Не ги мешајте Wildlings со White walkers.
Значи Wildlings се обични луѓе, смртници, кои не по своја вина се наоѓаат на другата страна на ѕидот, истиве луѓе живеат таму без никакви закани од кралеви, без закони, без монетарна економија, без ништо, единствено со законот на посилниот.
Е сега, многу посеверно од нив се наоѓаат овие White walkers, тие се умрени недоумрени, се дигаат од мртвите и стануваат армија. Лидер немаат, тоа се зомбија што само се движат на југ за да го освојат контитентот во текот на долгата зима, и да се задржи зима до крајот на светот.
Е сега движејки се на југ, White walker ите прво се судираат со wildlings от кој живее таму до ѕидот. Затоа и овие бегаат на југ(види пример Оша). Манс Рајдер или кралот позади ѕидот, собира војска да го урне ѕидот, за да можат да пребегаат сите на југ да се спасат.
Тука и ја се двоумам, уште го немаме сретнато Манс да ја откриеме неговата намера, дали собира војска за бегање или собира војска за спротиставување со White walker ите.
Еден другар ми спомна како идеја што е ептен луда, а може да се покаже и точна, шо знам, дека Бенџен Старк е уствари Манс Рајдер.
Е сега ми доаѓа уште една работа на памет, Сем(дебелкото) беше на југ, појужно од Џон, како Сем прв се сретна со овие, а Џон воопшто не, дури ни големата војска што ја видовме на Манс Рајдер во еден кадар, не беше во никаква битка, не ми е јасно како поминале преку ова, и стигнале до Сем.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 01:17 ---
Исто некој спомна дека овие биле спори.
Еве што е финтата, тие спорите не се White walker тие се Wight.
Значи White walkerite кога ќе ги допрат(или незнам што) мртвите ги претвораат во Wight умрените, и ги конвертираат во зомби како што ги видовме. Видете ја разликата од умрените и white walkerite, тој на коњот беше White walker, не му скапуваше месото, имаше целосно тело и беше агилен, а другите едвај одеа, се тегнеа по снегот.