лесно качувањето по ѕидот, тие 50-тина души беа ептен јаки момци (и Игрит) а и тие со многу мака се искачија, всушност најдобар начин за освојување на ѕидот е баш тој, праќаш неколку најдобри воини преку ѕидот, го заземаш замокот и ја отвораш портата од другата страна.

Она што Дивјаците можеа а не го направија е да ги нападнат останатите два функционални замоци на Nightwatch кои имаат тунели, но тие се веројатно потешко достапни а и очигледно е дека Менс Рејдер сака да удри во срцето на непријателот, со освојувње на Caste Black да го уништи Nightwatch, за после да му биде целосно отворен патот кон Северот, а и кон останатиот дел од Вестерос.
 
Мислам дека знам кој ќе го сретнат Арја и Кучето следната епизода.

4xuuxcf.jpg
 
А и за тие што дискутираа претходно,не користиш џокер како напад од позади грб кога правиш само пробен напад,
Па не беше баш пробен напад, Менс рачунаше на Тењаните и Тормунд дека ке го освојат Црниот Замок со нападот од јужна страна додека они од север прават диверзија.
Гледаше да жртвува што е можно помалце луге со диверзијата, да не изгинат многу додека овие од јужна страна го превзимаат замокот, но ете, не му искочи по планот.

Сега Менс сигурно е многу љут а изгуби само 3% од армијата додека NW од тие 102 изгубија 40-50% :D
Како и да е NW нема шанси, си го знаат тоа а и Менс многу добро знае.
 
Последно уредено:
А чек, Ноќните Шетачи и Менс Рајдер не се заедно?
 
Ако може некој да ми прати листа на сите кои загинале до сега во серијава.
 
Сите тука воени стратези сте станале, поиграјте ја Стронгхолд, па после зборувајте за како се освојува замок, башка овој има неуништлив ѕид 100м висок.
 
Последно уредено:
Сите тука воени стратези сте станале, поиграјте ја Стронгхолд, па после зборувајте за како се освојува замок, башка овој има неуништлив ѕид 100м висок.

:facepalm:

Ама ти е споредбата добра... демек со играње Стронгхолд се станува воен стратег за освојување замок. Сакате реализам за освојување замок, а во исто време имате ебени ЏИНОВИ од по 4 метра. Толку од реализмот и било кои логични стратегии за освојување на еден замок. Да беше реално ќе им текнеше на двата џина уште одма да ја дигнат капијата и ќе се узнаеја и Џон и Оли, а не да се глупираат со јажиња и сл. И не викајте не биле толку паметни да им текне, а беа паметни да пробаат со јажиња да ја извлечат со мамутот. Колку и да си глуп многу е пологично кога ќе дојдеш пред една врата/капија да пробаш да ја дигнеш, а не да ја влечеш. Ама да беше така реално... епизодата ќе траеше 10 минути.

Плус уште една нереална работа - откачија волкаво сидро само за 3-4 луѓе кои беа БАШ на иста висина во качувањето. Можеа лесно да ги симнат со стрели, не беа 50 луѓе кои се качуваа. Али добро, ефектна сцена како и да е...

П.С Ѕидот е 200м
 
Последно уредено:
:facepalm:

Ама ти е споредбата добра... демек со играње Стронгхолд се станува воен стратег за освојување замок.

П.С Ѕидот е 200м
па исто како што се станува врвен фудбалски менаџер со играње Фифа или Фудбал менаџер :D
 
Мене едно нешто ме буни. Нели овие што напднаа ( не им ги знам имињата :( ) го имаа искачено ѕидот? Зошто тогаш борбата се одвиваше во подножјето на ѕидот? Се вратија назад? И побогу зошто некој би правел напад диверзијата, со многу мал број на војници и притоа би се обидел да руши некоја си врата? Која е поентата да нападнеш тврдина со 1% од војската? Да ја тестираш одбраната? Лол работа....

Вака, вратата низ ѕидот кај Црниот Замок се отвора од страна на замокот. За да се помине ѕидот, многу полесно е да се завземе Црниот Замок, и од таму да се отвори вратата.

Многу јако изработена битката, најака визуелно изработена епизода можеби од сите серии во историјата кога станува збор за битка и CGI.

Колку што разбрав, во оваа епизода има многи помалку ЦГИ, а многу повеќе маскирање и аниматроника.

Менс не знаеше за бројноста но сепак не го свати здраво за готово Џон кога му кажа дека се огромна бројка.

Луѓе бре, Менс е излезен од Ноќната Стража пред само околу десет години. Навистина верувате дека Менс не ја знае состојбата во Ноќната Стража ?? Навистина не знае дека ги нема повеќе од неколку стотини, и дека само три замоци се поседнати со луѓе од Ноќната Стража ???

Менс не ги испрати едни од неговите најдобри воини (Тењаните, кланот на Тормунд и остали) да нападнат од јужната страна за да изгинат, он рачунаше на тоа дека ке победат и ке ја отворат портата додека он прави диверзија од северната страна.

Како што реков, нивна главна задача е да го завземат замокот и механизмот на отварање на вратата преку која се поминува низ ѕидот.

Исто треба да се напомене дека не се сите 100.000 воини, има многу жени, деца, старци...

Многу битна работа, со Менс одат сите племиња со него, и воини, и домаќинки и деца, и старци и способни и неспособни, заедно со сиот нивен имот, подвижен или неподвижен.

Сите тука воени стратези сте станале, поиграјте ја Стронгхолд, па после зборувајте за како се освојува замок, башка овој има неуништлив ѕид 100м висок.

Не се согласувам дека ова беше добра епизода.

Прво, која будала би се нафатила алпинистички да се качува по ѕид од мраз висок 215 метри, а при тоа да го гаѓаат со стрели, камења, буриња и што уште не. Боже мој, доволно е некој да се помоча од горе, па да ги убие тие што се качуваат, бидејќи додека мочта падне до доле, ќе замрзне.

Второ, џиновите се високи околу четири метри. Со која логика еден џин влегува низ ходник и се движи нормално ?? Тоа би значело дека ходникот е висок барем шест метри. Зошто некој би правел така висок ходник, кога нешто што е највисоко што поминува низ него е човек на коњ, кој не е повисок од две и пол метри.

Трето, како можеа Тењаните и луѓето на Тормон да ги видат пламењата на останатите луѓе на Менс, кога помеѓу нив има ѕид висок 215 метри ??

Четврто, која бидала ќе трча накај ѕид висок 215 метри, а при тоа го гаѓаат со стрели, а да не носи барем штит за да се заштити од тоа ??

Има уште многу глупости кои ги прикажаа во оваа епизода, ама верувам дека и со ова многумина изнервирав, ама моето мислење си е мое мислење. :)
 
Сите тука воени стратези сте станале, поиграјте ја Стронгхолд, па после зборувајте за како се освојува замок, башка овој има неуништлив ѕид 100м висок.

Ѕид од мраз е било што освен неуништив. Дај им доволно време, и змејовите на Дени ќе го стопат во мало плитко езерце.
 
Трето, како можеа Тењаните и луѓето на Тормон да ги видат пламењата на останатите луѓе на Менс, кога помеѓу нив има ѕид висок 215 метри ??



Преку утката видоа. :D

Никого не изнервира, туку напротив секое мислење е добредојдено
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom