Ме бендиса делумно епизодава, борбите беа супер, ама пак нелогичностите беа претерани во однос на бројноста на двете страни и тактикава за напад, а капак на се е мозокот што го немал џорџ мартин кога го пишувал овој дел(освен ако не смениле нешто режисериве).
Има мноогууу МНООООГУУУУУУ измени од книгите.
Ако сакате утре би можел да ги побарам поглавјата и да ги поставам како датотеки во .пдф формат (само до моментот до каде е тековно серијава, т.е. нападиве на ѕидот).
П.С.
Морам ли да кажам дека во книгите е многу пологично поставена целава ситуација ??
Па тие дивјаците шо гаѓаа нагоре ништо не погодија, ни до пола на ѕидот не ја фрлија стрелата, само џинот кога стрелаше нагоре растур напрај.
Што растур направи, погоди еден од бранителите. Во меѓувреме овие од ѕидот можеа да го наполнат со стрели, само тоа не беше во сценариото.
Инаку многу се фаќате за ситници за научно фантастина серија, што е следно? Немало змејови и џинови во средниот век?
Што да кажам, ми сметаат нелогичности, а оваа епизода беше полна со нив.
И не го напаѓа ѕидот на повеќе места пошто ем неможи да поминат сите дивјаци пошо тунелите се блокирани,
Точно заради тоа не напаѓаат на повеќе места. Да се само воини во прашање, би можеле да се качат преку ѕидот на повеќе места, ама со нив се и нивните фамилии со сета покуќнина и животинките што ги одгледуваат.
Кој будала би се нафатил да се качува 215м ако го гаѓаат со стрели? Будала шо го бркаат white walkers and all kinds of shit north of the wall.
Внимавај, се додека се групирани, Белите Шетачи нема да ги нападнат.
Сеуште не е јасно зошто белите шетачи ја нападнаа поголемата група од Ноќната Стража на Тупаницата на Првите Луѓе, ама тоа е единствен случај кога Белите Шетачи нападнале поголема група на вооружени луѓе.
Па сега, дали некој ќе погине од страна на Белите Шетачи, или од страна на Ноќната Стража, и не е многу битно за погинатиот.
